Најпрвин нека ни е честит празников. Ова е прв пат да не бидам дома со мојте на овој прекрасен ден, да не го вртиме мазникот заедно. Интересно беше и годинава, јас на скајп преку камера си одбирам парче, се навидум исто како да сум таму, но не е исто... Па уште и мене ми се падна парето. Во моментов имам 1000 измешани чувства, среќа, тага, носталгија....Не знам ни што да напишам, само се пулам во тастатурава. Уште еднаш нека ни е честит празников, и не бидете нервозни или лути оти треба дома да седите, или има живост на улиците од коледари. Камо сега јас да сум дома и да ја чувствувам таа магија. Ајде, се за подобра иднина, се заради тоа се прави. Ретко се отворам но денеска едноставно тоа е посилно од мене. Овде се одјавувам, лека ноќ феминки.
Минатата година паричката се падна кај мене, по не знам колку години...и да ви кажам искрено таа година, баш напротив ми се случија мнооогу неубави работи . Оваа година кај татко ми и се надевам искрено дека нему годинава ќе му биде среќна и бериќетна!!!
Најпрвин среќни празници на сите Кај сестра ми се падна, нека и е со среќа, ај може некоја година и кај мене ќе се падне
Патичката отиде кај татко ми, се надевам дека и годинава ќе му биде бериќетна како и претходнава Останува да се надевам дека наредната година ке се падне кај мене, па веќе нема смисла........
во официјалното лепче кај мајка ми а во благото кај татко ми, на мајка ми и е редод таа започна нов бизнис нека ја биде, само напред мамичке!!!!
Честит празник, нека е среќна и бериќетна годината, само здравје, среќа и успеси да не пратат сите нас. Мене ми се падна паричката, ептен се израдував
Кај нас во Господ...посакувам сите да имате пред се здравје, потоа љубов, среќа, успех...Христос се роди! Навистина се роди! Среќен Божиќ!