Паричката се падна кај мајка ми. Ние ја ставаме паричката да преноќи во чаша црвено вино и утредента на тој што му се паднала паричката си ја става на скришно место,е сега тој си избира дали ќе ја носи со себе или ќе ја стави на некое друго место.
паричката во мене дајбоже здравје на сите и некој интересна поголема дешавка за паметење да ми ја одбележи годината
Kaj татко ми, нека го прати целата среќа на светов! Бидејќи имав доста лоша година, сабајлето на Бадник си посакав онака спонтано паричето да е во мене, не дека верувам нешто посебно во тоа, туку ајде си викам некој знак да биде тоа за подобра година.Ма какви, кога ми се случило тоа што сум посакала, па и сега. На сите вас во кои оваа година се падна паричката ви посакувам истата да ви биде скапоцена амајлија овие дванаесет месеци и само радост да ви донесе!
кааааааааааај мене, конечно после долго време.. нека оваа година да ми донесе мн мн љубов, среќа и здравје
Кај мене се падна паричката оваа година!Нека ми се угоди,да ми биде среќна,да ми донесе многу радост,здравје,среќа,успех и многу парички!Навистина сум многу среќна,многу ми ја разубави вечерта!
Паричката се падна кај мене, минатата година исто така се падна кај мене. Ако продолжи по истиот редослед наредниве неколку години ќе почнам да се посомневам дека постои некое битие кое намерно ми го прави тоа,иако сум атеист, и си ја бие шегата со мене