Како што ти тврдиш дека се прави на Василица така и други трвдат дека се прави на Бадник. Така да немора да значи дека баш ти си во право!
@Black girl @ocicka2014 Еве зошто се прави тоа за Василица, затоа што така треба, затоа што си има тоа своја историја а не затоа што така се обичаите во западна Македонија или затоа што ние така сме слушнале и така знаеме. Еве, прочитајте која е историјата позади паричето за Василица и кажете која е вашата историја позади кршењето лепче со паричка за Бадник. http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_type=pouchni_slova&action=details&record_id=53
Од кај да знам поточно што како. Јас како што знам за Бадник е. Скоро сите така прават. Нема сега за тоа да се натегам .
Не знам зошто толку многу се напнавте за ова, па и линкови барани за поткрепување на мислење и што ти јас знам; што има врска тоа, традиции. Еве јас ќе ти ја кажам мојава историја, без линкови: кај мене се крши за Бадник бидејќи така прави мајка ми, така прави мајка и, така правела нејзината мајка, и нејзината мајка, и така генерации наназад, уште кога живееле во село на планина, отсечени од останатиот свет, и кога немале многу опширни познавања за други места и други обичаи. Според нив, на тој празник се правело лепче со паричка, па така во нашето семејство се задржал тој обичај и до ден-денес. А за приказнава за Св. Василиј и златниците, и ние ја знаеме, ама пак не правиме за Василица; всушност, Василица и одбележувањето на оваа нова година никако не ја славиме. Пак ќе повторам, зависи тоа од место до место, како останале обичаите, и никоја тука нема за право да суди дали нешто е правилно или не, кога се работи за вакви нешта.
А битер што толку стварно се напнуваш. Не е работата како сакаме, туку еве во мојата фам па и кај маж ми така останало