Kaj nas vo familija sekogas se pravelo na Vasilica , pa taka i godinava . Inaku kaj sestra mi se padna za prv pat voopsto ( bez onie "mestenki " ) od majka mi i baba mi porano koga sme bile deca .
А јас не знам вие кај видовте дека се напнав. Јас само сакав да ве поучам, но ако вие сте запнале за вашата традиција, добро, терајте ја таа измислена традиција. Паричка за Бадник... благе везе нема ама добро, ајде, така правеле вашите предци. Ај јас да измислам нешто денес па да продолжат моите поколенија да го прават тоа, нема логика. А најјако е баш тоа кога некој ќе праша Зошто тоа го правите, од каде потекнува и одговорот е НЕ ЗНАМ, МОИТЕ ТАКА ПРАВЕЛЕ.
Добро, еве тебе ќе те послушаме и ќе правиме сите за Василица. И темата е кај кого падна паричката, а не да исправаме ние зошто, што и како. Има што прават за Бадник, некои за Василица. Секој си тера како што почнале ПРЕДЦИТЕ. ДА, ПРЕДЦИТЕ, ќе го потенцирам и јас тоа. Толку.
Бог да чува, ние само прашавме зошто тоа го правите за Бадник а вие не знаете што да кажете па на ваков начин се вадите... Ајде поздрав, Господ нека ви помогне.
Темата е кај кого се падна паричката, а не зошто се прави тоа за Бадник. Ако сакаш да знаеш зошто луѓето прават за Бадник, отвори посебна тема, па прашувај, постирај линкови и коментирај. Ти почна овде со линкови и дека требало вака-така. Не суди кој како прави. Ќе ни помогне Господ на сите, не се секирај
Еве не знам, ама јас мислам дека секоја традиција мора некогаш и некаде да била измислена и да отпочнала. Ама тоа изгледа јас само така мислам. И многу е цинично твоето потсмевање во делот, цитирам: „не знам, моите така правеле“. А ти обичајот кој го тераш, не го тераш зошто твоите предци така правеле па те научиле на тоа? Еве пак не знам, збунета сум. Прашавте зошто го практикуваме ова за Бадник, никој не се вадеше од ништо зошто нема никаква логична потреба за вадење па искрено одговоривме, а наидовме на потсмев и иронија околу „продолжете да си терате измислени традиции и не одете оф-топик“. Тотално невкусно. Не знам дали си чула или прочитала или како и да е, ама во секој крај на земјава има различни мислења и традиции, не е секаде исто, па сите тие традиции се почитуваат еднакво. Едно што и понатаму не ми е јасно, е тоа како некој си зима за право да кажува која од сите тие традиции е вистинска а која „измислена“, и да пресудува со доза иронија кој што да прави, и кому Бог да помага или не. Смешки. Ајде да не сум оф-топик до толку, нека ви е среќна и берикетна годината на сите на кои ви се падна паричката, без разлика дали лепчето го кршевте на Бадник или Василица.
Во право сте, вие го правите тоа заради традиционалните, а не верските обичаи. Простете, ете ги помешав овие две нешта.
Едни предци вртеле паричка за Бадник, други предци за Василица. Нема врска кој која традиција ќе ја следи. Која повеќе му се свиѓа, таа ќе си ја следи. Господ и онака ниту едното, ниту другото не го заповедал. Сите традиции се од обични луѓе измислени, обични луѓе од крв и месо, грешници како нас. И тие традициите што имаат некоја поубава приказна зад нив, и на нив обично се додавале некои работи, се шминкале, се преувеличувале. Можеби ти нема да измислиш нешто за да го прават тоа твоите поколенија, но затоа пак ти следиш нешто што измислиле твоите предци. Тоа е карактеристично за традиционалните религии како католицизмот, православието, исламот и сл. Сите овие се отворена листа на традиции кои се создавале низ вековите и ќе се создаваат понатаму. Некој мора да ги измисли традициите. Некаде мораат да имаат почеток тие. Некои се порано, некои подоцна и тоа е тоа Не си ги помешала ти. Тие во православието се од неразделив карактер уште од самиот почеток на православието. Тоа е традиционална вера и како таква традициите се дел од неа.
Ептен ја развлековте работава Кажете кај кого и готово..не мора секоја тема да ја уплескаме.. Кај мене се падна, редно беше мислам..после пола живот
Во Скопје, а и претпоставувам во другите северни градови, се прави на Бадник, а во јужните/западните, на Василица. Исто и во Грција, а во Србија на Бадник. Чисто ради традиција. Кај нас се падна во делот за Господ, викаат тоа носи среќа за сите.
Прв пат до сега делиме делче за Господ, демек таков бил обичајот, па падна кај него. Изгледа е знак дека треба да почнеме да веруваме во него ... или да го откажеме Бадник @LollySky во Србија традицијата е на Василица, паричка во пита.
Во Грција прават исто за Василица, стсваат паричка во блага погача.. така да нареден викенд таму ќе сме.. Иначе кај син ми се падна да не сум оф топик иако веќе кажав во друга тема