Колку се смеев, се враќав од продавница и слушам една комшика и раскажува на друга Кај Алфа се падна паричката, а Алфа е кучето И мене,како на Алфа ми се падна паричката
Кај дедо Боже. Втора година по ред. Што да кажам... татко ми јас попи*дивме некое време... Ама ни помина.
Од пуста среќа (бидејќи досега па и не ми била баш наклонета) трет пат на форумов ќе се пофалам - кај мене!
Кај мене се падна, ах колку само се надевам дека навистина ќе имам среќа. Годината започна баш онака како што си замислив, е сега ќе видиме
Kај керка ми,сама си зеде од лепчето,јас накршив и ставив во длабок сад,и таа со рачето си го зеде буцка мала а мене не ми паднала паричката од 2007
Одкаде што потекнуваат мајка ми и татко ми,во тие краишта паричка се става во зелник на Василица.Ама јас и сестра ми кога сме биле мали сме сакале да имаме двапати во годината паричка и сега мајка ми прави лепче за Бадник и зелник за Василица. Инаку се падна кај Господ кај нас.Како што рече мајка ми тој е за сите нас.
Падна кај саканиот мој. Му посакувам многу срека оваа година, и многу убави моменти. Да има пола од тие јас што ги имав лани, кога ми се падна паричката, ќе бидам најсреќна!
Кај мајка ми и многу ми е мило што и се падна на неа. Долго време не и се паднала паричката, а и заслужи жената да има повеќе среќа.
Лани ми се паднаа паричките и наБадник и за Василица и оваа година ми се падна мене паричката-навистина ми треба срекичка да си најдам една нормална работа, да си продолжам со студиите-да си го средам животот а за Василица ке видиме кај кого ке падне паричката.
Не се сеќавам од кога не сум ја добила паричката Кај мене е годинава, и мнооооооооооогу сум среќна, за малку ќе ја голтнев, забите ми скрцкаа на тоа пусто 10 денарче метално И, има тестенце на него, пари ќе има Леле колку сум среќнаа, леле леле
Синоќа каде што бевме собрани ми се падна менееееееее нананан а денес за ручек дома ќе вртам пак, па ќе видиме
Во свекор ми се падна, всушност кога го скрши лепчето, паричката излезе и така требало кога се гледа на тој што дели да се даде