Ееее Георгина цел ден спремаше за трпезата да биде богата,море гравче-тавче,риба,па колачи,па посни салати со туна,па компири вари....за на крај паричето да ми го лапнат пред нос! Се шалам,на дечко ми му се падна,нека му ја донесе најголемата среќа...упс веќе му е донесена (јас) нека ми е здрав,жив,паметен и се по ред.А јадничето најголемо парче ми даде мене,демек да ми се падне неприметно (отпосле ми кажа) ама не за кого е речено,ами за кого е печено
Во куќата,исто како лани.Само ми беше криво зошто прво си го одбрав тоа парче па се премислив...а тоа таму да ти била паричката Ама ако,на сите нека ни биде со среќа
На Бадник кај мене,иако појма немавме дека мајка ми вметнала паричка во лебот...А денес во парчето комад за брат ми ...Иако живее далеку преку барата,ние секогаш си двоиме едно парче за него.И многу ми е мило!Дај Боже среќа годинава да има на претек!
на Бадник паричката се падна кај мене... кај нас не си одбираме парче, туку најстариот член (баба) го дели лепчето на два дела.. од првиот дел прво си крши за себе, па за татко ми, па мајка ми, па брат ми, мене, па за куката а од вториот дел се дели на Господ, па почнува од најмалиот член.. по правило требало и од двата дела да се почнува од најстариот член, ама за да не се лути најмалиот ние вака го делиме
Кај нас не ставама паричка за Бадник, само за Василица. И кај мене се падна паричката и одма си добив други пари
повторно кај татко ми и за Божиќ и за Василица многу среќа ќе има годинава ))) со среча нека ви е на сите што ви се падна
На Бадник кај сестра ми, кај мене се има паднато еднаш или два пати само но затоа за стара нова година кај мене се падна
Се падна кај брат ми, на мое големо жалење. Али ќе ми помине лутината до наредниот Бадник, мора да има местење тогаш, морааа.
хух како мала знам дека еднаш или можеби двапати ми се паднала паричката, сега дали било наместено или не стварно незнам а ја имав таа среќа и чест и лани и годинава по вторпат ( иако вооопшто не очекував дека повторно ќе се падне во мене) мене да ми биде најсреќна годината...и навистина тоа многу ми значи и го чувствувам како сериозен предзнак за добра година бидејќи сум голем верник