Јас како што знам паричката се паѓала таму или на оној на кој му е најпотребна среќа, сила... таа година. Како мала ми ја местеле паричката дека дете да се радувам, минатата година ми падна паричката на мене и на вистина ми требаше најмогу, таа година почина мајка ми.
Последен пат кога падна кај мене ,беше за бадник 2007 година , година на милион промени кои ми се случија ,за мене негативни ,а моите домашни ги интерпретираа како позитивни ,дури со особена радост и олеснување. Во моментот кога ја здогледав паричката во моето лепче се прерадував ,си мислев којзнае каква среќа ќе ме следи ,а само недела дена подоцна почна пеколот. Таа година напуштив се што некогаш ме претставувало како едно социјално суштество и се преобратив во нешто ново и чудно. Ми требала среќата ,но кај отишла ?
Последен пат паричката ми падна во 2006 година ( и таа година навистина ми беше многу среќна година, почнав да идам со дечко ми таа година, и таа година почнав со спортот-каде што успевам и градам прекрасна кариера) Инаку дедо ми (на татко ми татко) секогаш дома и за нас си крши по едно парче, и последните две години во моето парче имало париче јас сметам дека во своја куќа е најубаво да ти се падне париче, но неможам да се пожалам дека и последниве две години ми биле лоши
Да не испаднам јас сега овде некој "партибрејкер" , ама нели тоа паричката во лебот се бара за Стара Нова година? Барем кај нас е така... А и владиката Стефан кажа нешто слично пред некоја година, дека тој обичај е суеверие и датира од предхристијанско време. Затоа нема врска со Бадник. А и така е пологично, паричката се бара за здравје и просперитет во Новата година. Нека не ме протолкува сега некој погрешно, онака само изнесувам сознанија и став. Ние традиционално на 13-ти вечерта ја бараме. И секогаш кај мене се паѓа (не ми ја местат ) ама пак јас не верувам во тие работи. Онака интересно ми е, традиции и сето тоа, ама верување, не.
и кај мене падна две три години со ред,од дома и кај баба ми ,ама пуста среќа никако ја немат.. знам баба ми редеше 5 денарка, едно стапче демек на тој што ке му падне стапот овчар ке станел (како помала ми се падна стапот и се радував дека ке бидам овчарка демек овци ке сум чувала ...детее )
Е ние дома и на Бадник и на Василица месиме лебче и кај мене се паѓа паричето. Некогаш ќе ми кажи мама некогаш сама си го наоѓам. За бато и тато ништо. Не мене појќе дека ме сака мама туку брат ми кога се прибрал дома пак за париче
[СДК] Сакам да кажам... СДК дека и оваа година паричката се падна кај брат ми.. again Hahaahahhah Нека му е со среќа
[СДК] Сакам да кажам... Леееј па рано вечерата бе вие. Ние уште баницата не сме ја испекле Нека ти е со среќа Annie.mk1
[СДК] Сакам да кажам... Паричката се падна кај менееееееееееее Ама да бидам искрена кога се пага кај мене не ми е баш убава годината. Како и да е, се надевам тоа ке се смени оваа година
[СДК] Сакам да кажам... ПАРИЧКАТА НЕ СЕ ПАДНА КАЈ МЕНЕ се падна кај татко ми ај нема врска важно он да е жив и здрав
[СДК] Сакам да кажам... Спојлер Јас сум среќничката во нашата фамилија оваа година и кај мене се падна паричката. Happy А освен паричката се изненадив и со прекрасната анализа.. Се на се убав ден. Останете ми поздравени,насмеани и со полни мешиња. (моето мешенце ќе препукне )
[СДК] Сакам да кажам... ... аманте бре луѓе, секој ден ли во 4 вечерате? Само гледам паричката, паричката, а-у, паричкатааа. Кај мене на Фб или лажат, или на 90% им се паднала паричката или па во секое парче ставаат паричка. Нема друго чаре.
[СДК] Сакам да кажам... Паричката не се падна кај мене. Којзнае од кога.. Сестра ми ја имаше таа среќа нека е жива и здрава и помалку нека ме нервира . И да и денеска кажав неколку “солени“ шали пусто смешни ми се се смеам како зелена.Господе прости ми.
[СДК] Сакам да кажам... како и секоја година от кога памтам за мене ни еднач не се паднала паричката кај мене па зошто така ??
[СДК] Сакам да кажам... Се надевам дека паричката оваа година ќе се падне во мене ... последен пат коа ми се падна јас бев 4то одделение ( и тогаш местено беше) и друго утре е роденден на моја поранешна најдобра другарка ... пу колку сакам утре да ја гушнам ... на моменти стварно ми недостасува
[СДК] Сакам да кажам... Мене од кога престанаа да ми ја местат паричката,ми се нема паднато Така да не верувам дека јас ќе бидам среќничката сега ..освен ако не ми наместат
[СДК] Сакам да кажам... Јас не спаѓам во "игрите на среќа" , т.е. не вртам паричка. Like a boss. Како и да е среќен празник на сите православни христијани и честитки до сите оние на кои им се падна паричка и уште многу такви парички да им се паѓаат оваа година. И на тие што не им се падна паричка најискрено и од срце им пожелувам да им се паѓаат повеќе парички оваа година, па економска криза е