Ние завршивме со вечерата. Накај 18ч почнавме, рано, ама ако. А паричката се падна кај...мама. Можеби оваа ќе биде нејзина година. И нека биде! Ви посакувам весели Божиќни празници!
[СДК] Сакам да кажам... Паричкаатааааааа не ми се падна на мене. Од кога престанаа да ми ја местат, немам „среќа“. Ниту ми затребала. На мајка ми и се падна, а и ќе и треба со оглед на тоа што ќе отвара дуќан за некој месец. И, може да се каже дека Синтија е привремено сингл. Ама само привремено.
Кај мене дома се се слави. Ние сме расположени сите празници да ги славиме. Спојлер Мајка ми е католик-си правиме и католичи Божиќ, со торта дома и обавезно гости, најблиски на благо,а кај вујко ми на вечера за цела фамилија. Јас татко ми и брат ми сме православни,но сите пак си славиме Бадник со паричка (што впрочем откако престанаа да ми ја местат, не ми се паднала). Оваа година се падна паричката кај брат ми. Му посакувам да му е среќна и бериќетна. Мене доволно ми беше што ми е што сме сите расположени, и на куп, собрани во прекрасна фамилијарна атмосфера. Кај баба ми правиме повторно на 13-ти. Е таму има шанси да ми се падне паричката, но не се бунам, нека му падне на тој што највеќе му треба среќа. Сите си прават кој како сака, тука за мене нема правилно ова било, не правилно ова било. На крај краева, се додека сме цела фамилија заедно живи, здрави, среќни и весели, не постојат правила.
Мене никогаш до сега не ми се паднала паричката дури ни како мала не ми ја местеле да се радувам сега незнам уште не сме го кршеле лебчето па којзнае можеби ќе ме израдува Среќни Божиќни празници нека ни донесат многу здравје пред се и среќа...
[СДК] Сакам да кажам... Морав да се самоцитирам. Не сум нормална која интуиција ја имам. За првпат во мојов живот ми се падна паричката. Ајде за арно нека е. Ќе ми треба среќа
[СДК] Сакам да кажам... И јас морам да си се пофалам, паричката и оваа година се падна кај мене и стварно сум пресреќнааааааааа а и на сите други на кои им се паднала им посакувам многу здравје и среќа
[СДК] Сакам да кажам... Паричката е во менееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееее па здрава и жива во Август да ми играте сите на свадба
[СДК] Сакам да кажам... Дедо вика ќерко само душата нека ти биде чиста, за јадењето Господ нема да ти земе за зло. е сега, можеби така вика да ме утеши, дека еден ден не успеав да испостам и ја бутнав муцката во тепсијата со баклава и сосем изумив дека баба мрсна ја направи затоа што повеќе ја сакам, а можеби и стварно е така па како што вика дедуле. Ние лебче со паричка правиме на Василица сосе роденденот на другиот дедо и ѓомити по прилепски, ама купивме и денес едно купечко лебче ради скопски адет, па кај брат ми се падна. Кај мене не паднала од годината кога се запишав на факултет. Тоа ќе му дојде прехлани. Нема врска, кај кого и да е за убаво нека е. Па и јас читкам на фејсбук 943483984930 статуси ама некако сум во супер расположение, и не сакам да мрчам, а сметам дека нема ни потреба. И тврдам дека преовладуваат статуси од типот лелеее ајде сега сите за паричката, лелее аманте, леле ако почнам хајд да стискам. Епа леле, тоа е ... Јас баш напротив си мислам колку може да предизвика среќа една обична паричка најдена во лебче... ама не за џабе сите сме различни. И кај вас што паднала, и кај оние што не паднала се исто, бидете среќни, имајте здравје и мир, љубов ... другите работи во животот ќе си дојдат како и да е, само што треба да вложиме помалку или повеќе труд. Зависи. А секогаш зависи од нас самите. Тоа е кругот на животот. Чуден а толку прекрасен ... Утре е Божиќ. Христос се роди.