Кај мене конечно, после неколку години заобиколување! Среќна сум! Aјде годинава да ни тргне на сите што ни се падна паричката на убаво!
И лани мене ми се падна и оваа година повторно.Многу се радувам луѓе,многу ми е убаво. Која среќа е да најдиш паричка во твојот дел од лепчето.
[СДК] Сакам да кажам... Убаво си реков дека паричката мене не ме сака. И во право бев. Додека си го земав моето парче лепче - падна паричката од него. Пу бре, до толку да не ме сака и да бега од мене. Не можам да поверувам. Ама сепак, во моето лепче беше и паричката е сега моја, после не знам колку време. Искрено се надевам дека ќе ми донесе убава година, среќа и здравје. Си посакав желба, дали ќе ми се исполни ќе видиме наскоро.
Кај мене! Многу сум среќна, и убаво ми е. Се надевам дека среќата ќе ме следи цела година, па и цел живот да ме следи не се бунам
Оваа година јас го месев за прв пат лепЧето и за прв пат со сопруг И секако се падна кај мојот мил Сопруг (иако се обидов некако да му објаснам зошто се става париЧка во лепЧе)
Никогаш не сум сметала дека е некоја особено среќна околност паѓањето на паричката и секој Бадник си посакувам среќа за целото семејство.Кај кого и да се падне јас не чувствувам разочарување дека не се паднала кај мене, напротив, ако навистина има некоја магија во сето тоа Господ нека му ја подари среќата на оној на кој највеќе ќе му треба. Како мала сестра ми се лутеше ако не и се паднеше нејзе па мајка ми паметам неколку пати правеше местенки за да и се падне, не ми беше ич криво ниту како дете. Годинава се падна кај татко ми, нека му донесе здравје и среќа, мислам дека кај него најчесто се има паѓано, кај мене паметам само една година, можеби две, ама ништо особено, Господ не ги заборава другите и дели среќа за сите нас.
Паричката се падна кај мајка ми. Баш е на место, нека и тргне годината. Доста `и беа нервози на жената. Заслужува да биде среќна .
[СДК] Сакам да кажам... Овој пост го посветувам на паричката која ПАК НЕ се падна кај мене и на моите фб пријатели за кои сарказам е непознат поим. Воедно, сакам да ја поздравам баба ми која ќе ја има среќата оваа година. Spoiler Бабо мисли му ја на кој ќе ги даваш парите кога ќе ти се падне бинго! Ете така, се во едно
Кај ќерка ми. Годината и почна со сипаници, а после тоа ќе следува операција на крајници. Се надевам остатокот ќе и биде среќен и безгрижен!
Кај брат ми се падна... again and again Нека му е со среќа, ете кај кого ќе барам пари годинава Мене од кога ми местеа ми се нема паднато
[СДК] Сакам да кажам... За арно нека е. Како што ми тргна годината, среќа ќе ми биде и повеќе од потребна! Да сте живи и здрави, умни и среќни, и на тие што ви се падна, и на тие што само убаво се најадоа.
[СДК] Сакам да кажам... Па Паааа Пааааааааа Паричката е у менее.. За прв пат значи пресреќна сум, конечно и мене нешто да ми се падне. Еве се среќни смајлиња ќе ставам Spoiler се зезам, не е у мене ама баш убаво звучи
[СДК] Сакам да кажам... Убав ден денес! Снегче врнеше како во некоја зимска бајка.. Немав принц до мене, ама среќна бев и во друштво на моето семејство. Застанати на прозор со сестра ми ги гледавме снегулките кои како партали паѓаа непрестајно од небото. Ми се наполни срцето! Права Бадникова атмосфера.. Вечеравме уште рано. Сите соберени на маса, како што е ред. Посно, ама вкусно! Едвај се довлечкав до кревет. Ќе почнам да се тркалам уште малку.. И да не заборавам, паричката е кај мене.