Бадник

Дискусија во 'Религија' започната од mirabomk, 4 јануари 2010.

  1. mirabomk

    mirabomk Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Me interesira kako se podgotvuvate za Badnikovata vecera.Bi sakala da znam kako e vo drugite gradovi.Jas taa vecer nastojuvam celoto semejstvo da e doma i site zaedno da vecerame i da go barame pariceto.Za vecera se podgotvuva posna sarma,grav,riba ,pita i dr.posni jadenja.Kako e kaj vas??? :D
     
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.293
    Допаѓања:
    27.444
    Јас Бадник го сакам најмногу од сите празници. Токму затоа што сите се дома, има заедничка вечера, и таа е посна... многу ги сакам тие јадења.
    Ние исто така купуваме разни суви овошја - урми, смокви, кајсии, ананас и слично, и грицки - ф'стаци, бадеми, лешници... и овошје се разбира.
    Мајка ми вели дека бадниковата трпеза треба да е што е можно побогата, за да биде богата цела година, па и јас се трудам да има од се по нешто. И секоја година треба да има нешто што го немало претходната.
    Додека живеев кај моите го палевме и бадниковото гранче, ама сега не го практикувам. Некако не сум расположена за пироманија, немам апарат за гасење пожар :D
     
  3. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    612
    Koga ziveev so moite za Badnik se prigotvuvase posen grav,zelnik so praz i lebce so paricka...
    Isto taka imase i ovosje i dr.posni raboti...
    Tri godini nanazad otkako ziveeme sami so soprugot iako vo Bitola ne krsat lebce so paricka za Bozik,jas pravam.
    Pravam zelnik so praz,lebce so paricka i posen grav...
    Vecerame site troica i koga se sednuva na masata ne se stanuva duri site ne veceraat...za NISTO ne smees da stanes od trpezata....ova zaradi porodilnite bolki na Sv Deva Marija ,se veruva deka ako ne se stanuva nema da i se presecuvaat bolkite ,tuku se ke si odi pobrzo i polesno...
    SRECEN BOZIK NA SITE!
     
  4. Katja.efremova

    Katja.efremova Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    73
    Kaj nas se pravi zelnik tradicionalno kako i kaj site i lepce...i orevi krsime za da vidime kakov e ksmetot i ima i drugi ovosje urmi riba grav od se po nesto :)
     
  5. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    75
    Во мојот крај обичај за Бадник е , тоа што сите се преправаме , има најразлични и оргинални маски, се оди од куќа во куќа се пее песна за Бадник и ти дават бонбончиња , колачиња , парички и сл. :) Интересен ден :) Во диската има журки и се избира најубава маска
     
  6. priti

    priti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    83
    Уште малку и Бадник. Денот го поминуваме дома фамилијарно.
     
  7. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.869
    Се збираме дома со предходно капарено место во црковниот двор на село, каде што се палат огнови а после 00:00 се прави скара...
    Дома има посна вечера, манџа ориз со црвени суви пиперки и компири, тулумбач и тезе домашен месен леб...
    И се оди после тоа во црква се пие винце и се чека 00:00... Се играат ора, има жива музика... и на полноќ бијат камбаните и сите си честитаме со сите со: „Христос се роди!“ - „Навистина се роди!“
    ова е вечерта...


    а иначе како деца шетавме по куќи, од сабајле, тропкавме по вратите со чеканчиња и пеевме: „Коледа, леда паднала греда, Удрила деда, дедо се мачи, баба го плачи: Оф леле старче со кусото магар чее.... Дајте една лајца меда да му е залепиме на деда“ и ни даваа колачиња, бомбончиња пари... :rofl: :rofl:

    Го сакам Бадник и од една друга причина :D
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  8. madamstefi

    madamstefi Нов член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    15
    Бадник или Коледе се нарекува денот пред роденденот на Исус Христос (Божиќ), според христијанската традиција. Според Јулијанскиот календар по кој се раководи Македонската православна црква, Бадник паѓа на 6. јануари секоја година, а Божиќ на 7. јануари. Суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден - Христовото раѓање. Истовремено, со овој ден завршуваат и Божиќните пости.
    Традиционално, Бадник се прославува кај сите христијани, но црквите кои го користат Грегоријанскиот календар го прославуваат на 24. декември. Кај сите христијански народи има низа обичаи за Бадник, осбоено поврзани со Бадниковата вечера.Зборот Бадник веројадно доаѓа од старословенски - да бидеш буден. Таа ноќ, како што запишал Шапкарев, „сите домашни луѓе не заспиваат туку преноќеваат будни, та од тоа се гледа дека таа ноќ е наречена: бадник - будник“. И многумина други истражувачи на овие обичаи сметаат дека името на овој ден доаѓа од бдеењето, будноста покрај обредниот оган.Истражувачите сметаат дека во праисторијата овој ден бил празник поврзан со враќањето на Сонцето од јужните напоредници, по зимската краткоденица. Раѓањето на новото Сонце значело и раѓање или обнова на животот. Подоцна, Христијанската црква го презела овој празник и симболично го поврзала со Христовото раѓање. На прекорот дека Христијаните започнале да го празнуваат денот на Сонцето исто како и паганите, Свети Августин одговорил: „Ние го празнуваме не како неверниците поради Сонцето, туку поради оној што го создал Сонцето“.радиционално, во Македонија семјството се собира на вечера на Бадник. Се подготвува богата трпеза исклучително со посна храна: питулици, сарма, грав, компир, риба, зелник, овошје и друго, што треба да обезбеди богат род на земјоделските култури во следната година. Обичај е по вечерата софрата да не се крева, туку така заедно со храната да остане цела ноќ. Ова е поврзано со верувањето дека ноќта ќе дојде дедо Боже и ќе се нахрани, или во некои места, духовите на мртвите.
    На Бадник во секоја куќа се меси кравјаче, пита или погача во која се става пара. Вечерта кога сите ќе седнат на вечера, домаќинот, откако ќе се прекрсти и ќе ја благослови трпезата, го крши кравјачето на толку делови колку што има членови семејството, оставајќи уште дел за Бога и за куќата. Сите присутни во својот дел од кравјачето ја бараат парата, и оној што ќе ја најде се смета за најсреќниот во годината што претстои.
    Богати обичаи и верувања на Бадник се поврзани со обредниот оган како и со горењето на дрвото наречено Бадник или Бадникојца. Во врска со обредните коледарски огнови е и обичајот коледица. И денес како и во минатото и во селата и во градовите во сите краишта на Македонија помали или поголеми групи деца палат оган и го прескокаат.
    Рано изутрината на Бадник, децата пеат и одат по куќите каде што добиваат подароци како што се: пари, ореви, костени, јаболка, портокали и др.
    Една од најпеаните песни што и сега се пее во овие случаи „Коледе леде“ ја среќаваме и во запис на Г. Бојаџиев, обjaвена во 1893:

    Коледе, леде!
    паднало греде,
    утепало деде.
    Дедо се мачи,
    баба го квачи,
    со четири јајца
    гускини, паткини, шаткини!
    О. О. коледе!
    како се прославува кај секој од вас бадник со оглед на тоа дека во некои региони градови е различно секаде не се исто прославува
     
    На Mrs.Brain му/ѝ се допаѓа ова.
  9. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Ете денес Бадник.

    За вечера мајка ми спрема лепче со паричка, зелник со праз и ориз, суво грозје, ореви, бадеми, портокали, јаболки...
    Ја читаме молитвата (Оче Наш) и дедо ми го крши лепчето, по ред на сите. Ја бараме паричката, па ја ставаме во чаша со вино, и сите пиеме од тоа, потоа го делиме зелникот.

    И вчера прв пат слушнав, дека се правело риба. Ние не правиме...
     
  10. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    509
    Рибата е посна.
     
  11. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    878
    Пол:
    Женски
    Кај нас на коледарчињата им се дава мандарини, бонбончиња, ореви, лешници, јаболко обавезно :) и по некое денарче.

    Инаку за јадење на масата поставуваме компир варен, сарма со ориз, гравче потпечено и во нашиот крај не се меси лепче, туку печиво во кое ставаме паричка. На масата иста така поставуваме овошје (јаболка и мандарини/пртокали а дури може и суво : на пример ореви). Ова се се подготвува за вечера. И откако ќе се заврши вечерата, масата не се раскрева на овој ден. Дури утре од сабајле. Има верување дека ако се раскренела масата на овој ден во текот на целата година куќата ќе била посиромашна.
     
  12. Alegriaa

    Alegriaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Среќен Бадник!! И јас така како сите вас дома си го прославувам па одиме акј баб ми фамилијарно сите.
     
  13. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.110
    Допаѓања:
    1.598
    Пол:
    Женски
    Оваа година многу малку коледарчиња имало. Дали дека врнеше или заради нешто друго незнам.
    Иначе кај нас мајка ми дава костени, карамели, јаболки, мандарини, портокали, ореви и парички. :)

    Вечерата е накај 19:00h, сите се собираме на маса и татко ми го крши лепчето.
    Што се однесува до Бадниковата трпеза, се настојува да биде побогата.
    Покрај лепчето, мајка ми меси и зелник. Исто така има и гравче-тавче, сарма, риба, печена тиква, смокви, костени, овошје...

    После вечерата, го оставаме јадењето на масата затоа што се верува дека ноќта ќе дојде Господ да јаде. :)
     
  14. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    3.819
    Допаѓања:
    14.753
    Пол:
    Женски
    Браво мадамстефи седи одличен пет плус дај рака да ти напишам :D
    И за wiki браво да не беше ОНА немаше да има колку птици толку петки.

    Бадник-бдеење е очекување на раѓањето на Исус и поради тоа овој ден го сметам за особено свет и посебен, ден кој треба да се прослави во мир и хармонија во својот дом со трпеза онолку колку што имаме, дури сметам дека не треба толку да се расфрламе, да останува да фрламе храна, да се зготви доволно за таа вечер и да помислиме и на оние кои немаат можност за богата трпеза. Не е важно што се ќе има на трпезата, важно е да има слога во семејството, подобро душата полна отколку стомакот преполн. Поради ова сум противник на тие коледарски огнови и обичаи, ова е ден во кој се очекува раѓање на Спасителот и влегува во Божиќни пости и затоа не треба да се пијанчат луѓето за време на пост а тука напротив огнови почнаа да палат уште од 4 часот по пладне.
    Коледарите почнаа да пеат уште во 5.30 утрово, секоја песна ме будеше ама деца се нека се радуваат.
    Вечеравме малку порано околу 17.00 часот, дека бевме гладни сите а и се стемни веќе :$ .
     
    На thinkerbell му/ѝ се допаѓа ова.
  15. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.250
    Кај нас не одат коледарчиња. Не знам оти, отсекогаш е така. :^)
    Цел ден се спремаше трпезата, а за пола саат се направи метла. :D
    Кај нас обичај е пред да се седне да се вечера, најмладиот член во фамилијата (кај нас тоа е сестра ми ) да го земе лепчето со паричка и да излезе на влезната врата. Да ја отвори и три пати да повтори: "Дедо Боже дојди да вечераме!" После тоа седнуваме на маса. Татко ми го крши лепчето и нѝ дели парчиња на сите. Ние ја бараме паричката и откако ќе ја најдеме ја ставаме во чаша со вино. После вечерата не ја раскреваме масата. Постои верување дека Господ во текот на ноќта доаѓа да повечера. :wasntme: Масата се раскрева дури утре сабајле. И обавезно купуваме нешто ново за дома, не знам зашто. :^)

    Годинава, како и секоја друга пак рано вечеравме. Не нѝ се чекаше. :D
    Освен лепче со паричка на нашата трпеза имаше и зелник со праз, пита со тиква, печена тиква, пржена риба, бело гравче со пиперки, компот од сливи, варена пченка, варени компири, смокви, урми, ореви, овошје и што ли уште не.. :D Се изнајадовме, иако посно ама едвај дишам. :$

    Паричката ми се падна на мене. Се израдував како мало дете, не памтам од кога ми се немаше паднато. :D

    Пријатна вечера на сите кои допрва ќе вечераат и со среќа во потрагата по паричката! :D

    А на тие среќниците како мене, нека нѝ е со среќа! Од арно да не куртулиме годинава! ;)
     
    На Miss-Angie92 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    36.436
    Пол:
    Женски
    Среќен бадник за многу години,многу здравје и бериќет и со радост да го дочекаме христовото раѓање поздрав до сите.
     
  17. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    509
    Секаде различни адети си имаат луѓето за бадник. Ете кај нас, во нашата фамилија барем, вечерата се поставува на софра. Најпрво лепчето со паричката го ставаме на средината на софрата и палиме свеќа (е тогаш паѓаат смешки, оти цела соба во темно и сите гледаме во свеќата, па кога се мрдне пламенчето со сестрами кога се закикотиме ко мали деца |( и секоја година си викам сега нема смеење толку веќе сега сум озбилна и пак истото :) damn! )
    И најпрво таткоми се крсти и клекнува го бакнува лепчето, трипати така, па после мајками и на крај јас и сестрами.
    После висиме и ја гледаме свеќата некое време (молење) па мајками со темјан ја намиришува куќата и конечно престанува циркусот. Се принесува се на софрата седнуваме како арапски шеици и татко ми почнува со делењето.
    И за крај, да се осети бадниковиот дух обавезно мора да се изгледа еден библиски филм :!: и да се седи дома таа вечер. А...ке заборавев и јадењето не се собира туку се остава на маса оти се верува дека дедо Боже ке спадне на вечера :)
     
  18. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.496
    Допаѓања:
    4.975
    Пол:
    Женски
    Го сакам Бадник бидејќи е еден од ретките денови кога сите сме дома заедно.
    Урмите, костените на мама, винцето на тато, зелникот што само еднаш у година е толку вкусен, да излижеш прсти. Тогаш се прејадувам со задоволство, легнувам у топличко и ко јагне спијам. 8)
    Бадник за мене е празник најмногу поради топлината која ја носи таа скромна собранија на четири луѓе седнати да вечераат.
     
  19. macedonia.timeless

    macedonia.timeless Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2012
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    134
    Едвај чекам верувајте.
    Поубав празник нема.
    Најубаво е тогаш има топлина во домот, слога, љубов и пред се богатата вечера сите заеедно.
    Аххх едвај чекам.
    Најубаво нешто.
     
  20. jesicaalba

    jesicaalba Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    24
    Бадник е прекрасен празник навистина. Во врска со готвењето на риба за Бадник сакам да прашам дали се готви риба само доколку Бадник се падне во сабота или недела или и во било кој ден од неделата ако се падне може да се приготви риба на трпезата?