1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бадник

Дискусија во 'Религија' започната од mirabomk, 4 јануари 2010.

  1. mia9184

    mia9184 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    Риба се готви небитно дали е сабота недела или понеделник,затоа што за Бадник се пости и се приготвуваат само посни јадења. Се прави и посно гравче ,посна сарма,пита посна (со праз обично) и обавезно лепче со паричка :)
     
  2. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Ако човекот ги пости целосно Божиќните пости, за Бадник не се јаде риба.
    Рибата во овој пост е благословено да се јаде од 4ти декември (Пречиста), па до 25ти декември (св. Спиридон) т. е. секоја сабота, недела и големите празници, но по Св. Спиридон , не.
    :)
     
    На Victorian и Orthophill им се допаѓа ова.
  3. Sara2

    Sara2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
    Во мојот крај наутро одиме на црква и се мушкаме под масата ние помалите повозрасните немора потоа змаме лепче во едно има парицка но никогаш не ми се има паднато бадникови гранчиња и слама. И вечерта сите се собираме на вечера од сламата правиме крст и го ставеме под чаршавот прво со брат ми излегуваме на вратата и велиме: „Дедо боже дојди да вечераме“ и тоа го пофторуваме 3 пати. Прво ја кажуваме молитвата потоа го кршиме лепчето на онолку дела колку што има луге на трпезата + едно парче за дедо боже едно за богородица и едно за куќати.Целата трпеза е посна има зелник граф, пинџур со суви пиперки мислам, посно благо овошије, суви плодови и друго. После вечерата ги гориме бадниковите гранчиња. Другиот ден со сламата што стоеше пот чаршавот ги врзуваме дрвцата во дворот за да имаат повеке плодови наредната година. Во целос многу го сакам бадник. :)
     
    На TrinityNeo му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Бадник е мојот најубав и најтопол празник.
    Надвор е ладно, некоја година со снегче, некогаш само студ, а цело семејство дома на топличко, горат свеќички, светат сијаличките од елката...
    Таков ни е и цел ден, кој почнува со коледарите, посебна среќа и задоволство ми приредуваат.Најчесто татко ми оди до црква по бадникови гранчиња кои дел ги ставаме во венецот на вратата, а дел со нас на трпезата во овошјето.Се врткаме околу кујна, декорираме, сервираме, се радувам на таа Бадникова вечер премногу...
    Трпезата е посна, мајками меси преубаво лепче со паричка, пита со зелка,компир или праз, тавче гравче, риба, баклава, салата, печена тиква, свежо и суво овошје, црвено вино...
    Посебни чуства на спокој и мир буди оваа ноќ кај мене, и иако сум верник и ги почитувам и славам и Божиќ и Велигден (како најголем/и празници), оваа Бадникова ноќ ми е посебна...
     
    На TrinityNeo и karenin им се допаѓа ова.
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Најубав празник во годината...многу го сакам. :)
    Со моите одиме во црква, се протнуваме под масата....обавезно кај огинот сум со дечко ми во негово мало-тоа ни е традиција :D
    Дома поголемиот дел мама го подготвува. :$
    На трпезата има лепче со паричка, сокови, греана ракија(тоа мама сака), за тато вино, сокови, тавче гравче, тавче со компири и ориз, смокви, печени бадеми, ореви, овошје цела корпа, сарма....нормално секоја година можеби нешто ќе се изостави а друго ќе се принесе.

    Специфично е тоа што,таа вечера ја јадеме на земја. значи се трга масата во дневната, се постелува чаршавот и се се реди тука. Тој адет го прават моите дома од кога знам за себе.
     
  6. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Тек сега сум ја видела темава... :lol:

    Инаку овожавам Бадник и многу ми е интересно кога мојата 18 годишна сестра се нервира дека паричката никогаш кај нејзе не се паѓала :D

    За вечера имаме пити, риби, грав (јас нејадам), сарма (и ова не јадам), бадеми, ореви, овошје и уште безброј работи... :!: :)
     
  7. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Кај одиш, оди, за Бадник дома да си бидиш :)

    Разноразни адети гледам се има низ земјава, ама тоа е најмалце битно, битно е да го дочекаш Христовото раѓање исполнет со позитивна енергија, без лоши мисли :) Трпезата секој колку што има, само да се луѓето на куп. И обавезно по чашка црвено вино и најубавите коледарски лепчиња :mm:

    Патем, една забелешка, за Бадниковата вечера не се јадат риби, на маса се принесува јадење од растително потекло, нели сарма, гравче, ореви, овоштие, смокви, урми, суви сливи, незнам што нов обичај е ова, веројатно „почорбаџиски“ демек :^)
     
  8. sanja.sani

    sanja.sani Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    2
    незнам дали е за тука прашањево,мегутоа стварно морав да прашам.вака на бадниковата вечера јас и вереникот (првпат заедно на оваа вечер) баш во моментот кога го кршеше лепчето се испокаравме,(а ретко се караме )незнам така ни дојде,се спречкавме нешто ,и јас претерав и он,го скрши он лепчето ама не јадевме одма,јас плачев многу ми беше криво зошто баш на тој ден така се однесувавме... после некое време се смиривме ,се покајавме и двајцата и се беше супер,само ме мава некоја сугестија да не ни тргне лошо годинава,да не ни се случи нешто лошо... ве молам кажете ми нешто,знам дека тој ден треба да е најубав,но ете се случи ,се надевам господ ке ни прости ...ви благодарам
     
  9. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Еден од наjубавите празници во годината, лани после долги години каj мене се падна парчката, па годинава jас го месев.
    Обично на масата е посна храна сарма, бело гравче со сушени пиперки, риби, овошje, зелник.
    Обавезно во садот со овошjeто стои Бадниковото гранче и пари.
    Прочитав некаде гранчето после вечерата се фрлало во оган, каj нас стои цела ноќ и на Божиќ последната вечер се фрла во оган.
    Исто после вечерата сите пивнуваме по малку вино и ракиja. Потоа со затворени очи бираме ореви и ги кршиме да видиме дали ќe сме здрави. Татко ми гледа во нашите сенки, дали се сите тука, демек оноj чиja сенка ja нема да ja преживее годината.
    Паричката се става во чаша вино се до последниот ден на Божиќ а потоа оноj каj кого се паднала си ja става на страна во паричникот за да има постоjaно пари (за ова не верував ама навистина излезе така, цела година имам постоjaно по некоja пара внатре)
    Туку сакав да прашам нешто ама се занесов пишуваjќи.. Ставате ли компир на масата и како е приготвен? Варен т.е. салата или печен
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  10. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    @Umbrella22 Подготовката на јадење со компир е индивидуален избор. Наместо на бадниковата трпеза која се сервира за вечера компирот го користам за ручек како пинџур со суви црвени пиперки и маслинки. Храната на овој ден е посна, па има можност нешто од продуктите да се принесе и за ручек.
     
    Последна измена: 6 јануари 2016
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.582
    Пол:
    Женски
    Утрото започнува со коледарчињата. Потоа се подготвува посната трпеза. Сите си сме заедно, убаво е и хармонично. Да напоменам, кај нас за Бадник не се бара паричката, кај нас тоа се прави на Василица, како што и е правилно. Се зема и бадниково гранче од црквата. Додека бев помала одев и на бадникарски огнови.
     
  12. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Рана зора додека се руди, коледарска песна ве буди, среќа и радост Бог нека дари, полна софра, а и многу пари. Сите да ве служи здравје, бадниковата вечер да ви е на здравје! Бериќет и к'смет в куќи да ви царува, со здравје и љубов Господ да ве дарува!
     
  13. Kaley

    Kaley Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    3.023
    Пол:
    Женски
    Честит Бадник, да сме живи и здрави и за многу години!
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Девојки што ќе припремаме за Бадник ?

    Се верува дека каква ќе биде трпезата на овој ден, таква ќе биде целата година..
     
    На Victorian и DAngel им се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Нема проблем, јас гравче и печена тиква секој ден би јадела :D
     
    На Victorian, Feminka22 и referentka им се допаѓа ова.
  16. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Посна сарма
    Макало од компир и суви пиперки
    Риба
    Тиква
    Праз со маслинки
    Лепче

    Ај потсетете нешто, додадете...
    Некако се едно исто секоја година, ми здодеа
     
    На LiliBoz и Feminka22 им се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    @referentka
    Печурки, баклава, крокети некои посни, компир салата, печен (или во вок) зимски зеленчук (карфиол, брокула, прокељ, моркови), туршија, свежа салата, подлучената боранија на дечко ми (се спрема најмалку еден ден пред да се јаде, се вари боранија, се цеди и остава да се излади, се додава масло, оцет и лук и се става во фрижидер, одлично иде со риба, со свинско, со бифтек).
    Гладна сум :sweat:

    Сепак јас најмногу си ги сакам гравчето, макалото со компир и суви пиперки и тиквата. Останатото не ми е толку занимливо :wasntme:
     
    На zhap4e, fina erika и referentka им се допаѓа ова.
  18. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Јајцето не е посно така?
     
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Не е.
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    Што сака нека има, ама тавче гравче не смее да отсуствува.

    Тавче гравче плус лепчето, а може и баклава на крај
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.