Ѓувеч-турлитава без месо, рижото со зеленчук/печурки/морски плодови, супа од зеленчук, рибја чорба Се занесов.. Гладна сум
Здраво девојки Сакав да прашам нешто и би сакала да го слушнам вашето мислење,малку сум збунета Си планирав за Бадник риба и сарма посна и зборував со тетка ми и таа ми кажа дека не се јаде риба за Бадник оти во рибата имало крв,потоа се слушнав со мајка ми и сестра и тие ми го кажаа истото,а другарка ми тврди дека се јаде.Дај просветлете ме,сабота се собираат сите кај мене да се спремам со време
Не се јаде риба за Бадник,т.е тоа важи за оние кои постеле целосни Божиќни пости,а вие другите како сакате
Гравче тавче домашно топло лепче макало со суви пиперки+варен компир со праз и чвркнато со зејтинче тоа е оти тоа јадиме друго џабе ке спремам и после ке фрлам
Јас си поштувам типичен Бадник. Не помодарски со нови специјалитети. Тавче гравче, пастрмка, макало, лебче со паричка, лисната пита (единствено нешто помодерно ми е дека е лисната) со спанаќ, тиква, суво овошје и благо. Сакав годинава да правам посна Шварцвалд торта ама си велам нема да ми е тоа тоа. Ај пак шишарки како секој Бадник
Бадниковата трпеза е всушност посна трпеза која го означува крајот на 40 дневниот пост. Колку ти е трпезата побогата толку ќе ти биде и годината побогата. На трпезата кај мене ќе има; Лепче со паричка Гравче Посна сарма Риба Компир салата со кромитче Тиква Штрудла со јаболко,ореви и цимет Суво овошје(урми,смокви,суво грозје) Костени не купувам и без нив ќе се помине. Желе од европа обавезно ќе ме отепа син ми ако не му купам обавезно после вечера тоа му е омилен десерт. Кикирики и леблебија И то је то.
Од кого точно бараш мислење овде? Пошто гледам дека горе долу сите ги утнале одговорите. Ако го славиш Бадник во склоп на божикниот пост, како православна христијанка, одговори ќе бараш од Црквата и од свештенството. Риба се јаде до празникот на Свети Спиридон, кој веќе помина. На Бадник се пости со масло. Ова е единственото точно, секоја друга варијација е личен избор, во секој случај погрешен.
Кај нас дома на трпеза за бадник, традиционално мора да има: - Лепче со паричка (со сода) - Погача - Зелник - Коледарски колачиња - Гравче (подлучено и обично) - Тиква - Баклава/Посна торта - Овошје - Варена пченка - Шарени бомбони - Вино Оваа година ќе видам дали ќе можам да направам некои експерименти со компир или тиквички.
Од Европа има кај мене на рампа во Кисела вода. Сум зимала и од маркет ама не ми е толку тазе како во продавниците на Европа Да се Редактирам утрешната трпеза не се раскрева се остава така да предстои една ноќ.
Сериозно ме интересира, кој прв кажа што е погрешно, а што точно? Јас сум сигурна дека купишта попови мислат дека може и риба да се јаде. На крај краишта, мислите дека на Бог му е гајле што ќе јадете утре? Оставањето нераскрената маса е нехигиенски и сигурна сум дека е измислено бидејќи на некој не му се раскревало. Нема да горите во пеколот ако раскренете, без гајле.
Јас кревам маса. Само прекривка не тресам, со трошки стои до утредента. Неможам храната да ја оставам така. Тамам работа рибата да ја оставам на маса, да мириса до утре сабајле
На Бог сигурно не му е гајле како што кажа но останало традиција и не е се грев што го внесуваш преку уста туку тоа што го мислиш и што ќе го кажеш.