И јас нас главно јадење во текот на вечерата е гравче... Некогаш течно, некогаш тавче. Покрај него има леб, многу зеленчук, овошје, посни колачиња, посни салати, за пиење црвено вино, вода или сок. Не можеме се да изедеме, ама пробуваме од тоа што го сакаме. Трпезата така се остава... Не дека порано ги мрзело, туку тоа е знак дека Господ е добредојден во вашиот дом. Така е останато по традиција, така и ние правиме. Ако ги мрзело порано, тогаш секоја вечер ќе го оставале така јадењето или на секој празник... Ама не, ова е посебно само за Бадник. Лепче со паричка ставаме за Василица, зашто паричка на Божиќ е донесена традиција од Србија.
http://galama.club/2018/01/sme-bile...ne-se-semejni-praznitsi-eve-go-objasnuvaneto/ Bas sega ova mi izleze po fb .. kako toa sme bile vo zabluda ?
Историски-етнолошки тешко може да се трасира оваа традиција и нејзините корени, од кога се практикувала, со какво значење и сл. Постарите жители од многу македонски села велат дека нивните родители не практикувале ваков обичај. Така што веројатно станува збор за понов обичај, од 20ти или 19ти век, во периодот кога сме биле под силно влијание на српската, бугарската и грчката православна црква, а тие пак од своите народни обичаи итн. Православната црква на многу затекнати обичај им дава христијанско руво, така што и на оваа традиција и има дадено такво руво. Така на пример овој обичај го поврзува со една приказна (усно предание) каде што епископот Василиј Велики сакајќи да им го врати златото на селаните од Ќесарија, го поделил во погачи со златници и така секој си го добил својот дел. Наводно селаните дарувале злато за да се избават од гневот на владетелот Јулијан, па секој дал различно, и на овој начин се случило чудо и секој си го добил својот дел што го дал. Ама генерално како што знаете, што и да било значењето порано, денес верувањето за овој обичај е ова: Кај кого ќе се падне паричката, тој/таа ќе има среќа и бериќет цела година.
@DAngel се моли да не покани на вечера. Знам, традицијата налага да секој си вечера по дома, не да шета/кани гости,ама па, и твојата вечера не е баш традиционална и ние не сме баш традиционални Јас ги сакам повторувачките, едноставни јадења на мајка ми - леб со паре. Увек големо, округло лепче, па, кога ќе го изедеш со гравот (тавче), немаш место за питата со праз, инаку, мој фаворит за вечерта. Чат-пат и риба, ослич...за мене беше небитно, а-м-а сееееега Им се светам на рибите. Се' ти е тоа психологија, чиста. И тиква има. Некогаш биле клавчиња, варени. Масата останувала - нераскрената, секогаш. Се вечера, па после се мези.... Па повторно се мези. И коа ќе видиш... до легнување, сто пати некој замезил. А и ако станал, сигурно па нешто подк'снал. Нехигиенски,мирисало.... Абе ај. Свилени мари.
Праша Рефка за идеи, јас само дадов. Потрадиционална од мене нема, гравче бело, незапржено, макало со копир и суви пиперки, ошав(компот), маслинки, овошје и свежо и суво, алва, и што уште се додаде на страна. Ни риба не сакам. Риба инаку обожавам, ама на Бадник ич не ме занима
Зошто масата не се раскрева!? Имам чуено ама не го знам одговорот...јас ја раскревам, трошките ги тресам, гравчето во фрижидер за да не скисне...
Паричката по правило се става во лепче не на Бадник, туку една недела подоцна, на 14ти, кога се слави Св.Василиј Велики. Што се однесува до нераскревањето на масата, не го практикувам тоа. Нема никаква симболика.
Се остава за Бог, се верува дека вечерта доаѓа. Така имам слушнато и така практикуваме и ние по моја иницијатива бидејќи мајками е католик. Лепчето и паричката на секое место секое село посебно, некој на бадник некој на Нова Година според православниот календар. Бадникарското дрво исто, тоа се ни е останато од нашите предци словени. Дабот го претставува Перун во Старословенската религија тоест Родноверје. Сепак мислам не се лоши обичаи и треба да ги зачуваме. Покрај толку турски обичаи на нив баш овие им сметаат а не им смета за свадба што ја купуваат невестата на врата од братот како да е животно.
Е како може бебе штотуку родено да иде само во ноќта за да јаде!? Многу терсене обичаи измислиле луѓево. Бог сигурно за глава се држи дидека не гледа
Словените на Дажбог за време на празникот го правеле истото. Од нив ни се останати тие обичаи. Инаку Бог не се јавил само преку Исус па што велиш бебе ќе дојде да јаде. Сепак не е христијански обичај.
Епа за таткото веројатно оставаат, не за бебето , ама не знам точно. Јас би се загрижила да не е во прашање eating disorder (нарушување во исхраната), оти трпезата нечепната. Остатокот де.