1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бадник

Дискусија во 'Религија' започната од mirabomk, 4 јануари 2010.

  1. Mrs.Brain

    Mrs.Brain Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2017
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    3.625
    Пол:
    Женски
    Бадник е мојот најомилен празник.
    Уште посабајле пеат коледарчиња, кај нас идат еден куп, бидејќи ние без паричка не ги оставаме и си знаат каде да дојдат.
    Денешниве деца за паричка си идат, никој не сака да ги мрзнее ушите за едни оревчиња.

    Потоа мајка ми ја спрема вечерата преку цел ден.
    Бидејќи ние сме срби си имаме плус еден адет, мајка ми меси и кола.
    Како Ѕ буквата е. Вечерта имаме гравче тавче, посна сарма, риба, пупче со паричка, погача, колата, коштени, ореви, банани, суви смокви и урми. Се пие вино и греана ракија, фамилијарно сме пијаници и сокот го оставаме за гостите на Божиќ.:lol:
    Пред да седниме да вечераме мајка ми ја поткадува цела куќа и излегуваат со брат ми да го викнат Господ на вечера. Потоа седнуваме сите. Прво татко ми, на погачата мислам беше, прави крст отпозади и со вино става на четирите краја. Се правеше и нешто друго, ќе ги освежам сеќавањата утре и ќе ви кажам.
    Се врти колата, целото семејство си ја подава вртејќи ја, и по малку ја накршнуваме, демек од товар. И на крајот се крши скроз помеѓу домаќинот и Господ (обично брат ми).
    Се дели пупчето со паричка, и се вечера.
    На крајот сите се пренатапануваме и вечерта ја завршуваме со филм. Обичо играеше 101 далматинец ама оваа година го нема, ќе гледаме Пиратите од Карибите.:D

    И да се остава масата така преку ноќта
     
    На SeaMermaid, buba4e89 и baba Rada им се допаѓа ова.
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.224
    Допаѓања:
    81.774
    Пол:
    Женски
    За да ти биде годината полна со пари, така викаат.
     
    На referentka, SeaMermaid, Srcka $ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    И Бадник и Божиќ е омилен празник.
    Лани никој не пееше кај нас дали дека пораснаа комшиските деца, се надевам дека оваа година нема да помине така.
    Потоа во текот на денот мајками меси лепче со паричка. Ние никогаш не купуваме, мајками меси.
    Па се збираме навечер околу масата имаме се риба,вино, сок, гравче, пита, посна сарма, баклава, костени итн.
    Ми се допаѓа атмосферата околу масата, топло е пријатно има насмевки сите се среќни.
    Кај нас во куќа важна ни е храната, секогаш да имаме трпеза а другото се може да се среди.

    На крајот ја оставаме масата така преку ноќта за да може Дедо Боже да си касне.
     
    На referentka, SeaMermaid, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.698
    Допаѓања:
    40.058
    Пол:
    Женски
    Кај нас на трпезата има посна сарма, баница со филот кој се става во средина на тавата- ориз и праз пропржени а околу филот се корите, многу ми е убава, риба, гравче, колачиња ако останале од сабајле, лепче со паричка, суво и свежо овошје, ореви, вино, ракија.
    После вечера не се оди никаде и се остава масата така нераскрената. Во секоја куќа сега има разични адети. Кај моите додека не бев мажена палевме свеќа пред иконата на Исус и се прекрстувавме пред неа, па тогаш тато го делеше лепчето. Кога се омажив овде свекор ми ќе ставе ракија во чашка и сите пивнуваме од неа и си посакуваме да сме живи и здрави и кој што желба си има си ја кажува. Во ист град сум а различно се прави.
    За стара нова година па се собираме со другари и тогаш пак се дели лепче со паричка.
     
    На monik55, referentka, SeaMermaid и 2 други им се допаѓа ова.
  5. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    28.821
    Пол:
    Женски
    Тавче Гравче
    Посна Сарма
    Лепче домашно ама без паричка кај нас се прави за Василица.
    Риби,крап и пастрмки,маслинки.
    Смокви,урми,портокали,банани,киви,јаболки,круши
    Кикиритки,леблебија
    Некоја салата
     
    На kuc, referentka, SeaMermaid и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.391
    Пол:
    Женски
    Кај нас има посна пита, најчесто е со зелка бидејќи ја обожавам, месено лепче со паричка, тавче гравче, зеленчук, жива туршија и риба.За пиење ракија,вино или сок.
    Погачата/лепчето ја/го делиме на 5 дела и ги делиме за мене,мајка ми,татко ми,куќата и Бог.Каде ќе се падне паричката таму ќе е среќата.
    После вечерата не раскреваме,до наредното утро на Божиќ.
    а заборавив има и посни сарми а од благо најчесто баклава.
     
    На referentka и SeaMermaid им се допаѓа ова.
  7. luda.mala

    luda.mala Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2017
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    274
    Пол:
    Женски
    Кај нас се е посно, посно гравче, салата но без масло! Во нашиов крај забранета е дури и рибата! А за паричка, ние таа традиција си ја имаме на Василица!
     
    На Rama и SeaMermaid им се допаѓа ова.
  8. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.230
    Допаѓања:
    57.300
    Пол:
    Женски
    Кај нас на трпеза има мазник со гравче во него мнооогу е вкусен само мајка ми знае така да го направи.:inlove: Не само обично лепче со пара. Порано само за Василица стававме пара во мазникот сега и за Бадник ставаме. Обичаите такви биле порано. Потоа имаме посна сарма, пастрмки, макало со лук (традиционално), и од овошје мандарини, банани, киви, смокви, урми и сл. :)
     
    На SeaMermaid и buba4e89 им се допаѓа ова.
  9. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Машки
    Како се подготвувам за бадникова вечер ..


    Па како и секој ден, скоро иста рутина, исклучок правам што не постам, впрочем цела година е така :lol:


    У последниве 2.5 години ми се измени крајот, така што после јадење седнувам на фемина и да споделам нешто во врска со паричката :lol:


    И така ..
     
    На poenta, referentka, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Srcka $

    Srcka $ Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2017
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    5.438
    Пол:
    Женски
    Па и јас да кажам, има грав, риба ослич, оваа година и сарма, тиква, лепче со паричка, погача, зелник, вино, сок, обавезно греана ракија лани малку пробав многу е јака кога е греана, овошје, урми, коштани, ораси секако има и таков обичај што сите од семејството зимаат по три ораси и ги кршат ако орасите се здрави ќе бидеш здрав цела година, а ако некои од тие три се трули тогаш дел од годината ќе се разболуваш, така знам. За лепчетонсо паричката едниот дел е за Господ а другиот се деле на дел за семејството дел за куќата, дел за стоката кој има и дел на милениците,(не сум сигурна баш за милениците) и во кого се падне тој ќе има среќа цела година, а и ако на паричката се залепило леб тоа значи дека таа година ќе има пари. Под масата се става гранки од даб, и новчаникот, за да цела година има пари. Пред да се седне на масата се отвара надворешната врата, палеме свеќи цела фамилија и се повикува Господ.
    Кога вечераме, а за таа вечер секогаш се прејадам затоа што ми е слатко премногу слатко, и на крајот кога сме готови станеме и оставаме ја масата нераскрената, за да дојде Господ да вечера.

    Таков ни е адетот.
     
    На Meckicja, referentka и SeaMermaid им се допаѓа ова.
  11. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    Мајка ми прави лепче со паричка-нешто како мазник со ориз,тавче гравче,посна сарма.Претходно истиот ден ги чекаме коледарчињата спремни со:ореви,костени,јаболка,мандарини...Вечераме околу 7 часот.Делиме парче за секој член од фамилијата,за Господ и за куќата.Пред да почниме со вечера го фрламе бандиковото гранче во оган,па нели пука,тоа било за бериќет.Непишано правило ни е,јас и татко ми да пиеме црвено вино.После вечерата не ја раскреваме трпезата,мама ја раскрева наредниот ден.Инаку вечерта татко ми остава во чаше со ракија,смоква.Утрото јадиме од смоквата,со цел да имаме здраво грло преку цела одина и да сме заштитени од настинки(така се верува де :D)...Божик како Божик,наутро во црква,цел ден во припреми,навечер славиме именден,па гости...
    Омилен период од годината,многу го сакам.
     
    На Meckicja, Плавуша123, Rama и 6 други им се допаѓа ова.
  12. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.249
    Допаѓања:
    4.305

    Традицијата наспроти екологијата и здравјето


    Бадниковите огнови на тапет


    На денот пред Бадник, 5 јануари, традиционално се палат бадниковите огнови во Скопје и во поголемиот дел од Македонија. Но главниот град, изминатите години има сериозни проблеми со загадувањето на воздухот, па оваа година најверојатно ќе бидат забранети ваквите огнови. На крајот од оваа година, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на собирот на Здружението за традиционална прослава на Бадник, апелира и ги повика граѓаните на Скопје да се воздржат од палењето отворени огнови за време на Бадник. Тој тогаш изјави дека иако бадниковите огнови се долгогодишна традиција, поважно е да се заштитат животната средина и здравјето на луѓето во градот.
    Дополнително, од градот велат дека една од првите мерки за справување со големите загадувања на воздухот во градот промовираа преку кампањата „Пријави оган на отворен простор“ на телефонскиот број 193. Оттука апелите се насочени кон воздржувањето од палење огнови на отворено, бидејќи најдиректно влијаат на загадувањето на воздухот, а со тоа и на здравјето на луѓето. Палењето на огновите на отворено, независно од поводот, во согласност со законот е строго забрането и казниво и за таквиот прекршок казни може да изрекуваат градските и општинските инспекциски служби и полицијата.



    Поголемиот дел скопски општини во минатото најчесто и ги субвенционираа дрвата за овие огнови, но оваа година локалните самоуправи се одлучија да не ги субвенционираат и да не ги поддржуваат овие настани. Конкретно, скопската општина Илинден не спроведе забрана за палење огнови, а истото тоа го стори и општината Аеродром, која соопшти дека иако ги почитува празничните традиции, апелира и ги замоли граѓаните доколку палат огнови да не користат нееколошки огреви и огновите да не ги оставаат да горат по завршувањето на собирите. Оваа година не се одвојуваат средства од буџетот за бадниковите огнови, а општината Центар најави дека парите за дрва ќе ги пренасочи кон ново зеленило и помош за социјалните случаи. Општината Ѓорче Петров исто така апелира за време на православните празници, во пресрет на Бадник и Божиќ, граѓаните да се воздржат од палењето на традиционалните бадникови огнови на отворено, со иста цел - да се зачува животната средина и да се заштити воздухот, особено по зголеменото загадување и зголемената концентрација на ПМ10 честичките во скопското подрачје во изминатиот период. Тие посочија дека палењето оган на јавни места е спротивно на членот 14 од Законот за јавна чистота и казната за прекршокот е 50 евра за физички лица. Некои граѓани не се согласуваат со иницијативите на градот и општините да не се палат овие огнови, бидејќи ова е долгогодишна традиција и не смее да се прекинува.
    - Јас одам на овие бадникови огнови цел живот. Јас знам дека огнот загадува, но ако тој биде само на една локација во секоја општина, не се создава големо загадување. Дополнително, ако огнот е мал и не се користат многу дрва, навистина нема никаков проблем. Оваа традиција никако не смее да се занемари - вели Марко А. од Карпош.



    Од друга страна, пак, некои граѓани сметаат дека треба да се забранат сите палења бадникови огнови, бидејќи загадувањето навистина е сериозен проблем.
    - Цела зима се преземаат најразлични мерки против загадувањето. Бесплатни автобуси, филтри и субвенции за греење, а сега ние ќе палиме огнови и сите овие мерки ќе бидат попусто. Јас разбирам дека е традиција, но може да се прескокне оваа година - вели една жителка на општината Аеродром.
    Поголемиот дел граѓаните што ги прашавме, сметаат дека лесно можат да се решат овие проблеми. Во голем дел од скопските општини луѓето се собираат пред своите згради и палат повеќе огнови на многу мала оддалеченост. Некои граѓани решението за да не се загадува, а сепак да се одржи долгогодишната традиција на бадниковите огнови, го гледаат во лимитирање на локациите на кои ќе се палат овие огнови. Принципот би функционирал така што луѓето од една општина би се собирале на една локација, а не на повеќе со многу бадникови огнови и така би се ограничило загадувањето, а би се одржала традицијата. Инаку, на крајот на 2017 година, архиепископот г.г. Стефан, кој наедно е и митрополит на скопската епархија, потпиша повелба со која им се забранува на свештениците од оваа епархија годинава на Бадник да присуствуваат и да ги благословуваат бадниковите огнови. Повелбата е обврзувачка и задолжителна, а е донесена во контекст на напуштање на паганските елементи во празнувањата на Божиќ.


    П.С.

    извор: линк
    „Нова Македонија„ од 5.01.2017
     
  13. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.261
    Допаѓања:
    50.850
    Пол:
    Женски
    Обожавам Бадник и Божиќ :inlove: село семејство дома нема нешто поубаво од тоа.

    Мајка ми прави лепче со паричка, пржи риба, посна сарма, гравче, зелник. Од овошје мандарини, банани, суво грозје, киви, смокви, урми и сл. За пиење сок, црвено вино.
    Делиме парче за секој член од фамилијата,за Господ и за куќата .
    На крајот ја оставаме масата така преку ноќта за да може Дедо Боже да касне.
     
    На SeaMermaid, EvAngelos, Плавуша123 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.523
    Допаѓања:
    55.227
    Пол:
    Женски
    Ништо нема да ти се деси.
    Ако сакаш и свинско јади си утре,ништо страшно де :)
    Но,јас само и образложив на девојката дека доколку постела 6 недели за Божик,на Бадник т.е утре не се јаде РИБА.
    Останатото си е индивидуално.
     
    На SeaMermaid, EvAngelos и DAngel им се допаѓа ова.
  15. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    Мрсни цени за посен Бадник :D
     
    На SeaMermaid му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.523
    Допаѓања:
    55.227
    Пол:
    Женски
    Ние за Бадник не месиме никакво лепче дома,туку стара традиција ни е на маса да имаме питулици со лукче(солени палачинки).
    Правиме посно тавче-гравче,овошје,зеленчук и тоа е тоа.
    Акцентот всушност ни е на питулиците :D неизоставен дел ни се.
    А паричка ставаме во мазник за Свети Василиј :)
    Не сум омажена,значи се е по правилата на мама и тато, a тие не се хардкор верници ко мене,па масата обично ја раскреваат,ми се смеат кога ќе речам да ја оставиме така,некогаш ја оставаат а некогаш ја раскреваат,но еден ден кога ќе бидам сама домаќинка јас лично,знам како ќе правам :D

    Точно е дека секој град и секое село се држи до одредени различни традиции,но морам да ви го побијам суеверното мислење дека колку побогата ти е трпезата со јадења,толку ќе имаш побогата трпеза цела година,исто и она со ставањето на паричникот под маса :D
     
    На WORRIED.BT, agios, SeaMermaid и 2 други им се допаѓа ова.
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    10.243
    Пол:
    Машки
    Ние за Бадник ќе имаме пилешки прсти со рижото (ориз со брокула, печурки, пржен сончоглед, соја сос и чили сос). А за десерт палачинки со нутела и банана. После тоа кафенце, а ако дојдат најавените гости и пиво (Скопско смут) :inlove:

    Баш сте срцки што мислите и на Дедо Боже, убаво ви текнало, а не ко нас себични све да се изело и Дедо Боже ко ќе дојде празна софра :( Добра идеја што треба сите да ја применуваме!
     
    На shz и SeaMermaid им се допаѓа ова.
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.391
    Пол:
    Женски
    Нека ни е за многу години празникот верници!Ви посакувам убав ден исполнет со радост,среќа и топлина во семејството.:l:
     
    На referentka, agios, SeaMermaid и 2 други им се допаѓа ова.
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.787
    Допаѓања:
    323.721
    20180106_153340.jpg
    20180106_153404.jpg
    Ајде..
    Повелете..
    Секој добронамерник е добредојден во мојот дом на мојата трпеза.
    Скромна ама чесна.
    Се е посно.
     
    На SofiMar_, Rabbit, macka91 и 27 други им се допаѓа ова.
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.391
    Пол:
    Женски
    Втора година како гризнувам парче со паричка.Со среќа нека ми е, ви посакувам на сите пријатно јадење,здравје среќа и бериќет:l:
    За многу години.
     
    На Rama, Gentlemen, shz и 7 други им се допаѓа ова.