Нашата вечера уствари е во 5 закажана Ем да не ручаме друго, ем да не прегладнеме. Да не ве чуди што има само една пастрмка. Маж ми не е по рибата. Направив една за мене и пола за бебе.. Еве ја нашата скромна трпеза за годинава..
Кај кого и да падне со среќа да му е! Нека носи бериќет во домот. Во РЕФО падна Се кај него Абе има сТреќа..мене ме има..затоа
откако се роди се кај него, ќе да нема потреба да местам кога ќе подпорасне иначе многу ти се убави прстените за салфетки, читав дека ќе правиш, јас мастило плави имам
ајде ќе ги најдам кај се скриени и ќе сликнам (ми имаа останато онакви свилени врвчиња од покани за свадба па со нив)..
Мене пак,Бадник и Божиќ отсекогаш ми биле најомилени празници.Посебно,Бадник.Денот започнува со пеење на песнички на мали дечиња,потоа продолжува со правење на вечера и на крај вечерање.Време во кое целата фамилија се собира и се молиме за здравје,среќа.И двата празници се на почетокот на годината и го означуваат раѓањето Христово.Јас пак,споредно на тоа секогаш си велам празници кои означуваат раѓање на нови желби,спомени,радости.Се чувствува пријатна еуфорија во секој дом.Иако за мене многу обичаи ми се производ од човековата имагинација,сепак ги правам со моите дома.Пример ја оставаме масата преку вечер,давање пари на оној на кој ќе му се падне паричката и слично.Ние секогаш прво се помолуваме пред икона,потоа седнуваме.На оној на кој ќе му се падне паричката му честитаме.Ја ставаме паричката во вино и ги кажуваме нашите желби.На масата има:сарма,гравче,тикви,компот,посна блага погачка,зелник,паричка со лепче,ореви,колачиња.И ставаме вода со лук-нештото кое веднаш ме асоцира на Бадник.Нека ни е среќен празникот и за многу години.
Леле жени,вредни домаќинки сте биле,мерак ме фаќа што ве гледам Честит и вековит да ни биде Бадник и Божиќ П.с честито и паричката кај тие што вртевте денес