Годинава поскромно, толку ми беа силите, ама важно сите дома и на купче. Се одбележа. Паричето за прв пат во живот кај мене.
Ова ланското лепче ми е. Фигурите се од тесто без квасец,за да не стасува и да не пука додека се пече.
И лепче и баница порачани. Немам време, а и нерви да спремам. Паричката со години не се паднала кај мене. Остатокот од ручекот го спрема маж ми. Среќен празник П.С. @referentka убаво е лепчето.
За многу години Бадник, Божиќните празници поминете ги заедно со најсаканите Да го дочекаме будни и смирени Христовото Раѓање
За многу години Бадник во здравје среќа и со радост слога љубов и мир во душите и срцата да го дочекаме Христовото раѓање Божиќ.
Што симболизира адетот' да не се чисти трпезата после Бадник т.е да не се раскрева масата до наредното утро?
Тоа се народни верувања, и мене ова баба ми ми го има кажувано, ама мислев да не има и некоја друга симболика па да прашам.. И тоа со паричката е исто народно верување, ама добро е, се додека тоа е причина семејството да се собере на трпеза, да помине време заедно, да се радува, среќни да бидат, во ред е..
Иронично е кажано да не ме сфатите некој дека јас се потсмевам на верувањето. И јас си ја оставам така масата и баш ми се интересни сите верувања.