Форумџика на годината 2020

Базална температура

Дискусија во 'Бременост' започната од mande111, 6 февруари 2011.

  1. mande111

    mande111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    2
    Што е тоа базална температура
    Базалната телесна температура не е исто што и нормалната температура. Базалната температура е температура на телото, кога тоа се наоѓа во мирување. Односно за да измерите базална температура, потребно е да имате барем 3-4 часа непрекинат сон.
    Мерењето на базалната телесна температура е најсигурниот знак по кој можете сами да познаете кога се случила овулацијата, иако како метод во медицината денес е застарен.

    Принцип на работа на базалната температура и овулација
    Во текот на еден месечен циклус кај жената постојат 2 фази: предовулациска и постовулациска.
    Во текот на пред овулациската (фоликуларната) фаза доминантен хормон е естрогенот, кој има способност да ја намали телесната температура.
    Во постовулациската фаза се создава т.н. жолто тело, кое почнува да го лачи хормонот прогестерон. Прогестеронот е доминантен хормон во втората фаза (после овулациска или лутеална фаза) и има способност да ја покачи телесната температура.
    Значи заради дејството на прогестеронот, после овулацијата Вашата телесна температура ќе биде нешто повисока во споредба со онаа пред овулацијата. На тој начин, преку секојдневно мерење на базалната температура може да се увиди кога и дали се случила овулацијата.

    Како се мери базална телесна температура
    Ако е можно набавете специјален термометар за мерење на базална температура (базален термометар), но ако не можете да го набавите, можете да користите и обичен живин термометар. Еве неколку препораки околу мерењето на базалната температура:
    -За да ја одредите овулацијата мерењето на базалната температура треба да го почнете од првиот ден на Вашата менструација и да го правите секојдневно.
    -Базалната телесна температура секогаш се мери наутро пред да станете од кревет. Значи пред да се напиете нешто, пред да запалите цигара или пред да појдете во тоалет. Запомнете дека било какви активности можат да Ви ја покачат температурата и да добиете непрецизни резултати.
    -Многу важно е да ја мерите температурата сегогаш во исто време. Вие одредете си кога, но секој ден нека биде во истот час. На пример во 6.00 или 8.00 часот наутро.
    -Откако ќе ја измерите температурата веднаш забележете ја на парче хартија.
    -За мерењето да биде точно, претходно треба да имате барем 3-4 часа непрекинат сон.
    -Мерењето на базалната температура се врши орално, но може и вагинално . Важно е секој ден во текот на целиот циклус да биде на исто место, затоа што вагиналните температури се нешто повисоки од оралните. За повеќето жени позгодно е оралното мерење.
    -Термометарот нека Ви биде спремен, истресен од претходната вечер и чувајте го на дофат на раката. На овој начин нема да треба да станувате од кревет за да го дофатите.
    -Секогаш мерете ја температурата со истиот термометар, затоа што два различни термометра можат да покажат различна температура. Имајте предвид дека значајна може да биде и разлика од само 0.1- 0.2 степени целзиусови.
    -Ако некогаш сте морале да прекршите некое од правилата за мерење на температурата, внесете белешка за невообичаената ситуација.
    -Измерените вредности внесувајте ги во график на кој на х-оската ќе бидат прикажани деновите од циклусот, а на y-оската ќе бидат вредностите на температурата. Можете да видите пример од цртежот подолу.
    [​IMG]

    Како да го толкувате вашиот график на базалната температура
    Со мерење на базалната температура нема да можете однапред да ја утврдите овулацијата, туку ќе може да се потврди нејзиното случување откако веќе ќе се случи. Сепак со мерење во текот на неколку циклуси ќе забележите некој шаблон по кој ќе се случува тоа.
    Како што кажавме, во предовулациската фаза доминира естрогенот, кој има способност да ја намали температурата. Во постовулациската фаза доминира прогестеронот, кој ја зголемува температурата. Како резултат на тоа во Вашиот график ќе треба да бидат видливи 2 фази на температурата. Во првиот дел од циклусот мерените температури ќе бидат пониски во споредба со оние во втората фаза, односно после овулацијата. Таа разлика може да биде различна, најчесто е од 0.2-0.6 степени целзиусови. Кога Вашата темратура ќе скокне, тоа е знак дека овулацијата се случила најчесто претходниот ден. Продолжете со мерењето на температурата. Кога три дена по ред ќе добиете покачени температури во споредба со првата фаза, ќе знаете дека овулацијата поминала. Кај некои жени најниска температура се добива токму на денот на овулацијата, кога е највисоко нивото на естроген.
    Ако не дојде до зачнување во циклусот, температурата на крајот на лутеалната фаза паѓа и тоа значи дека веројатно истиот или наредниот ден ќе добиете менструација.
    Доколку дошло до зачнување температурата ќе остане покачена, а менструацијата ќе изостане.
    Доколку не можат да се увидат 2 температурни фази после 3-4 мерени циклуси, консултирајте се со Вашиот гинеколог, можно е да се работи за ановулаторност, односно отсуство на овулација. Не се вознемирувајте, нормално е кај секоја жена да има 1-2 ановулаторни циклуса годишно. Доколку сепак се работи за пореметување на овулацијата, лекарот ќе Ви препише терапија за регулирање на истата.
    Доколку втората фаза е пократка од 10 дена, исто така е препорачливо да се конслултирате со Вашиот гинеколог. Во овој случај се работи за т.н. дефект на лутеалната фаза. Ова може да биде проблем при зачнувањето, затоа што ембрионот нема време да се вгнезди во матката и да почнe да го лачи хормонот, кој ќе ја сопре следната менструација. Во многу случаи на дефект на лутеалната фаза помага витамин Б6 во доза од 50 мг дневно.

    Практична примена на мерењето базална температура
    Со мерење на базалната температура не може да се предвиди однапред кога ќе се случи овулацијата, туку се потврдува накнадно. Освен во случаи кај жени кај кои на денот на овулацијата се случува пад на температурата.
    За да можете да ја предвидите овулацијтата однапред, добро е мерењето на базалната температура да го комбинирате со следење на цервикалната слуз. Како се наближува овулацијата, така плодната слуз станува пообилна, прозирна и растеглива, односно има изглед на белка од јајце. Откако ќе се случи овулацијтата и ќе се покачи базалната температура, ќе забележите дека цервикалната слуз ја губи конзистенцијата на белка од јајце и станува погуста или пресушува.
    Комбинацијата на следење на базалната температура и цервикалната слуз може да Ви биде од голема помош во одредување на плодните денови.
    За да ги зголемите шансите за зачнување препорачливо е да имате односи секој ден или преку еден ден откако ќе приметите дека се јавила слузта со конзистенција на белка од јајце. Доколку се работи маж со послаб спермограм се препорачува апстиненција од 3-5 дена и односи што е можно поблиску до овулацијата.


    Преземено од http://www.tvoebebe.com
     
  2. sanjickar

    sanjickar Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    39
    Покачена телесна температура како знак на бременост

    Ќе ги молам оние кои имаат некакво искуство да ми кажат.
    Знам дека деновите пред циклус обично ако организмор се спрема за исфлжрлање на неоплодената јајце клетка температурата опаѓа.Но јас треба да добијам за два три дена а веќе два дена имам температура 37.1 и 37.2 а не сум настината ниту пак се осеќам лошо.
    Само така измерив температура и оп покачена.
     
  3. sweet.woman

    sweet.woman Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    435
    температурата се мери во мирување најдобро на сабалје кога ќе се разбудиш кога не си се размрдала многу.. можеби од движење ти покажала покачена а што се замараш со тоа незнам
     
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    14.956
    Пол:
    Женски
    Дали кога се мери базална температура, мора тоа да биде 6-7-8h сабајле или може и да е 9h сабајле,но да е веднаш штом ќе се разбудиме, и секој ден во исто време?
     
  5. kasiopeja

    kasiopeja Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    39
    Убаво пишува во првиот пост сам одредуваш во колку часот ќе ја мериш Б.Т. Важно е да биде отприлика во исто време секој ден , по спиење и пред станување од кревет.Методот не е многу веродостоен зошто и мала настинка ќе покаже грешна вредност.Сепак добро е да се проба може некому и вака да му упали и ете ти бебе :lol:
     
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    14.956
    Пол:
    Женски
    Ееее оваа БТ ме истера од памет,почна нагло само да се качува до 37 достигна, и си велам лелеее не е ваљда бебе.Кога попладнето качив температура,и светив зошто толку нагло 2 дена зрипала (а осеќав мала настинка,ама не очекував да се разболам)
     
  7. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.625
    Допаѓања:
    73.627
    Пол:
    Женски
    poz :) sakam nesto da si prasam .... od 24.12 do 31.12 imav menstr.. plodnite denovi mi beja od 4.1 do 8.1.... sega ovije posledni 3 dena imam jaki bolki vo grbot gradite povrativ 3 pati i onaka od vreme na vreme preku den mi se povrajca a deneska nesto podsmirena sum so gadejnevo..jajnicite me bolat mnogu.. b.temperatura sabajleto mi bese 37.4 a preku den 37.6 ( sakav da si prasam samo dali je normalno ako mi ostani 37.4 pa sve do terminot za da dobijam menstr... na 21.1.) ???? ili normalno je posle plodnite denovi temperaturata da opadni ? fala vi odnapred za odgovor .. :)


    [mod-kirilica:mgazv6bx][/mod-kirilica:mgazv6bx]
     
  8. ANGEL1

    ANGEL1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    83
    Пол:
    Женски
    Жалосна мене ми мириса на бебе ;) јас кога останав бремена јајниците така ужасно ме болеа, јајници, гадење, температурче, од се по нешто... ќе има крофнички... :)
     
  9. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.625
    Допаѓања:
    73.627
    Пол:
    Женски
    LELEEE DAJ BOZE ANGELCE CEKAM VEJKE 5 GOD :( :)
     
  10. ANGEL1

    ANGEL1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    83
    Пол:
    Женски
    Искрено ти посакувам да ти успее и ти ја пуштам цела среќаааааааааааа!!! Ајде да се пофалиш :*
     
  11. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.625
    Допаѓања:
    73.627
    Пол:
    Женски
    FALA ANGELCE :* CE SI POCEKAM DO 21 PA CE SI NAPRAVAM EDEN TEST :) POZDRAVCE OD MENE :$

    mi je strav da si napravam test neznam dal da pocekam do kaj 24 :( uhh...a inace temperaturata mi je uste 37.1 -na sabajle denski 37.7 ma da je to normalni mislam denski sto je mnogu povisoka ....i neznam dali ima nesto vrska temperaturava so bremenost ili je normalno pred da mi dojde da je taka nad 37..? ve molam za pomos :wasntme:
     
    Последна измена од модератор: 30 март 2017
  12. tara83

    tara83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    65

    нормално е една недела пред да добиеш температурата да е благо покачена, во случај да не се симнува и на денот кога треба да добиеш - значи БРЕМЕНОСТ, но ако се симне последните 2-3 дена пред да добиеш или точно на денот кога треба да добиеш - значи дека следниот месец бркаш повторно плодни денови.
    Е вака сега сакам да ти појаснам нешто, јас бев толку многу ШИЗНАТА што се правев, значи мерев базална температура константно 3 месеци( сеуште ги чувам табелите на кои запишував ден поменструација, датум и час) паралелно се ориентирав по вагиналната слуз ( кога е најрастеглива, тогаш се плодни денови ), купував овулациски траки ( слични се како тестовите за бременост ) и чекав и они да ми покажат кога ТОЧНО имам овулација, 6 цели месеци го третирав мажот ми како роб у стилу - пред мене 11 ден ми е, не смееме да го пропуштиме , следниот ден истото, и така се до кај 18 ден од менструација, за на крај НИШТО ОД ОВА ДА НЕ УПАЛИ!!!!!!
    И јас таква цела разочарана, по секој добиен циклус завршував затворена во спална по едно 2-3 дена, депресивна и УДАВЕНА во солзи ( сериозно ова го пишувам! ) неможав да сфатам како е можно од медицински аспект е можно да опфатам за да ја трефнам овулацијата и цели 6 месеци да не успевам?!!!!
    И 7 месец кренав раце од се, му реков на маж ми дека тоа е што е, ако не биде ништо до крајот на годината дека ке почнеме да си го бараме лекот. И така и беше, почнавме почесто да си излегуваме со мажот ми, не гугнавме повеќе ни збор за тоа кој ден е што ден е, си водевме љубов затоа што САКАВМЕ, а не под мој притисок дека МОРАМЕ ( искрено,си пивнував по една чашка коњак секоја вечер,па бев уште по рилекс :) ) си правевме планови за на одмор и ОП МЕНЕ МИ ДОЦНИ!!!!!
    И наравоучение -остави тоа базалната, ја не верував дека УМОТ ИМАЛ ПРЕСУДНА УЛОГА, АМА СЕ УВЕРИВ НА СОПСТВЕНА КОЖА!!!!!

    Така да биди се позитивна и насмеана,не се гуши со све и свашта, остави на времето, ОСТАВИ НА БОГ - тој најдобро знае да си ги нареди работите како што треба!
    Поздравче и само опуштено, што е за тебе - КЕ СИ ДОЈДЕ! ;) :*
     
    На Spidy, Lori-30, menelele и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.625
    Допаѓања:
    73.627
    Пол:
    Женски
    draga moja tara fala ti mnogu za sovetov znam deka si vo pravo .... jas nikogas vo zivotov ne sum se zamarala so merejne na temperaturata ili nekoj drugi lekovi ili sto znam sto.... ali ete vide i samata maka posle 5 god me natera po prv pat da probam i taka ali se uveriv deka seto ova bilo samo glupovcina i nisto drugo i sto velis samo deckomi si go opteretiv so ova i zal mi je.kako je pisano taka i ce bidi :) pozdravce i :* od mene
     
  14. zzzzzzz

    zzzzzzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    На 3 декември имав однос со партнерот со заштита. Оттогаш овие два месеца редовно ми иде менструација, но овој пат имам покачена температура која постојано ми варира и достигнува најмногу до 37.2.и имам главоболки. Наутро која ја мерам ми е нормална а потоа кога ке се раздвижам некаде од кај 11-12 часот ми се покачува. Други симптоми на бременост немам а еве веќе од 3 декември има поминато веќе 7-8 недели и нема никаков друг знак.Moже ли некој нешто да ми каже во врска со мојот случај, од што може да биде ова?
     
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    14.956
    Пол:
    Женски
    штом ќе се раздвижиш воопшто не треба повеќе да ја мериш, таа се мери со минимум спиење 3-4 саати,мирен сон. и секој ден во исто време. штом насабајле ти е во нормала,значи нема ништо.
     
  16. zzzzzzz

    zzzzzzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Фала на одговорот и јас се надевам дека нема ништо, бидејќи ако имаше нешто до сега би требало да ми се појави некој од основните знаци за бременост а кај мене е се најнормално и менстр.ми доаѓа точно на време. само оваа температурата ме загрижува и главоболката што помалку ја имам а можеби и да е од температурата....
     
  17. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.625
    Допаѓања:
    73.627
    Пол:
    Женски
    јас добив а б.температура усте ми је 37.1 на сабајле :sweat: несто нее во ред со мене

    Kakvi gluposti so b.temperatura deines bev na Gin.. I mi KaZaA Deka je normalno da beide temperaturata i vo Vreme na Men.. Na 37. ..
     
    Последна измена од модератор: 30 март 2017
  18. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    548
    извини ама јас не разбирам како може да си бремена, кога си имала однос со заштита????? :?: тоа со температурата значи нема врска со бременост...
     
  19. zzzzzzz

    zzzzzzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    и јас не разбирам од што може да ми биде оваа температура и главоболка која ми трае веќе 2 недели :) а менстр.ми доаѓа овие два месеца точно на 28-29 дена.:)
     
  20. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.625
    Допаѓања:
    73.627
    Пол:
    Женски
    срцко вирус је нее нисто страсно зато ја имаме таа темпертура