Еве ако на некоја и користи, мојот график од базална, месецот кога забременив. 12ти ден овулација, 26ти ден позитивен тест. Апликацијата е Feritility friend. Bbt мерев вагинално
Со базална не можеш да видиш кога имаш плодни денови. Базалната ќе ти покаже кога поминала овулацијата. Секое сабајле мериш и да речеме после 14тиот ден ти е повисока од претходните денови, значи овулацијата била на 14ти ден. За знаеш кога ти се ближи овулацијата мораш да користиш тест за овулација.
Кај мене не покажуваа точно тестовите, со поличистичем синдром сум и LH си е зголемена секако и ми даваше лажно позитивни. Така да ова хо пишувам за тие што имаат полицистичен синдром ич да не си ги фрлаат парите
Лелеее сега се потсетив дека ти ми ја препорача еве сега јас ширам знаење на темава дај боже да биде корисно и за други
Почнав да следам bbt под јазик, ама многу ми е spiky графикот. Изгледа најсензитивно е на надворешни фактори. Претходно имам мерено вагинално ама сега па не ми се пика таму. Некој што следел орално некој совет да не има за подобро следење?
Во исто време ли мериш секое сабајле? Најдобро е веднаш кога ќе се разбудиш, без многу потези, на истото место. Колкави ти се варијациите и во која фаза на циклусот? Можеш да пробаш и да смениш батерија.
Во исто време, без нагли потези, е сега баш кога се најголеми отстапувањата сменив место на спиење.. ќе пробам и месецов да видам да бидам што попрецизна.
Сакам да прашам, дали може температурата да се покачи после 2 дена од овулација или јас нешто утнувам? Месецов јас според исцедокот мислам дека ми беше на 12 ден, е сега не мерев баш во исто време и пред 12ти ден кога ќе мерев во 7 часот наутро ми беше 35.8, 35.9, а кога ќе мерев покасно накај 10ипол 11 ми беше 36.3. Дента на 12ти ден имам мерено покасно и ми е 36.3 а следните два дена 13ти и 14ти мерев порано и ми е 36.1 што практично е повисока од претходните мерења тоа време, но сепак пониска од 36.3, потоа следните денови веќе се покачи на 36.4 и со раните мерења. Е сега, fertility friend ми покажува дека била на 14ти а јас сум убедена дека беше на 12ти според симптомите. Инаку ми се има случено и претходно дури после 3 дена да се покачи позначително а не одма
Закачи го графикот од фертилити френд вака многу нејасно ти е сумиран постот. На ден на овулација има дип, и одма после скока температурата. Ако има бременост продолжува да расте и се држи високо. Во спојлер ќе ти го ставам графикот од месецот кога останав бремена Спојлер: График
Секој ден во исто време треба да се мери, без движења. Ако се правиш по пропис ќе си биде точно утврдена овулацијата. Со месеци пратев за бременост, а и од љубопитност. Дури ако има еден саат разлика во мерењата, температурата не е иста. Барем така беше во мојот случај.
Добро ти се движи графикот, 2ри или 3ти ти е ден на овулација, ако ги имате фатено деновите, за некој ден ќе видиш, ако паѓа нема бременост, ако се движи високо можеш да правиш тест. Ако нема ништо, следен месец пробај секојдневно во исто време, напрај си аларм, само што ќе отвориш очи бапни топломер под јазик без движење, станување.
Женски, Fertility friend не ми ги зачувува податоците, пишува time limited и ме води да платам за годишна членарина, да правам нов профил или има некоја финта
Женски, месецот кога останавте бремени дали имавте отстапување во базалната во смисла да е повисока од претходни месеци или си се движеше исто само не падна кпха требаше да добиете?