Тестот и температурата од денес. Јас не знам што значи ова. Според тестот најверојатно утре ќе биде овулација, а температурата видно покачена денес. @Saba08 help
Не си мерела во исто време како и претходните денови. А можно е и да го имаш пропуштено позитивниот тест ако се тестираш само еднаш дневно. Ми се има случено дента 2 теста со ама ептен бледа линија, а вечерта во 11 позитивен и тоа тест линијата многу поинтензивна од контролната. Случајно го направив и така го "уловив" оти нели не се препорачува тестирање по 20 часот. Некогаш позитивниот тест и денот на овулација се совпаѓаат, зависи во кое време се излачил хормонот, колку време му требало да дојде до мокрачата, каков е тестот што ќе го регистрира... Така да, можно е вчера да била овулацијата, ама не е сигурно додека не видиме дали ќе остане ваква температурата.
@Saba08 А, во кои часови е најдобро да се прави тестот за овулација? И какво мислење имаш за тестовите Oview ovulation test ?
Да, не мерев во исто време. Вечер ќе се тестирам пак. Ако вечер е појака линијата од оваа сабајлево значи дека не поминала овулацијата? Ми е страв дека можеби го утнав денот со односи, вчера касно вечерта имавме, пред тоа два дена немавме. Фала ти многу на помошта
Ќе видиме според температурата. Не се секирај, не сте утнале ништо, доволно е 2-3 пати во плодната недела.
Моите се од интернет и пишува меѓу 10 и 20 часот, ама ете не е изгледа баш така. Какви се Oview не знам да ти кажам, ги немам користено.
Аха, океј фала ти. Инаку, видов тема и за тестови за овулација, па излгеда дека и таму ќе ти досадувам со прашања, ако не знам нешто. Ти се извинувам однапред
Пак јас со извештај за денес, се надевам дека не сум досадна Температурата падна пак на 36.05, тестот сабајлево ист како вчера вечерта (можеби мааалку појака) на Glow ми ја даде последната цртка на негативен тест. Изгледа се уште не настапила овулација. Малку ми е чудно, денес 16ти ден, циклус 28-29 дена ама... Вечер ќе се тестирам пак, купив уште две пакетчиња Ovula.
Ич не си досадна, баш ме интересира што се случува. Тестирај, постирај, чекаме, само не банкротирај Ама изгледа денес, утре е денот и нема да треба да купуваш пак.
Температурата порасна. Не се тестирам после негативниот од вчера. На Glow ми покажува овулација на 16 ден, завчера. Fertility Friend останува воздржан Ваљда ќе почека да внесам уште неколку температури. Ќе продолжам да мерам температура и за 10 дена ќе си купам Фрух. Едвај чекам
Нема потреба од тестирање веќе, Glow си пресметува според тестот, ама не е секогаш за верување, а Fertility friend, ќе почека да види барем 3-4 дена покачена температура. Ако утре е пак висока и ако ја занемариш таа од некни 36.44 (кликни discarded) оти и без тоа не си мерела во исто време, ќе ти даде овулација на 16-ти ден. И, таман си е според должината на циклусот. Мери, постирај и за 10 дена чекаме позитивен Фрух .
Едвај чекам да ни објавиш позитивен!! Ти ја праќам цела среќа @Saba08 Сакам да те прашам што значи таа опцијата Temperature discarged ? Дали треба да ја кликнувам или не ? И што ќе промени ако кликнам или не кликнам ?
Фала многу Тоа значи дека ја отфрлаш таа температура. Во мојов случај на 15 ден не е мерена во исто време (се успав) како другите денови и само го ремети планот. Ја тргнав температурата тој ден и денес повторно ми е висока и еве ми даде дека сум 3 дена по овулација. Со среќа и тебе, постирај сега ти, замени ме
@Saba08 Сакам да те прашам што значи таа опцијата Temperature discarged ? Дали треба да ја кликнувам или не ? И што ќе промени ако кликнам или не кликнам ?[/QUOTE] Ќе ја кликнуваш само ако си ја мерела многу порано или подоцна од обично или си болна, па имаш покачена температура или било кога сметаш дека не е точна и оневозможува точна интерпрерација. Видов сега Angella7 ти одговорила веќе.