Повеќето од вас слушнале за продавницата. Ја има на 2 локации во Скопје. Базаро му е уствари помалото братче на Џамбо На нивната web страна пишува: "Базаро продавниците се ланец на продавници кои во секое време ви стојат на располагање со широк координиран функционален и стилски производен асортиман. Без разлика кој стил преферирате, во Базаро секогаш има нешто за секого, за да биде Вашиот живот полесен а во истовреме вашиот дом поубав, од декор, кујнски прибор, акцесоари за бања, ситна техника, училишен прибор, компјутерска галантерија, козметика, бижутерија, текстил, авто козметика, ситна електрика, ситен алат до градинарски прибор." Па, дали често купувате од нив? Како сте задоволни од квалитетот? Во темава ставајте слики од нивни производи што сте ги купиле и критики/пофалби за истите; известувајте за некои нивни супер акции; новости итн.
Базаро, или Џамбо за сиромашни, така си го викам јас. Може да се најде сенешто, ама квалитетот е дискутабилен. Чашите и чиниите се океј, тоа сум купувала. Исто и оние работи наменети за во кујна - садови за кафе, шеќер, кутии за чај, пластичарски ситници како корпа за нечисти алишта, кутивки за чување штипки или ситници за во бања. За цените што ги имаат се сосема ок. Есцајгот е катастрофа (често фаќа р'ѓа по неколку месеци активно користење), украсите за по дома ми се по малку кичести и не се мој стил, иако може понекогаш да се ископа нешто фино. Делот со школски прибор многу пати ме извадил од тесно, имаат фини тетратки и многу се евтини. Обични А5 тетратки по 5, 10, 25 денари - живо џабе. Оние од 5 денари се изработени од ужасна хартија, ама секако вршат работа за фаќање прибелешки и скици дури учам. Вработените понекогаш имаат по некоја жута минута - не дај Боже да прашаш нешто, иако ретко наидувам на такви во последно време. Најфин и најопремен ми е Базаро во Ново Лисиче, ама со оглед на тоа што ми е премногу далеку, ретко одам таму.
Базаро имам пазарено, па не се чувствувам осиромашено. Имам доста работи купено од таму,симпатични цени. Најчесто од Ново Лисиче бидејќи ми е најблиску таму. Немам замерки.
Во Базаро често навраќам. Има цени и ЦЕНИ. Цените на тенџерињата (незнам која марка точно беа) воопшто не се ниски. Има интересни работи -асесоари за домаќинството што мене ме привлекуваат. Ешарпи, марами, шалови, ракавици од волна и кожени, шноли и бижутерија - врие. За секој џеб. Овде одам секогаш кога сум нерасположена. Шаренилото успева да ми задржу внимание скоро секогаш.
Јас празна од Базаро не сум излегла, има интересни практични ствари, по ефтина цена. Едино шо не искористив е сечачот за компир на втора употреба се скрши од силно претискање, ама за таа цена, некои си 120-150ден не ни очекував да треа многу.
Држачи за сунѓерчиња Навлаки за даски за пеглање Сечачи, рендиња, сецковци Навлаки за перници, украсни перничиња Скари на струја и на ќумур Канцелариски материјал Детски пласични играчки Асесоари за бања, разни држачи за крпи. .. да не набројувам... и јас не сум испаднала од таму без ништо
Јас одам и никад ништо не наоѓам. Лажам. Едно столче што свири при седнување ни беше најискористен детски додаток.
Значи муабетот беше чиста зафрканција, не знам што се запнавте толку. Барем бидете фер и тагнете ако не друго. И да, во споредба со Базаро, Џамбо е далеку поскап а квалитетот е ист. Пре би купувала во Базаро него ли во Џамбо.
Леле како се фативте за изјавата од Мишела, ко пијан за плот. Поефтино е од Џамбо јесте. Кога и да сум отишла, никогаш празна не сум излегла. Последно купив од тие малите чинивчиња за сосови и тие за апетисани ми паднаа во очи и такво грабнав. Се наоѓаат убави, а ефтини работи.
Има доста ефтини работи и секогаш си наоѓам по нешто. Обично пазарам во Базаро во Карпош бидејќи ми е најблиску. Последно што купив беше едно лустерче како со конци за многу смешна цена од 299 денари. Иако, имам приметено дека украсите им се скапички а не се нешто посебно реално.
Си се накитив два пати во Базаро (Ново Лисиче) со прстенчиња и гратис идеа со нив уште по еден пар од по три прстенчиња нешто како 3 во 1 му доаѓа башка и обетчиња тогаш најдов со посакуваната буква Не е лошо, интересена бижутерија има