Интересна е продавницава може да се најде се и сешто. Баш пред некој ден бев ама искрено се изненадив од цените на накитот...1500 ден. за ланче од Базаро, сериозно?
Хаха, па кога погледнав од прва ми падна чудно и на мене но не беше само тоа, имаше и други со цени околу 1000 ден.
Базаро ми е преку улица. Порано пазарев дури ме наградуваа за лојалност, ама бидејќи многу често купував од нив додека беа во Карпош 4 знам дека сите цени во плафон ги кренале... Не се ефтини ко што беа, имам мн пари испооставено но сега може слободно да ме заборават бидејќи пред два дена имав неугодна ситуација. Имено, немаше кој да ме услужи на толку продавачки, едната која некако се накани да дојде и да ми каже на една секунда за прстени кои одат во пар по 2 од 50 денари, на крај на каса ми ги наплатија 2*50. Нивното вадење беше дека идат мал со голем (кои се тие мал со голем прстен кога нема да ти покаже некој) и дека мене двата ми биле големи. Не се работи за 50 денари, зашто сум купувала и плаќала износи и од 4000-5000 денари за повеќе работи, туку се работи за принцип. Кажете ме ситничар, ама при толкава конкуренција и уназад години пазарење кај нив веќе нема да им стапнам.
Можеби доцна ќе ти биде одговоров, но повели: https://www.facebook.com/pg/Bazaro.mk/photos/?ref=page_internal
Дали Базаро во Ново Лисиче е добро снабдено? Планирам за недела дена да одам таму па да знам кај да кажам на маШ да вози?
Базаро исто така имаат продавница и во Куманово. Но, таму им е прескапо. Еднаш бевме во Базаро во Ск не знам точно во кое сме биле, но таму се беше многу поефтино. А овде во Куманово цените се оѓин и пламен..
Имам купувано од Базаро во Карпош. Не се баш евтини цените. Ама има избор. А вработените треба да ги бркаш за да ги прашаш нешто. Не дај Боже да им речеш нешто да проверат. Одма ти кажуваат Оди на каса.
Абе ако имаш пари и од Швицарска ќе купуваш. Има многу јаки ствари, практични. Имам купено неколку работи од таму и траат, задоволна сум. Некои кажуваа дека кога нарачувале доцна стигале, а и погрешен производ им праќале.
Прашање, дали работи Базаро во Лисиче? Знам дека беше одамна затворено и само во Карпош остана сега гледам на интернет дека работи ама знам дека не си ги упдејтуваат на нет работите, па да прашам
@KittyAgnes на инстаграм цело време објавуваат слики, дури претеруваат. Може да пишува и за таа продавница.