Мм направи онлајн порачка на некој сталак околу 3000 денари. Освен што се неуслужливи, производот фушарија. Пола делови ги немаше, а тие што ги имаше криви. Никогаш повеќе.
Претераа и они со цените во последно време, порано поевтини беа. Не им купувам веќе, во Џамбо си одам.
Последно купив нешо како ливчиња што треба да се лепливи, ги отварам дома од хартијата, цело туце е залепено едно тегнеш 3 листа се кинат.. слично искуство имав кога порачав од алиекспрес пред неколку години. Продавање ѓубре..
Во споредба со Џамбо поскапи се. А немаат некој квалитет. Имам купувано нешто за домаќинство и играчки за децата.
Дааа реално базаро не е тоа што беше....купив едно мелниче за ореви и при прв обид се скршииии а едвај чекав да го пробам
Мајка ми купи сталак за кондури, не беше скап, за надвор сакаше, се распадна за 3-4 дена, тоа како картонско да е, на пазар и Битпазар се поквалитетни, има еден од пазар преку 10 години, ништо не му е. Во кинеските продавници што се вели беше поквалитетно од Базаро. Сега па дигнале цени, а фушерај продаваат. Во Џамбо е поефтино.