Не сите имаат можност да отидат некаде на одмор на езеро, море... Оние што остануваат во градовите мораат да најдат место да се разладат, исончаат. Затоа тука се базените. Во Скопје има неколку базени, а верувам дека и во другите градови има барем по еден. Колку често одите на базен, дали ви се допаѓат базените и на кој најчесто одите?
Па најмногу имам одено на базенот во Карпош, Младост мислам дека се вика, бидејќи од школо не носеа еднаш годишно таму. Сега имам слушнато дека е реконструиран и бил многу поубав и почист. Имам одено и на Олимписки, ама многу одамна. А најмногу ми се допаѓа Воен базен во Аеродром, бидејќи е на отворено, но не ми се допаѓаат луѓето што одат таму. А искрено најмногу ми се допаѓа базенот во Неготино, ми изгледа многу големо и светски. Голема желба ми е некој ден да го посетам.
Јас сум љубител на водата ако не отидам на одмор секој ден сум на базент и ми е исто како да сум била на езеро. Ова лето имам повеќе од 10 пати појдено на базент
Па летото одам многу често Најчесто во Аквариус ама ме нервира кога таму ќе сретнам баби и дедовци и внуци Ама па затоа одам и во Сириус Таму ми е по погодено
летово само еднаш бев на базен и тоа во Неготино, и ми се допадна велешкиов оваа година сеуште го немам посетено, а и немам намера да го посетам во блиска иднина
Годинава на базен отидов само еднаш, и тоа не се бањав, отидовме навечер со друштво и морам да забележам дека оваа година велешкиов базен е во многу лоша состојба, лани беше каде каде подобар. Но добро да не ја тупам. И да би сакала да отидам во Хавана-Неготино
Најмногу одам на овој “ Бисер „ и ми се допаѓа Годинава ниеднаш не сум отишла, па планирам кај август негде кога ке се вратам од одмор да се разладам тамо
Пред некое време другарки мои отишле на базенов младост и не им дале да влезат им рекле дека им треба целосна опрема(наочари, капа....) и плус им требало пропусница која се добивала со тоа што ќе пополниш формулар и после неколку дена ќе ти се јават да си ја земеш-.- Така да нема да одам веќе на овој базен, планирам следната недела да одам на Воен, па ќе видиме како ќе биде
Па оваа лето сум била повеќе од 5 пати на базен. и ми се допаѓат базените во градот. Најчесто одиме во аквариус но одиме и во сириус.
Ретко одам на базенти.Сум била на Керпош неколку пати и не ми се допаѓа што не се сите македонци имам многу Роми(без навреди) и не ми е многу хигиенски.Откако е реконструиран сум го видела но не и капела.Ке појдам летово сигурно
Не памтам кога последен пат сум била. Сигурно има 5 години, кога одев едно лето на олимписки на ноќно капење неколку пати. Не ме воодушевуваат нашиве базени а посебно не летно време кога врие од народ, кога скокаат, те прскаат, деца вриштат, јас сакам тишина да ги ставам очилата и капчето и да пливам додека имам сила. Јас и кога одам на одмор и кога има базени во хотелот преретко ги користам, да не речам 1 час во 10 дена. И тоа гледам кога нема народ да се изнапливам. Имам идено и во Катланово во базенот, ништо посебно, на времето многу одамна имам идено и во Расадник и тоа беше најкрш базенот без хлор со вода обична ладна грч, мислам дека тоа е и последното идење мое на базен. А да има Аква парк е такви работи сакам би отишла. И баш денес дознав дека има во Пробиштип, али сеуште е во изградба. А јас прв пат слушам. Али во Пробиштип бе?
Секое лето одиме со другарките, само што овој пат кога бевме, бидејќи базенот Њу Стар бил затворен, или не работел, не знам, премногу имаше таму, катастрофа беше. Во Олимписки сум пливала во клуб Младост, и оттогаш пливањето ми е омилен спорт. 1ва година средно бевме и во зимски со школото, ама не ми се допадна баш... Наредното лето би сакала да одам на Воен.
Не сум била во никој од нашиве базени. Едноставно не сакам базени. Треба и од здравствени причини да посетувам, но имам некое лошо мислење за базениве. Имам голема желба да го посетам базенот Хавана, Неготино, макар и на едно сокче да отидам. Прекрасен е.
Незнам што ти е толку чудно за аква паркот во Пробиштоп ( иако за ова прв пат слушам) Во урбанистичкиот план на Кочани е предвидено Аква парк али кога ќе започне изградбата никој незнае нели малите градови никогаш немаат пари http://www.youtube.com/watch?v=0GBbxsI2cv0 Да не бидам офф јас на базент немам одено точно 6 години, а не ни планирам да одам од проста причина што скоро сите што одат се деца или тинејџери цело време со фото апарат во рака спремни за фб фотографии и заради тоа што има многу Роми. И баш ми е криво си имаме многу убав базен.
Eпа тоа е Скопје си го става 1349023тиот споменик додека маливе гратчиња со 10тина илјади жители градат Аква паркови. Не знам колку е успешно во толку мал град да го има првиот аква парк. Но браво, пола и повеќе е изграден, се надевам ќе си привлечат туристи.
Не обожавам базени, не можат да ми ги заменат морето и плажата. Кога одам, најчесто одам заради друштво, и тоа никогаш не е по моја иницијатива. Гледам да одам што поретко. Нехигиената во нашите базени ми пречи многу, па најпрво од здравствени причини ги избегнувам.