Дечки, која е цената на месечна членарина во базенот во Борис Трајковски арената? На сајтот нема ниту една информација. Ме интересира и дали со членарината следуваат ограничен број на месечни посети или можеш секој ден да го користиш? И ме интересираат термините во текот на деновите.
До пред некое време беше 2500 ден месечно за 7 дена неделно.. одамна им беше таа цена а и последен пат кога прашав истата ми ја кажаа. На времето одев и јас таму, додека не ми пукна филм од односот па одев едно време во тцц плаза ... одамна беше ова де ама небитно може сеа се па пољубезни..
Некој знае во олимписки базен кој од клубовите е најдобар за непливач? Имам огромна анксиозност и паничам во вода па каде би било најдобро да одам?
E za ova vreme e samo hotel bushi spa T Kakvo dzakuzi imaat meraci a pa za hamamot da ne zboram prekrasno Taman za ovie denovi ladni
за рекреативно пливање во Борис е 200 ден дневна карта, нема месечни чланарини таму и капа е задолжително, сега прашував пред две недели, и јас многу сакам да одам, на базен ама не сум некој пливач па неможам да се пресрамам да отидам
Здраво феминки дали знае некој да ми каже неколку информации за воен базен дали воопшто функционира и колку пари е влезница.
Јас последен пат кога бев (лани ова време во август) си работеше најнормално, влезницата беше околу 200-250 не ме фаќај за збор.Би требало да си работи се во ред.
Функционира,но треба да извадиш картичка од Воен базен,која чини 400 денари,и плус 200 ден се плаќа влез,и 200 денари е лежалка,неможеш без лежалка да седиш на базенот.Во старт имаш 800 денари давачки.Јас одам во Пинтија базенот ,кој влез е 200 ден,и не се наплаќа додатно ништо.Воен ка утна годинава ептен работата.