Па не е државата таа што го финансира туку општината или некој приватен инвеститор. И баш ми е мило и едвај чекај да се отвори и да го посетам! Сигурна сум дека ќе има многу посетители!
Да, аква паркот ќе биде сензација и ќе биде во Пробиштип. Мило ми е што нема да биде во Скопје, цело време кукаме како другите градови се запоставени и редно е малку да се размрдаат. Картата нормално дека ќе биде поскапа, ама еднаш да се посети ќе биде убаво Инаку не сум била на базен 100 години, а и каква што ми е состојбата со инфекцииве не ни планирам да одам.
Многу сакам на одам на базен. Најчесто одам на Воен, зашто ми е најблиску, имам одено и на Олимписки, во Белви (кога работеше на времето), во Карамба (тој е накај Куманово едно село), ама го затворија, а многу убав и чист беше базенот.Сакам и во Кадино да одам на базен, ама викаат очни инфекции се добивале, па не ми е сигурно. Иначе годинава бев само еднаш, зашто немав друштво, а лани се изнаодев на базен, секој втор ден . Иначе јас читав дека и во Аеродром ќе граделе аква парк. http://kurir.mk/republika/skopje/37541-Aerodrom-ke-dobie-golem-voden-park
На една рака може да се изброи колку пати сум била на базен, овие Олимписки, Воен, Младост и др. незнам ни како изгледаат, јас одев на еден локален, фамилијарен, си имаа луѓето базен па понекогаш преку лето се бањавме кај нив, но тогаш бевме помали, сега не. Во тинејџерските години многу сакав, но мајка ми не ми дозволуваше (единствената забрана ) и кога ќе размислам сега во право била, хигената е на најниско можно ниво, а јас како што имам осетлива кожа, гарант ќе закачев или некоја кожна инфекција или вагинална. Сега искрено не би отишла, или можеби со друштво но сигурно нема да се бањам туку ќе си пијам пивце или коктелче истегната на некоја лежалка ... Едит: Ве излажав пред неколку лета бев на базенот во Велес, ама погодивме „убав“ ден и се изнабањавме, а водата беше тазе сменета и беше чиста, јез да беше ладна и жива душа немаше ама ние битно си уживавме .
Кога сме кај аква паркот еве известување се отвара на 20ти август Официјалната страна која моментално е во подготовка ал ќе биде http://www.aquaparkmacedonia.mk/ Влезницата бар за отварањето ќе е 1200 , на групер имате 50% попуст. Ако е и другиве денови е 1200 тогаш тешко да го посетам, цело семејство да отиде од Скопје ќе му треба за еден ден 100 евра минимум за пат и јадење, а може и повеќе од 100че.
Па богами не сум била година дена. Последен пат бев на Воен и фино беше освен што беше тогаш најтоплиот ден во годината, плус не ни дозволија вода да си внесеме, ама фино си поминав а водата беше тазе сменета и чиста. Само базенот е релативно мал, па кога ќе се наполни не може човек на раат да се бања ти рипаат над глва ти прават ласти, а мене тоа ме нервира. Порано задолжително од школо идевме или на Олимписки или во Карпош. Летно време знам дека одевме чат пат на Олимписки, ама кога се отвори Плаја Виста под Кале - е тоа беа фешти. Базенов беше прекрасен. Имаше 4 базени, два големи и 2 детски, повеќе шанкови, кафичи, терени за тенис и баскет, за одбојка на песок. Преубави спомени имам - доаѓавме сабајле и си одевме дури доцна во 9, некое туширање дома и ајде пак во град. Ех кои времиња - се прашувам, кога не гледале родителите дома во лето?! Инаку немам поим што се случи со комплексов. А навистина беше супер осмислен. Сега знам дека функционира за јавност и базенот во Њу Стар, само малку е далеку. И ми го фалеа базенот во Неготино.
Базен Одвратно! Сум влегла точно 3 пати и тоа два пати како мала со сила ме внесоа во еден фамилијарен базен кај пријатели, тоа беше вриштење како да ме колат, и еднаш во Грција во еден хотел кај што НЕ бевме сместени На овие градскиве базени стварно немам намера да отидам воопшто, подобро ќе се бањам во гумено базенче во двор.
бев на Олимписки 1 месец пливав во клубот Карпош и супер беше штета што толку кратко траеше, ама за наши услови е прескапо
Баш ми е мило што прочитав дека вие девојки знаете за нашиот базен Хавана. И еве отворена покана до сите,ако има некоја што ќе ја носи патот наваму,имате форумџика во Неготино,ќе ве носам јас на базен! Базенот што ни е светски светски ни е. Стварно,нешто најдобро. Е сега,јас сум малку поосетлива,односно кожата ми е,и затоа не се бањам. А инаку филтери има најдобри,и знам дневно околу 2 или 3 пати го филтрираат. Има исто и ноќно ако сакате. Јас не одам денски на нашиот,од причина шо ми е далеку,а жешко ми е да излегувам денски. Одам навечер. На кафе,на муабет,на журки.. Секогаш има гужва. Кој дошол,добредошол.
Во базен во Скопје не сум била ехее, со години, а последно се бањав пред околу еден месец во Романтика во Велес и дали од базенот дали од езерето, не знам, ми се појави кандида, па така сега малку уплав имам Аквапаркот е супер што се отвара, ама ако ја задржат картата 1200 денари не знам баш колку ќе биде посетен, особено зашто не е на некое многу населено место.Плус пат до таму за тие од другите градови,јадење, пиење само за еден колку би фатило, а не па за цела фамилија.А сигурно ќе биде забрането да внесуваш сопствена храна. А сакав да прашам ако некој бил во базенот Борис Трајковски, на веб страната пишува дека карта е 150, дека капа за пливање е 250 и е задолжителна.Во превод,ако немаш капа за пливање влезот е 400 или јас нешто не разбирам?
WOW значи македончето нема мозок! Што се замислуваат каде се науѓаат?? Реално гледано со таа цена овој парк нема долго да опстане! Стварно сум револтирана поради цената па луѓе мили во Аdaland и Аqua fantasy е по 15 евра дневно што големината на парковите не можат да се споредат со овој! Еве видете: http://www.adaland.com/ http://www.aquafantasy.com/ Со овие нашиве македонски плати е прескапо, а богами и не вреди за тие пари! Да беше некаде докај 600 ден ајде некако држи вода, но ова е премногу!
Картата ја намалиле на 600ден на попуст 300ден http://grouper.mk/skopje/deal/aqua-park Не знам колку е точно но се збори низ градот дека редовна карта после 20ти ќе била 400ден. http://aquaparkmacedonia.mk/mk/componen ... -mapa-park Еве се е објаснето како ќе биде.
На базен одам еднаш годишно. До сега сум била два пати. Претходното лето во ABC каде си поминав доста убаво, и ова лето Бисер. Не ми се допадна атмосферата бидејќи беше преееемногу гужва, неверојатно многу, водата кочан, а дното на базенот...очајно!
Летно време скоро секој ден сум на базент..си вадам сезонска и цело лето без пари си одам и си се бањкам и сунчам...е сега има многу цигани но што да се прави...ај барем они се бањаат во плиткото во длабокото не им текнува да влезат оти не знаат да пливаат...и многу сакам да пливам па секогаш го препливувам базентот најмалку еднаш
Сакам да прашам...? Да не знае некој колку се плаќа час пливање или пак месечна чланарина во затворениот базен кај александар палас ???
не го сакам морето, ми здосади, солена вода , знам Чудна сум, но преку глава ми е.. обожавам базени, бев во аква паркот и си поминав супер, знаЧи немам замерки за базентот преубав е, но секако треба да се доизгради , но сепак базент како базент би го одбрала неготинскиот-прекрасен е