Знае ли некоја за некој нов базен во Пинтија? Има вистина? Каде е поточно? Колку е влез и најбитно го бива ли?
Еве го базенот во Пинтија https://www.facebook.com/pages/Pool-Hou ... 9153769456 Не знам колку е влезот, а вака на слики убаво изгледа
прашањево незнам баш дали е за тука ама да не знае некој каде можам да ги најдам сликите од воен базен? гледам по фб многу имаат слики доле пишуваше градски базен на сликата
Во Пул Хаус? Јас бев пред некоја недела, и искрено не сум нешто многу задоволна. Базенот е премногу мал, да не приувиличувам ама должина едно 200 метри а ширина 100 (ни толку нема), башка рипаат од сите страни кај и да седиш од страна те прскаат, башка врие оси.. Пошо е вода и е сред ниви
Пред неколку дена бев во Неготино на Havana Pool и прекрасно си поминав.Водата чиста,убава атмосфера а и картата не е воошто скапа..немам зборови
Во базен одам...скоро никогаш. Мама не ми дозволува затоа што не била чиста водата, сум можела да добијам некои инфекции, сите мочале во водата, многу било жешко времето, имало зрачење итн,.... Па така, јас пливам само оние 10 дена на годишен одмор.
сакам да одам на базен ама малце ми е грозно коа ќе видам кој с влегува и затоа после остатокот од денот го поминувам играјќи карти со другарките
Одамна не сум била на базен. Последен пат бев пред 6 години. Не сум некој љубител на базените, ама тогаш отидов на инсистирање на една другарка.
Нас од школо на пролет секоја недела по еднаш ќе не носат. Тука во Виена сум била до сега само само еднаш на базен, во едно Дијанабад со тобогани и триста чуда, ама сепак не е аква парк. А во Скопје скоро секое лето по 4-5 пати одам со братучедка ми, а понекогаш доаѓаат братучед ми и сестра ми исто и одима на тој во Карпош. Многу е чист и мислам дека сосем добра идеја е тоа дека мора со капа за пливање да влезеш, бидејќи така се одржува хигиена.
Еден базен има само во битола, и не одам многу често неколку пати во цело лето. Иначе добар е базенот
По арно ќе чекам цело лето да одам на море или езеро отколку олимписки базен.Иначе многу сакам да си се капам во базенче само не олимписки
Во текот на летото одам неколку пати, зависи. Најчесто се собереме друштво и одиме. Претежно одам во Неготино, највеке ми се допага базентот и многу е чисто.