Оооообожавам базени! Имам среќа што баба ми и дедо ми направија кај нив во двор, па секогаш кога имам можност одам кај нив. Понекогаш знам и да си направам таму журка со другарките Инаку од јавниве базени само Воен ми е океј.
Дечки може некој да ми каже има добри базени некаде во близина на Скопје? Во Скопје не ми се свиѓа изборот што го имаме, значи сакам убав отворен базен, чиста вода и културно место, каде што може да се иде со друштво. Некои предлози?
Неодамна почнав да не идам по базениве во Скопје од неколку причини, прво многу гужва е, второ не можеш да се релаксираш и трето скапи се и не се ништо посебно. До пред неколку години Бисер ми беше најдобар ама од 100 лани оваа година 200 е влезницата. Веќе 2 години идам во Катланово на базенот ЕјБиСи, исто така има и во Кадино има базен и е многу евитно и пријатно, влезот е 60 денари а со кола и те како ми се исплати да идам до таму
Леле едвај чекам да дојде лето да одам на базен. Во мојот град има два и скоро секој ден одам летото.
Кај има низ Скопјево убави базени? Знам само за Олимписки, но сакам да прочитам мислење и вие кај одите, дали има многу гужва и која е цената?
Бил некој во скоро време на базентот во Неготино. Колку пари е картата? Има ли гужва за време на викенд. Сакаме со мм да отидеме во сабота да са информирам што и како е
Карпош- Борис Трајковски, Олимписки, Воен, Кисела Вода Расадник, Во Припор карши Најс хотелот ако сакаш поинтимен, Белви, и уште многу кој се приватни и ексклузивни
Дечки, може ли да ми препорачате некој базен од нашиве? Да е среден, чист и во околина на Скопје или во Скопје негде...на воен некако не ми се допаѓа, па некој друг да препорачате