здраво. да не знае некој дали има некој термин кај базен карпош кога нема тренинзи од пливачки клубови? значи кога нема многу гужва?
Ич не сум по базените, поготово овие јавниве во Скопје. Не сум била на ниеден, движечки извор на инфекции се. А вака во приватни хотели кај што сум престојувала и имале базен, е тогаш го користам, но сепак при море/езеро, не би одбрала базен или ептен минимално би користела. А да имам куќа би сакала да си имам свој, е тоа е веќе друго. Таков базен може.
Девојки, гледам го фалите базенот во Неготино, би сакала да отидам за викендов, па може ли некоја што била скоро да ми каже која е цената на влезницата, храната и пијалоците и од колку до колку работи? Благодарам
Здраво на сите, извинете ако ја повторувам темата. Веќе подолго време сакам да одам на пливање ама малку ми е нејасно и не сакам да се резилам: Дали они таму продаваат едноделни купачи и капче за немокрење на косата? Или мора да се снаоѓам да купам од друго место? Вие што одите или знате некој што оди ќе ве замолам подобро да објасните. Едвај чекам да одам
Малку прететувате со инфекции Карпош е најдобар базен заедно со Олимписки.. Приватните не навлегувам тука нема гаранција а горе наведените нема шанса за инфекции @Tina22m сама купуваш опрема (карпош) мораш со капа се продава на влез на базен .. А костими во некоја спортска продавница
Јавни не сакам многу ама дома си имам едно базенче многу убава работа е кој имате можност да си направите да не пропуштате
Од тие гумените или оние монтажни што се поголемите? Имам видено разни сајтовите со онлајн продавници, нудеа такви базени. https://www.ekupi.mk/mk/Дом,-градина-и-алати/Двор-и-Градина/Базени-и-опрема/c/10304 https://mtdgradina.mk/bazeni https://m.facebook.com/intexbazenti.mk/ Провери тука.