1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Баклава

Дискусија во 'Рецепти' започната од bella.gk, 24 декември 2010.

  1. bella.gk

    bella.gk Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    685
    Пол:
    Женски
    Каква баклава поготвувате,девојки пишете некои рецепти...
     
    На jovana-nialler му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ackaa91

    ackaa91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    Потребно :

    1 кило кори тенки
    500 грама ореви ( од кои 200 сецкани и 300 мелени)
    1 ванила
    1 кора од лимон
    1 коцка маргарин( кристал)
    250грама бисквити
    100/200грама чоколадо за готвење
    Подготовка :
    Oревите се мешат во сад заедно со кора од ломон(рендана), мелените бисквити и ванилата.Плехот го подмачкуваме со масло редиме 1кора па додаваме од филот и рендаш малку од чоколадото така се повторува се додека не завршиш :) потоа коцката маргарин ја рендаш низ цела баклава рамномерно.Се печи на 150 до 200 степени.
    Шербет :
    1 лимон
    1 ванила( по избор)
    1.250 кило шеќер
    1.250 кило вода
    Водата и шеќерот ги ставаш во тенџере на оган за да се стопи шеќерот. Го оставаме шеќерот и водата да повријат и додека уште не е загустен со пола од шербетот ја попаруваме баклавата, а другата половина ја враќаме на рингла да врие се додека не добиеме средна густина. Кога е готов шербетот му до додаваме сокот од лимонот (исцеден низ цедалка) и ванилата. Промешуваме и ја попаруваме баклавата.
    Добар aпетит :)
     
    На NataliLuka, deluxe и bella.gk им се допаѓа ова.
  3. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Мајка ми прави прекрасна баклава со урми незнам како ја прави ама знам дека е прекрасна на вкус ммммм
     
    На Sslavica му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kejsi

    kejsi Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    36
    девојки,сакам за нова година да направам баклава,ама онаа што се прави со гриз и какао.Ајде ве молам пишете некои рецепти што ги знаете,ве чекам :*
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.000
    Пол:
    Женски
    Јас имам повеќе проверени рецепти, па ги правам зависно од расположение, т.е каква баклава ми се јаде (а обожавам баклава :$ ). Овие четири рецепти најчесто ги правиме.
    Со гриз и какао во ист рецепт немам, ама имам една ролат баклава со чоколадо и друг рецепт за баклава во кој има гриз.

    БАКЛАВА со гриз

    Потребно е: 1кг готови кори, 700г ореви (половина мелени, половина толчени), 500г путер, 2 лажици гриз, 2 лажици ладна вода.
    Во плех се редат три кори па се прскаат со путер кој е претходно растопен на тивок оган. Се посипуваат со оревите мешани со гризот. Се редат корите една по една, па секоја се прска прво со путер, а после со ореви. Се завршува со три кори кои пак се прскаат со путер. Откако ќе се исече (баклавата секогаш се сече непечена), се прска со останатиот путер во кој се додадени двете лажици ладна вода. После печењето се попарува со шербет од 1300г шеќер и 700мл вода, и тоа топла баклава со топол шербет (многу убаво омекнува, само одозгора е крцкава).

    РОЛАТ БАКЛАВА

    Потребно е 1 кг готови кори. Филот се прави од 150г мелени ореви, 150г сецкани ореви, 100г суво грозје, 100г кокос, 100г рендано чоколадо за готвење и една и пол шолја шеќер - сите овие состојки се попаруваат со една шолја врела вода и убаво се меша.
    За секој ролат се редат по 4 кори, се прскаат со масло и вода, па се филуваат и се виткаат. После печењето се попарува со шербет од 1кг шеќер и 1л вода.

    БАКЛАВА СО ЛЕШНИЦИ

    Потребно е 1кг готови кори, 500г лешници, еден маргарин, 250г масло. Се редат корите во плех и секоја се прска со малку масло и малку потпечени мелени лешници. Кога е готова се сече, па се попарува со стопениот маргарин, па се пече. Шербетот се прави од еден и пол кг шеќер, литар вода, ќесичка ванилин шеќер и малку лимонтос, па ладната баклава се попарува со топол шербет.

    ГРЧКА БАКЛАВА

    Потребно е 500г кори, 300г мелени ореви, 300г кокос, две чоколади за готвење и ќесичка цимет.
    За прскање на корите се топи еден маргарин и се меша со една чаша (средна големина) масло.
    Секоја кора се прави посебно. Се прска прво со мешавината од масло и маргарин, па се прска од филот направен од оревите, кокосот, ренданите чоколади за готвење и циметот. Се зема игла за плетење, на неа се витка кората како ролат, се набира од двете страни и се вади од иглата. Се сече на три дела (ова се оние мали баклавчиња, за едно залаче). Се пече на 200 степени, а ладна се попарува со млак шербет од 1кг шеќер и 700мл вода.


    Сите рецепти се проверени и вкусни ;)
     
    На bella.gk, kejsi и LivingGlam им се допаѓа ова.
  6. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Леле леле го излигавив компјутеров...
    Мајка ми прави сукана баклава, старата комшивка Албанка која ја сметаше мајка ми за своја ќерка - и’ го остави семејниот рецепт во наследство. Луѓе при самата помисла на таа баклава ми доаѓа вкусот во устата... За Нова Година ќе ја правиме - повелете да пробате :)
     
  7. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Често ја правам оваа, вкусна е, им се допаѓа на моите...

    Баклава со вишни

    6 јајца
    2 чаши од јогурт шеќер се матат со миксер и се додава
    1 чаша од јогурт зејтин
    1 чаша од јогурт кисело млеко
    200гр. ореви
    1 пециво,1 ванила,кора од 1 лимон и сок од пола лимон
    потребно е пола кило кори
    се редат во длабок плех половината од корите првите две се мачкаат со зејтин а другите се мачкаат со фил,на средина се редат вишните и повторно се реди другата половина од корите и пак исто секоја се мачка со фил а последните две кори само со зејтин.
    Потоа се сече на коцки и се става 1 коцка растопен маргарин и се пече.
    Шербет
    6 чаши шеќер
    6 чаши вода
    1 лимон

    Добар апетит
     
    На bella.gk, kejsi и soledad им се допаѓа ова.
  8. soledad

    soledad Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    251
    Баклавата со вишни мене многу ми е убава фала за рецептот ќе ја направам за нова година :)

    Ние дома најчесто ја правиме оваа баклава многу е лесна и вкусна
    Баклава со кокос

    потребно ви е :
    1 паковање кори за баклава
    4-5 јајца
    500 мл кисело млеко или јогурт
    200 гр кокос
    1 прашок за печиво
    200 гр шеќер
    за прелив : 1 кг шеќер и 1 кг вода

    Се матат белките со 200 гр шеќер додека не станат пенести , се додава јогуртот или киселото млеко , кокосот и прашокот за печиво се меша сето заедно и се филуваат корите.Се потура со изладениот шербет.
     
    На friendy, bella.gk и kejsi им се допаѓа ова.
  9. bella.gk

    bella.gk Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    685
    Пол:
    Женски
    1001 ноќ

    1 кг кори
    300 урми
    150 чоколадо
    150 кокос
    морско оревче
    цимет
    600 ореви
    100 гриз
    малку маргарин (колку да се замеси да не се растура)
    се меша става на 3 кори фил-ролна завиткај ~8
    шербет кило шекер литар вода на крај 1 лимон
    загреано претходно на 250 а печи 1 саат на 200
    едно топло едно ладно попари
     
  10. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Денес со мајка ми ја правевме оваа баклава, многу е вкусна

    Баклава со кисело млеко

    4 јајца
    250гр шеќер ( за шербет )
    250гр зејтин
    250гр кисело млеко или јогурт
    1 кесичка пециво, 1 кесичка ванилин шеќер
    малку ореви
    Сето ова убаво се мати. Корите се редат и на секоја кора се става од филот,само на последната не. Пред да се стави да се пече се сече на парчиња.
    Откако ќе се испече се остава да се излади и се попарува со врел шербет.
     
  11. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    17.901
    Пол:
    Женски
    Грчка чоколадна баклава

    1кг кори
    5 чаши сецкани ореви (1 чаша од 200мл)
    1 и 1/2чаша рендано чоколадо за готвење
    1/2 чаша презла
    2 лажици кафеав шеќер
    1/2 лажичка цимет
    1/2 морско оревче
    1 чаша несолени бадеми
    2/3 од чашата масло


    За шербет

    1кг. шеќер
    1л вода
    1 лажица сок од лимон (може и портокал)
    цимет


    Во поголем сад измешајте ги сите состојки освен бадемите.Земете тепсија и наредете 4 кори и ставете од филот,потоа две кори па филот и се така до крај со тоа што ќе завршите со 4 кори,како што и почнавте.Исечете ја баклавата и на секое парче ставете бадем(не цел на неколју делови исечете ги бадемите по должина).Загрејте го маслото и попрскајте ја баклавата,а потоа ставете ја да се пече на 180 степени околу 30 минути,па намалете на 150 и печете уште еден час.На крај попарете ја со шербетот.Добар апетит :)
     
    На bella.gk и LivingGlam им се допаѓа ова.
  12. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.202
    Допаѓања:
    23.963
    Не е баклава. ама бидејки се прави со кори и шекер, ке го напишам тука рецептот за Египетски Пудинг

    Ом Али

    Во шерпа се зоврива литар млеко со шекер по желба (треба да биде многу благо, значи околу 600 грама шекер)

    Во тава се редат кори, и измеѓу нив се додава суво овошје (суво грозје, кокос) и (или) ореви, бадеми, лешници, едноставно се што ви се допаѓа..

    Врелото млеко се исипува врз корите и се пече 15-20 минути..


    Преубаво е!
     
    На bella.gk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. simicka

    simicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    91
    Интересен рецепт планирам да го пробам но ме интересира колку грама кори се потребни 500 или 1 кг и како оди редењето на корите поздрав
     
  14. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Еве уште еден рецепт за баклава со вишни. Преубава е.

    Пола кило кори
    300 грама шекер
    3 јајца
    300 грама зејтин
    200 грама кисело млеко
    1 пециво, 1 ванила
    1 кг вишни
    малку гриз
    Јајцата и шекерот се матат како за торта, се додава зејтинот, киселото млеко, ванилата и пецивото. Корите се делат на два дела. На секоја втора кора (преку една кора) се става 3-4 лажици од филот. На последната кора од првиот дел не се става фил, туку се редат вишните и се посипуваат 3 лажици гриз.
    После се реди втората половина од корите и пак на секоја втора се посипува по 3-4 лажици од филот.На последната кора се сече баклавата и се полива со остатокот смеса од филот. Се пече на 170 степени околу 1 час.
    Шербет:
    600 грама шеќер (јас ставам помалку, околу 400-45- грама, повкусна е така)
    1 и пол чаша вода
    1 лимонтуз
    Врие 5 минути.
    Се полива на млака баклава и млак шербет и се става во фрижидер.
     
    На ciribiribela му/ѝ се допаѓа ова.
  15. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Баклава со чоколадо е моја омилена но немам рецепт :(
    Инаку секаква баклава обожавам :inlove:
    [​IMG]
     
  16. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    и јас сакам многу баклава
    ама додека да ја убедам мајка ми да ја припреми... тешко е :$
     
  17. simicka

    simicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    91
    БАКЛАВА СО СМОКВИ

    СОСТОЈКИ: ШЕРБЕТ: ПРИПРЕМА НА ФИЛОТ:
    1 кг. кори 1,200 гр. шеќер измешајте ги оревите ,смоквите ситно се
    ФИЛ: 1 л. вода сечкаат и чоколадото се ренда на крупно.
    500 гр.сецкани ореви
    200 гр.чоколадо за готвење ПОДГОТОВКА НА БАКЛАВАТА
    200 гр.суви смокви НАНЕСЕТЕ ПО ДВЕ КОРИ ЕДНА ВРЗ ДРУГА , СЕКОЈА ПОПРСКАЈТЕ ЈА
    250 гр.маргарин СО МАЛКУ ЗЕЈТИН .ВРЗ ВТОРАТА КОРА НАНЕСЕТЕ ОД ФИЛОТ ,
    ВИТКАЈТЕ ВО РОЛАТ И СЕКОЈ РОЛАТ СЕЧЕТЕ ГО НА ПАРЧИЊА.
    БАКЛАВАТА ПОЛИЈТЕ ЈА СО РАСТОПЕН МАРГАРИН И ПЕЧЕТЕ
    ДОДЕКА НЕ ДОБИЈЕ ЦРВЕНИШКАВА БОЈА НА КРАЈ БАКЛАВАТА СЕ
    ПОЛИВА ДОДЕКА Е ТОПЛА СО ТОПОЛ ШЕРБЕТ.

    ДОБАР АПЕТИТ И СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ ;)
     
  18. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Синоќа ја правев и супер излезе (не чекавме до недела да ја пробаме :D )

    Чоколадна баклава

    [​IMG]
    - 1 кг кори
    - 250 гр мелени ореви
    - 100 гр сецкани ореви
    - 200 гр млечна чоколада
    - 50 гр чоколада за готвење (за глазурата)
    - 3 лажици шеќер
    - 3 лажици гриз
    - кора од 1 лимон
    - 200 мл. масло
    - 100 мл. кисела вода
    - 125 гр. маргарин
    За шербет:
    - 1 кг шеќер
    - 750 мл вода

    Киселата вода и маслото се ставаат во тенџере на оган, да зовријат, па се остава малку да се излади.
    Во меѓувреме ги мешаме мелените ореви, сецканите, ренданата чоколада и кора од лимон и гризот.
    Го подготвуваме шербетот и го оставаме да се олади.
    Земаме две кори (во рецептот пишува една,јас правев со две, со една ќе биде претенко) и попрскуваме со смесата од маслото и киселата вода. Ја ставаме иглата за плетење на 5 см од почетокот на корите.
    [​IMG]
    и преклопуваме.
    [​IMG]
    Врз преклопениот дел ставаме од смесата со ореви, чоколада... околу 2,5 лажици,
    [​IMG]
    Со помош на иглата ги завиткуваме корите, без да притискаме многу.
    [​IMG]
    Врвот на иглата го ставаме на ивицата од плехот и ги набираме корите.
    Го растопуваме маргаринот и го прелеваме врз корите.
    Ги сечеме корите (јас секоја кора ја сечев на 5 парчиња и 12 кори X 5 парчиња ми излегоа 60 парчиња).
    Печеме на 200 степени околу 20тина минути.
    Топлата баклава ја прелеваме со изладениот шербет.
    Утредента ја направив чоколадната глазура.

    П.С. Јас првпат ја правев, навистина е вкусна , само за оние што не го сакаат многу мирисот и вкусот на лимон можат да ставам помалку рендана кора, не од цел лимон, или воопшто да не ставаат.
     
  19. simicka

    simicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    91
    :D РЕЦЕПТОВ БИ ТРЕБАЛО ДА ИЗГЛЕДА ВАКА :D
    БАКЛАВА СО СУВИ СМОКВИ

    СОСТОЈЌИ :

    1 кг. кори

    ФИЛ:

    500 гр. сецкани ореви
    200 гр. чоколадо за готвење
    200гр. суви смокви
    250 гр. маргарин

    ШЕРБЕТ:

    1,200 гр. шеќер
    1 литар вода

    ПОДГОТОВКА НА ФИЛОТ:

    измешајте ги оревите , смоквите исечени на ситно и чоколадото изрендано на крупно

    ПОДГОТОВКА НА БАКЛАВАТА:

    НАНЕСЕТЕ ПО ДВЕ КОРИ ЕДНА ВРЗ ДРУГА, СЕКОЈА ПОПРСКАЈТЕ ЈА СО МАЛКУ ЗЕЈТИН . БРЗ ВТОРАТА КОРА НАНЕСЕТЕ ОД ПОДГОТВЕНИОТ ФИЛ, ВИТКАЈТЕ ВО РОЛАТ И СЕКОЈ РОЛАТ СЕЧЕТЕ ГО НА ПАРЧИЊА. БАКЛАВАТА ПОЛИЈТЕ ЈА СО РАСТОПЕН МАРГАРИН И ПЕЦЕТЕ СЕ ДОДЕКА НЕ ДОБИЕ ЦРВЕНИШКАВА БОЈА, СО ТОПОЛ ШЕРБЕТ СЕ ПОЛИВА БАКЛАВАТА ТОПЛА.

    ДОБАР АПЕТИТ И СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ ;)
     
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Баклава со вишни

    3 јајца
    1 чаша слатка павлака
    половина чаша масло
    2 ќесички ванилин шеќер
    1 ќесичка прашок за печиво
    500гр. тенки кори за пита
    1кг. вишни
    1,5 чаша шеќер

    Се мати прелив од јајца, павлака, масло, ванилин шеќер и прашок за печиво. Половина кори се редат во подмачкан плех и врз секоја кора со четкичка се нанесува од преливот. Се ставаат исцедените вишни, па втората половина од корите, која се премачкува од преливот на ист начин.
    Пред печење питата се сече на коцки. Се пече околу 30тина минути на 200 степени.
    Од 1,5 чаша шеќер и малку вода се вари густ сируп (околу 10 минути).
    Топлата пита се прелива со сирупот.