1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бакнување бебиња

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Не се бацува.
    Посебно не на раце.

    Малата ми беше без настинка дур не појде во градинка.
    Сега пошто е "голема" дада, го сака, го гали, го бацува. Не се допазува, не ни сакам да и забранам.
    А она е нормално дете што се дружи со дечиња.
    Малово све префати од нејзе... пие антибиотик на 5 месеци.
    Пред ова 3 пати беше болен.
    Ама океј сестра му е, дома му е, мора да се тера.
    Не сакам ни да знам ако рандом луѓе би го бацувале што се би било.
     
    На lovely91 и nevermet18 им се допаѓа ова.

  2. и тоа е претерано што викаш. Да ти се одмили. А најблиско внуче. Знам, ги разбирам и нив. Мислам,не само блиските, туку и пријателите. Претходно можеби не размуслуваме од страната на родител се додека не станеме родители и тогаш почнуваме: 'а дали вака, а дали така..'

    Но, не сакам и јас да претерувам. И самата несакам да претерувам, ама незнам ни да опоменам.И кога ќе се претера, ме нервира. Ама ајде, си велам: само здравје, само здравје...

    На блиските (баба, дедо) како да му речам неможе (за до душа не и нешто дека го бакнуваат многу, ама сакаат да го подржат) ...

    тоа е... дискусијата си нема крај, ситуацијата е таква каква што е ..
     
  3. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    5.028
    @една-поречанка Јас сум свесна и разбирам како им е на родителите, поготово на мајката кога им се раѓа бебе и се јавува таа посесивност на никој да не сакаш да го дадеш детето, ама утре на сестра ми ли да и бранам да го земе во рака?
    Се понашаат како само тие да знаат како треба со бебе, ко не баре сите останати околу нив се неспособни, а тие магистрирале на факултет за справување со бебиња.

    Да не забегувам уште толку од темава, верувај дури не им кажеш директно нема сами да им текне да прекинат. Џабе ќе си се нервираш ти и залудно ќе губиш време, ако тебе ти е незгодно кажи му на маж ти тој нека им ступа малку :D
    Најблиските баш треба да имаат најмногу разбирање, не дека од инает прават тие така, туку од што им е мило. Ако им кажеш што мислиш сигурно не би ти се налутиле, според мене.
     
    На Избришан профил 156253 и januari19 им се допаѓа ова.
  4. Mia9

    Mia9 Активен член

    Се зачлени на:
    25 август 2022
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Бебе не се бацува по лице и раце !!! Освен мајката, татко.
    Дете не сакам ни пак дозволувам баби дедовци тетки да го бацуваат ни па да фаќаат по раце, ни па јас бакнувам други бебиња, деца. Фино лепо си кажувам...немојте по раце, ги пика во уста. Кој сака нека се лути , баш ми е гајле. Детето ми е најважно. Мајката е неговиот глас и заштитник. Треба да се почитува зборот на мајката. Кога ќе каже дека не сака, не треба да и се оди контра и да се прават работи намерно или пак скришно. Секое бебе своја приказна, дали му се прават осипи, дали е со намален имунитет. Затоа почитувајте ги зборовите на мајките, они најдобро знаат за своето дете :)
     
    На Emilija28, kozuf, jungle и 6 други им се допаѓа ова.
  5. хОхси

    хОхси Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2016
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    152
    Постојано слушам коментари од типот само они ли деца чувале, не дозволуваат да се бакнува, ова она…
    Јас лично не мислам дека претерувам и го разбирам нивниот чин на сфаќање и изразување љубов… ама не на дете од 5 месеци…
    Меѓутоа во последно време до уво ми стигаат секакви муабети… искрено сакам да не се замарам ама премногу ги премислувам и почнувам да менувам однос со истите луѓе. Како да се постапи со нив стварно не знам! Дајте ми совет.
    Детето ми е приоритет.
     
    На jungle и Anyshka им се допаѓа ова.
  6. TrueToMyself

    TrueToMyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    208
    Пол:
    Женски
    И јас ако некад имам бебе не би сакала да ми го шлапаат со муцките.
    Бебињата ги немаат истите бактерии шо ги имаат возрасните во устата.
    Да не збориме некој шо има херпес или расипани заби.
    Кажи си не сакам бебето да ми го бацувате.
    Никогаш не сум се осмелила да бакнувам туѓо бебе/дете.
    Обично ќе го погалам по ноџето или косата и толку.
    Жал ми е да не му пренесам нешто, мали се , греотка.
     
    На BellaBibi, MeowMeow и Anyshka им се допаѓа ова.
  7. хОхси

    хОхси Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2016
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    152
    Да ама разумен човек сам знае, на другово како да им се објасни. Бидејќи не се фаќаат они за суштината, туку тука игра улога малограѓанството..

    Ај не се замарај ама да можеш.. час не те интересира, час те вади од патики..
     
    На kozuf и TrueToMyself им се допаѓа ова.
  8. marrisa

    marrisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2024
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    560
    Пол:
    Женски
    Јас излажав дека кога ме пуштиле од болница така ми рекле, бебето да не се бацува дека има кревок имунитет. Ми помина кај домашните :D.
    Можеш да кажеш дека сте биле на редовен преглед и ве предупредиле дека е сезона на вируси/настинки и бебето да не се бацува.
    На крај на денот, како што се они безобразни биди и ти :)
     
    На kozuf му/ѝ се допаѓа ова.
  9. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.391
    Допаѓања:
    16.674
    Пол:
    Женски
    Кажи дека само ти си чувала дете и дека твоето е посебно и дека неможе да се бацува и насмеј се.
    Јас имав ситуација пред некој ден, внук ми се наведна во уста да ја баци, зошто кај нив дома е нормално што го бацуваат во уста, а мене ми е ужасно грозно, особено фактот што имаат очигледно расипан заб. Изреагирав одма јас, а неговите ништо.
     
  10. Hinebrra

    Hinebrra Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    290
    Јас не дозволувам само на лице и на рачиња дека цело време ги пика во уста. Инаку на главче, на ноџе, на алиште дозволувам. Голема е милоста, и јас се пазев со други бебиња, без разлика дали мајката дозволува.
    Малото е веќе 6 месеци, па попуштам малку.
    Моите трауми имаат од снаа ми, не даваше ни да ја свртиме внука ми кон нас, да не сме и дишеле, ама не важеше ова за сите, нејзините ја шлапаа постојано.
    Кај мене ова важи за сите, опоменувам, ама сепак не можеш да го допазиш од се', само поголем стрес ми ствараше да ги гледам сите, да го пазам.
    Сепак сум за тоа дека да се слуша мајката, ако не дозволува, тоа е крај. Сите се понашаат како мајката ништо да не знае, не само за ова, за секоја една работа, ама таа го родила и тоа е крајно. Секој како сака ќе си ги расти децата.
     
    На BellaBibi и kozuf им се допаѓа ова.
  11. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.845
    Допаѓања:
    1.640
    Да ми си жива со муабетот.. исто е и кај нас и муабет од комшивки млади етеее на крајот од твпето префати џабе гп криеш дома
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.