1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бакнување бебиња

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.504
    Допаѓања:
    105.993
    Пол:
    Женски
    има секаков народ. највеќе се имам изнервирано на работа кај мм ајде викам да ја прошетам малку керка ми , и една жена доаѓа леле слатко малечко си пораснала вика за екрка ми , дојди малку да те земам. а јас ја стискам и не ја давам :tmi: и она дај дај и ми ја грабна од раце. :devil: леле и почна да ја стиска да ја бакнува насекаде не само на лице , јас од нервоза почнав да се потам. и кога си отиде отидов таму во тоалет и ја измив керка ми. па како не им е срам , ама па од друга страна им е гајле не е новно ако фати нешто друг ке трча по кожно нема таа :envy: плус и тоа бакнување по раце , па сега ги става во уста цело време и таа зела ја лугави по рацете. немам коментар. :swear:
     
  2. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    јас на мојата внукичка само по копанчињата (нозичките) си ја бакнувам и на главичка..на лице НЕ...на раци НЕ,ниту пак пред мене дозволувам на некој (бартучетката уште се срами да си каже лудава демек да не ја сватиле погрешно)...кога бев во Мк ја гледам тетка ми (на тато сестра) затрчена леелеее на баба убавата и оп на лице и јас АЛООООООООООООООО пушиш,жена си од 50 год па бакнуваш 3 месечно дете аууу ја направив до толку како недај Боже да е сакала да ја тепа малава...ама неможам бе луге се нервирам на мало дете кога некој ке го зашлапа загњави како кукла да има па :(

    е тоа е за дете од мој прв бартучед а замислите кога јас ке имам дете----е богами војна ке има ама нема да ми го бакнуват детево ни свекор свекрва мајка татко ма никој освен јас и маж ми (за лице и раци зборам)додека не напуни барем 6 месеци
     
  3. hunny-bunny

    hunny-bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    80
    да забранам на мајка ми или татко ми да си го бакнат внучето???сигурно дека нема да допустам на секој што ке го види да го шлапа али на мајка ми, татко ми ... или свекор,свекрва...па тие би го сакале повеке од мене што ме сакале, така да не би им ја скратила таа срека никогаш...
     
  4. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Разбирам милост ,љубов и се што иди во пакет со една беба ,ама па тоа шлапањето со сета рилка ми е незамисливо!
    Добро ,зар толку не помислуваат ТИЕ шлапачки фаци дека тоа е нежно суштество ,дека може лесно да се инфицира и да му се искомплицира здравствената состојба?
    Или ај,на кого му е помило повеќе лиги да му остави?!? :puke:

    Имам еден случај во поблискава фамилија ,бебата кај да е ќе полни 2 години ,баба му негова буквално цела фаца му ја опфаќа ко ќе го бакне!
    И тоа однатре со рилката го цмока ,да се види!
    Налет тоа ,ко ќе го храни со нешто потврдо прво му ја џвака храната и таква му ја дава :puke: Еднаш ја гледам ,го хранеше со овошен јогурт и тоа целото се измачка ,оваа дословно го залапа ,со устата нејзина го исшмука расмачканото!
    Да си ги поврати човек цревата!

    Јас ги бакнувам или на косичето или на облека ,грев ми е...
     
  5. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297

    реков за бакнување на лице и раци а по нози и главичка нормално дека ке им дозволам
     
  6. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Мене мајка ми ми кажуваше дека кога ме зеле од болница,и слегла од кола,дошла една баба (комшивка) и ја замолила ’’сакам да го видам бебето‘‘..Бабава немала семејство сама била.(Не ја знам јас сега умрена е).Мајка ми неможела да ја одбија (а вика дека до 6 недели не треба да го гледа никој бебето) Ме дала на бабата,таја ме бакнала ме подржила в раце..Па еве сеа жива здрава сум и никому ништо :)
     
  7. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    Јас не верувам во овие работи, мајка ми уште првиот ден ме изнесувала надвор, сите ја гледале како од марс да паднала, :D се чуделе како може детето да се изнесува одма надвор и што ми било, жива и здрава сум.
     
  8. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    Јас братучедите мои колку ги бакнувам тоа чудо невидено е.
    Добро цела фамилија сме такви и затоа никој ништо не пререкува :)
     
  9. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.422
    Допаѓања:
    91.478
    Пол:
    Женски
    Многу сакам да ги гњавам и бакнувам. Бидејќи имам внук до мене, а и постојано е кај нас, само го штипам , бакнувам. Па и тој си с енаучил ќе дојде и обравчето го врти да го бакнам.
    Деца во лице бакнувам само ако немам шминка на мене, инаку ги бакнувам на главче, на рачиња.
    Никој не сака да го лигават да се разбреме, но ако е мил и нежен бакнежот, без пропратни лиги од стари баби, на никој не му пречи.
     
    На DeepBlue и nesa им се допаѓа ова.
  10. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    абе ме оставаат без зборови некои глупи коментари коа ке прочитам у врска за децава стварно само некои забелешки имате и незнам веќе што, како само вие деца да имате, па кога ке почне да лази по под, што на вас подот ви е кристално чист и тогаш детето не ги бута рацете у уста?? колку само за глупави работи се замарате тоа е чудо...па внук ми само што го донесоа од болница си го избацив немате појма која радост е тоа, па нема шанси некој тоа да ми го забрани
     
    На calliope, baby-star, girl1985 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. ROSII

    ROSII Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    225
    потполно те сватив ,истото го поминавввввввввв,фала богу порасна па сега сам вика не баци имам капки,,,,,,

    има разлика од бацување и шлапосување,,,,,,,,бебиња не се бацуваат,колку да се има љубов кон тоа невино мало човече,секој свесен не треба ни од блиску да му збори а не да го лигави,за ништо не се нервирам како за тоа,,,затоа што човекот ги пренесува скоро сите болести и тоа е домакин на сите бактерии и вируси,,,,,,ни подот,ни куче ни маче немаат толку бактерии колку што може да има устата на човекот,ако те баци некој со херпес и тебе ке те фати,а ако те излиже куце раната ако ја имаш ке ти помине,,,,,,,,,,,,,
     
  12. Belisima

    Belisima Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2010
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    26
    Јас сум анјголем противник на тоа да се бацуваат децата посебно не додека се мали . Детето се бацува нажно на косичката а не да се лигави по лице но со старите неможеш да се разбереш се они знаат. За тоа свекрвами е многу обзирна она ја бакнува керками само во косичката и на рацете не на лице и многу сум и благодарна поради тоа
     
  13. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Јас искрено да ви кажам прв пат од вас слушам некој да забранува да му го бакнуваат детето. Ајде бе. Разбирам јас не сакате да ви го лигават не би сакала ни јас, но тоа јас не сум го ни видела до сега некој да излигави буквално да излигави бебенце. А за бакнување, па сите ги бакнувам каде што ќе ми дојди ноџиња, рачиња, обравчиња, грбче, меше...И моите внуци од први братучеди и децата од најблиските пријатели, сите и досега никој не превртил очи, нити смрачил фаца, нити рекол нешто. Сами си сакаат сега откако малку пораснаа идат и ми вртат обравче. Тие се мили и нормално дека најблиските ќе ги бакнуваат. Не планирам детето да ми го шлака некоја непозната од улица со лигушки ама најблиските секако дека ќе го бакнуваат, па не планирам да го чувам во стаклено ѕвоно. Тоа е најголемата радост за нив и јас нема да му ја скратам. Е сега ако не дај Боже му се направи нешто на кожата или ако тие се настинати тогаш знам дека и сами ќе бидат свесни да не го бакнуваат.
     
    На calliope, aaaaa, baby-star и 3 други им се допаѓа ова.
  14. langida

    langida Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    13
    јас сум голем противник за бацуванје на деца посебно на мали бебинја.Cтрасно се нервирав кога свекрвами ке го заслапасе ми идесе на нерви,иако 100 пати казав дане се бацува во лице,веке стварно ми дојдоа до нерви сто веке не гледав кој е па на сите им казував па дури имасе и ситуации да се скарам со некој зосто кога казувам никој не ме слуса па зосто јас да се нервирам за некои кој немаат разбиранје,треба да сватат и самите дека не е убаво тоа,дека се усте се мали и дека мозе секакви инфекции да добиат.
     
  15. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    10.903
    Абе ајде сите вие се најдовте најпаметни па не давате на никој да ви го бакне детето освен вие и сопругот.Ок децата се мали со послаб имунитет но како па ќе развијат имунитет ако никогаш не се изложат на вируси и бактерии.Абе вие мислите дека сите луѓе имаат сифилис и гонореја?Па уште читам дека ни на вашите мајки не би и м ги дале да ги бакнат вашите деца.Тоа за мене е стварно жално и бесчувствително. :puke: :swear: :call: :drunk: :rock: :x :worried:
     
  16. langida

    langida Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    13
    незнам дали ти имас деца изгледа затоа незнаес како е кога ке видис дека некој ти го бакнува детето.Hе е затоа дали е бабата дедото или било без разлика не треба затоа сто тоа е мало и кога одстрана гледас како некој фо бакнува не е убаво,а не дека имаат болести сите зално е за бебето а не за тие сто сакаат да го бацат,тоа мало и мозе да му нанесат секакви бактерии има незна коза така да лесно мозе да му се зацрвени лицето,изатоа мислам не се бацува мало дете барем до 1год
     
  17. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Не би се чуделе ако на вашете дете му пренесе некоја бабетина, тетка или што и да е некоја инфекција, а особено некоја габа, па да не можете крајот да си го фатите. Мене некоја теткица како мала ме зашлапала, па ден денес уште повремено имам проблеми со некои габи на образите, не како кога бев мала, ама понекогаш пак ми се јавуваат.
    Додека е толку нежно нема потреба, барем не по лице да се бацува.
    Косичката, ноџињата, рацете ок, ама шлапање по лице на мое дете јас лично нема никогаш да дозволам.
     
  18. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Жално е да имаш бебе, а уште да не знаеш правилно да се искажеш. |(
    Што има врска дали има некој/а бебе или не? И какво е чувството? Поубаво ќе ти е сите да го избегнуваат ко да има чума?
    Немојте бе луѓе. И јас мразам старинско шљапање и туширање, ама па дотолку стаклени ѕвона - не.
    Бабите, дедовците или кои и да се што го бакнуваат, му се радуваат на малото ко да е најсвето нешто.
    Внуче/роднинче е, нивна крв е, па и да не е крвно поврзано, самата појава им е мила. Тие дури и покаканото газе би му го бакнале без збор да речат.
    А најтрагично е сопствени родители или родителите на партнерот да ги гледаме намќорски кога го бакнуваат малото. Е тогаш ми се темни. Па тие до пред некое време ја жвакале храната за нас, а сега ќе ги гледаме намќорски ко демек ќе го изедат бебето.
    Точно дека е нежно, ама па нема да се скрши и нема од едно бакнување да закачи смртоносна бактерија. Недоволна информираност е. На какви бактерии се подложни и какви внесуваат мајките во текот на бременоста ехее, па ете го живо и здраво родено.
    Затоа, секојпат кога ќе се згрозите од таквото „шљапање“, сетете се дека секое бебе родено по природен пат, ја бакнало вагината на мајката при излегување.
    Хев а најс деј енд римембр: постојат влажни, антибактериски марамчиња.
     
    На Anne.B, hunny-bunny и sabatini им се допаѓа ова.
  19. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Калиопе риспект :bow: , те читам и поштувам, ама морам да си кажам дека и јас се грозев кога му ги шлапаа рачињата на моето 2-3 месечно бебе, а потоа тоа истото си ги ставаше во устето и си ги шмукаше ....леле жено да видиш колку е грозно, да ти се згади животот :puke: ....и не секогаш можеш брзо да изреагираш и да му ги избришеш рацето со марамица.
    ОК сите се радуваат, сите го сакаат, мало е, мило, ти иде да го изгрицкаш...ама пак е гадно од страна да гледаш како ти го лигават и шлапаат, а после тоа си ги шмука рачињата :x
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  20. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Многу сакам да гњавам бебенца,едноставно не се одолева :lol: Меѓутоа избегавам да го бакнувам,тоа енежно,малечко,па му влијае се.Не велам да се чува под стаклено звоно,нормално ќе го бакнеш,меѓутоа кога ќе видам некои стари кога ќе му зашлапаат раченцата,ноженцата ми се :puke:
    Значи не до толку,нека се има граница аман :!: