И јас не би дала да се бакнува моето бебе на лицето, на главчето може и рацете ама на лице не. Барем додека не наполни 4 месеци. Не се работи за тоа дека е гадно ама кожата им е осетлива и лесно излегуваат брунчиња кои ги чешкаат. И нема лутење на таа работа, сватливо е дека се мили и сакаш да ги изедеш ама воздржи се мајката..
РАЦЕТЕ НИКАКО,,,,,,,,,,рацете први ги пикаат во уста,ни лице ни раце,леле неможам да сватам што луге ке се тоа бебиња да се шлапосувало,па нели им е жал ,,,,,,,,,,
Никакооо нема да го дозволам тоа, па сега и да се лутат мислам нема смисла тоа е мало а и плус се согласувам брунчиња испааѓаат ке се воздржат!
абе какво бакнување нема шанси од бебе само ми ја бакнуваа и еве сеа има 3 годинки за во градинка се спремавме и и најдоа бактерии докторката вика од бацување и од допир дури ма не смее да се допира па камоли да се бакнува од кај се знае кој сто зараза носи во него
Многу нормално дека нема да дозволувам да ми го бацуваат детето,се дур не порасне...Потоа сам/а ќе си одлучува..Мразам кога гледам низ град како некоја непозната ќе и се закачи на некоја и ќе почне да ги 'дави' и двајцата(мајка та и детето)...Ќе го бацува детето и тоа онaка страсно..Бог да те сачува.. се чудам како тоа го дозволуваат мајките??Јас такво шлапање на најблиски не би им дозволила за мое дете ,а тек па некои од надвор..Од кај знаеш бе што болести има таа/тој.....Па има некоi јадел кромид/лук или не измил заби па ќе му корне тука на детето..Ма бог да те сачува bre...
Ауу не не не ! Здравје кога ќе имам малечко, лутеле, не лутеле јас ќе си им кажам. Бакнување бебенцето НЕ! Нежна кожичка има уште не сакам сите да ми го шлапаат.
Немам свое бебе, ама туѓите не ги бакнувам. Вистина, сакам да ги држам за рачето или ноџињата, ама да ги бакнувам не. Знам што све иам или неам и нејќам тоа мало суштество не дај боже да префати нешто, а како што сите иаме по некој скриен вирус... Знам не е убаво да се однесуваш премногу заштитнички спрема своите деца, дури можеш и лошо да им сториш, него добро, којзнае како ќе размислувам кога ќе имам свое, ама засега спрема туѓите бебенца така сум си поставена срцулиња мали, па уште коа ќе се појави некој да ги изгњави, да ги зашлапа
Бебињата на братуцетка ми близнаци се и имаат година и 4 месеци.Кога ке ги видам полудувам.Нив си ги сакам најмногу на свет.Срциња на тета.Инаку морам да си казам дека ме викаат тете.Имаат една година ама нејкам многу да ги бацувам,освен во раце нозе глава ама не толку во образи бидејки имаат најнежна кожа.Ги гушкам ги гњавам и ги апам по нивните малецки газенца.
Прво нешто што ми кажаа некни кога ме пуштаа од ГАК................ бакнување и лигавење над бебето никако ( и да не ми рекоа немаше да дозволам никој да го бакнува) И не ме интересира дали некој ке се лути или не.................... сезона на грипови и ми се најавуваат дека ке доваѓале да го виделе бебето........ Извинете ама нешто не сме како што требе.........това им го кажувам на сите што се јавуваат да се најават на гости. Нека наполни 40 дена па послем нека довагаат
Многу мразам кога некој бацува бебе. Бабата го шлапа по лиценцето, стринки, тетки, одвратно нешто! Едно време (и сеуште тоа се случува) мм ми префрла зошто не ги бацувам децата од сестра му. Прво не осеќам дека сакам да бацам било кое дете, а второ тоа е толку нежно и чисто и не ми иде некако. Љубовта се покажува и на други начини, не мора со шлапање и лигавење по бебето/детето и сеење на бактерии. Ова некако може и во проблем да ми прерасне за моите деца во иднина (да реагирам лошо кога ќе ги шлапаат).
Бацување на бебе иако јас не дозволував сбекрва ми од инат ме гледа во очи и го бацува и ко се изфрли брунки па ко и се развикав од тогаш го нема бакнато,ама некна и го оставив до продавница да идам до вечерта детето се изфрли.не ми е што ке го бацува ама пуши цг не води лична хигиена као демек била стара се бања 1 до 2 пати во месецот и тоа ме нервира,а внуче и е мило е ама нека воде хигиена.А инаку е дозволено после 2 недела мајката да го бакнува за да се навикне на киселините на устата на мајката и да ствара имунитет.
ма го грицкам , бакнувам ,гушкам и се по ред, понекогаш ми иде да го изедам ама мое си е и ќе си правам што си сакам , инаку бакнувањето на бебе по лицето отсекогаш мразев оти тоа е нежно душиче и така да други деца бакнувам на раче или стапалце во лето од чиста култура и мислам дека сите би требало така. Дури ми беше ептен мало детето имав по некои испади 2-3 пати ама се воздржував , а моево мазалче
Многу мразам бацување на бебиња, ама многу! Имам мачор и него го бацувам до бесвест, ама бебе да бацам бог да чува. Толку е чисто и нежно, јас да го шлапам ми е на крај памет. Бактериите така се пренесуваат..ако му мислиш добро нема да го бацуваш по лице и раце. Мм ептен ми префрла за децата на сестра му зошто не ги бацувам, ама нит ми иде за било кое дете, нит сакам така да правам. Веќе пишав дека љубовта се покажува и на мнооогу други начини, шмукање и лигавење секако не е единствен показател на милина и љубов. Не знам само како ќе биде утре, здравје, за моите деца..мислам дека можам и непријатна да бидам од што ми пречат вакви работи. Мајка ми, баба ми..значи сите исто размислуваат вака. Мене не ме лигавеле по лице како мала и можеби и затоа вака размислувам. Ама кај мм во фамилија е сооосема спротивно, така да изгледа ме очекуваат многу неволји на оваа тема
Јас моите бебиња сум ги бакнувала по цело тело, блиските бебиња може со ноџето или по косичката, екстра нежно, а туѓите не ги бакнувам, не дека не ми се мили туку да ги изложуваме на се и сешто, ги милувам со поглед или ќе ги држам малку и ќе ги галам по ноџињата. Чие и да е бебе никако не го бакнувам по лице ни по рачиња (тие најмногу ги пикаат во уста)
Ах бабите...И мајка ми ја фаќам како го бацува...Што да правам, ми вика ,,мое е, исто како што си ти ,,и што да и кажам...И јас си го бацувам, и во болница ми даваа да го бацувам...Нежно..А какви испади имам, ми иде да го изедам...Се плашам да не го каснам хахахахха...
ооооо си го бакнувам 1453749 пати во днеот, најмногу на главичката по косичката, на рачињата, ножињата, во образ ретко иако полудувам за него ми иде да го изручкам толку шо ми е слатко
со душа си чекав да имам мое бебнце и да можам да си го бакнувам колку сакам ,отсекогаш бев дечар и кога ке видев бебче одвај се воздржував да не го бацнам сепак мало ,нежно а и туѓо не бива да му се фрлиш и да го шлапаш и јас за моето не дозволував на никој,ама затоа со сласт керками ја бацнував од глава до пети само до годинка одвај после самата на никој не дозволуваше затоа навалете додека не разбираат
Јас сум дечарка и мн сакам бебиња си играм со нив ги гушкам понекогаш знам и да ги бакнам но во рачињата сепак се малечки и нежни, ах колку посакувам сега да си имам свое бебе но ќе почекам уште неколку години.
другарка ми ќе си го заспиеше бебчето. ќе дојдеше свекорот и од работа право веднаш влегува кај нив во соба и се случуваше да го разбуди детето и ќе го бацува... и велам зошто така дозволуваш.. па што да правам несакам да се расправам само ќе ми кажеше..
Бацување- Сум видела дека бебињата ги стават рацете па и нозете во уста па затоа не би дозволила ни на раце ни на нозе да ја бацуваат. Можеби само на главчето и тоа нежно. Лигавење никако. Одма ќе го земем бебето ако видам дека некој така му прави. Посебно пушачи. Не сакам да навредам некој,секој има право да прави што сака ама кога станува збор за моето бебе отчекувам разбирање. На мајка ми веќе неколку години наназад и кажувам дека нема да и дозволам да го држи бебето ако пуши.Она може пушела пред 2 саати ама неможе да ми каже дека облеката и посебно устата не и е замирисана. Спојлер (Искрено, муабетов повеќе е за да се откаже од цигарите затоа што веќе почна здравствено да и прават проблеми ама тоа не значи дека нема да се држам до тоа што сум рекла). И конечно, сега вика да се откажам зошто бебето уште малце ќе стигне.