1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бакнување бебиња

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Читам и се чудам, си викам добро човече дали е можно вака да размислуваат мајки, кои утре треба да им бидат пример на тие деца. Свекрвами го бакнува, па се исфрлило де ова де она. А маж ти кој го израснал? Таа иста жена, која сега нечини? Потоа нетребало детето да се бакнува вака да се бакнува онака! Добро бе луге, мислите дека децата треба да се чуваат под стаклено звоно? А потоа се чудите зошто потоа кога ќе дојдат во контакт со вистинскиот живот, кога вие нема да можете да ги држите во стерилен кафез, зошто често ќе се разболуваат? Затоа што кога биле мали не дошле во контакт со одредени бактерии и затоа организмот не сворил отпорност на нив. Значи со тоа тресење, леле зошто ми го допира детето, зошто го бакна итн само му правите лоша услуга на детето.
    Прашајтеги вашите баби како ги пораснале вашите родители во какви услови, дали им ставале памперс или пелени кои што ги переле со сапун направен од свинска маст. Дали вашите родители јаделе кашички и специјални храни, или од доење дирекно на манџи преогале. Истраувајте го малку минатото и како се одгледувале деца во минатото, пуштете ги сите овие современи прирачници итн.
    Најважно за детето е да израсне во средина исполнете со љубов, за да еден ден знае и тоа да ја пренесе таа љубов на некои наредни генерации. Немојте да се плашите да ги допрете децата до вас, немој да мислите дека на децата ќе им се случи нешто лошо. И децата како и животните ги препознаваат своите блиски по мирисот и е многу битен за нив за да се чувствуваат сигурни и спокојни, исто дако што едно теле, јагне.... ќе биде вознемирено иако ја леда својата мајка, се додека не ја почувствува нејзиниот мирис. И само уште нешто за жената која рече дека детето и се исфрлило од тоа што го бакнала свекрваи, А дали кога детето ќе се исфрли доле, кога ќе му се појави црвенило, дали тоа значи дека ти не си чиста мајка, и дека ти си винова за тоа? Внимавајте малку во тој однос со постарите, сетете се дека тие луге ја пораснале вашата љубов во здрава, права, паметна особа, за да сега вие бидете со неа/него.
     
  2. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    ^Се согласувам со тебе за поголем дел од работите што ги рече.
    Не знам дали си прчитала некои од мислњата што ги имам напишано.
    Јас не реков дека нема му дозволувам да биде во контакт со луѓе. Напротив, планирам да го носам надвор штом ќе бидам способна за тоа.И нема да чекам 40дена да ми идат гости. Ама мене лично ми пречи кога некој друг освен мм ме бацува,па дури и мајка ми, а да не зборувам за тетка ми :puke: ...Не е до нив, до мене е, едноставно ми пречи. Затоа и нема да дозволувам да ми го бацуваат бебто.
    Ова што си го пишала за пелени и сапун од свинска маст, и јас истот го имам речено. Затоа ќе користам пелени кои ќе ги перам,и не, нема да гледам дали прашокот е ваков или таков, каков е за сите, така и за неа.
    За манџите, и за тоа си во право. И ако некоја сака да му даде манџа на своето дете -слободно, ама јас не планирам да го правам тоа..Дека ќе јаде грав, ќе јаде ама кога ќе дојде време.
    Порано мајката ќе му даде на бебето да јаде и ќе го стави под сенка во нивата па оди и си работи, после некое време поминуваат комшии и за да и кажат дека бебто плаче, ќе оди ќе му даде да јаде и пак ќе го остави, не слуша дали плаче или не.Не се грижела дали има гасови, а сега јас ќе го поминувам цел ден со бебето, и тоа како ќе слушам кога ќе плаче. Ем на нејзе нема да и биде убаво ем на мене, така да колку што можам да си ги олеснам работите, ќе го правам тоа. Ако тоа значи дека нема брашно и црвен пипер во манџата, нека биде така.
    Мене ми се допаѓа начинот на кој порано ги растеле децата, ама времињата се сменија.
    Јас нема да го чувам детето во стаклено ѕвоно, баш затоа што викаш, како ќе му зајакне имунитетот ако не биде изложено на бактерии. Ама кога нешто ми пречи нема да се правам дека не е така.
     
  3. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.130
    Допаѓања:
    10.723
    Пол:
    Женски
    Јас обожавам да бакнувам бебиња, им го обожавам мирисот на косичката, колку им е мека кожата. :inlove:
    Секогаш сум внимавала да измијам раце пред да земам да држам мало бебе, кога требало да одам на гости кај бебе сум облекувала само тазе перени алишта, ако и најмалку сум била настината, макар и само затнат нос да имам, гледам да не ги фаќам за да не ги заразам.
    Ама еве сега читам коментари од мајки дека не сакале да им ги бацуваат бебињата, и се мислам да не сум била превише нападна... :( Верувам дека и јас би била доста заштитнички настроена за моето дете кога ќе дојде ред, и од сега ќе внимавам повеќе да не ги гњавам дечињата.
    Ама што да правам кога се толку слатки, само да ги изедеш се... :D
     
  4. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    captivating Да не те цитирам да не зафаќам џабе место. Значи те разирам кога велиш дека детето освен ти и маж ти никој нема да дозволуваш да го бакнува, тоа е мајчинскиот инстинкт. си го сакам само за себе и точка. И до некаде си во право Но ајде ажи ми како ќе ги спречиш? Ќе се скараш со сите? Замисли ти да земеш нечие дете и да ти каже немој да го бакнуваш! Што ќе си помислиш? Ќе си речеш како само таа да родила дете. Така?
    Кога ќе излезеш на улица на девојчињата од маало ќе им викаш од ќилометар не го бакнувајте моето дете? Значи тоа е беспотребно замерување со лугето. Зарем мислиш на бабите, ттките не им е мило да го гушнат, да го помирисаат, што рече Spidy?
    За детето е многу битен тој контакт со телото со мирисот бидејки кај нив во таа возраст визуелниот контакт не им значи толку. е џабе се препорачуа мајките да ги дражат децата на оли гради, токму за да се остари тој контакт со телото на мајката. И незаборавај, еден ден и ти кебидеш нечија баба, и ти ќе имаш внуци и замисли снаа ти или ќеркати да ти рече не го бацувај внучето. До срце ќе те изгори бидејки внуците се сакаат повеќе и од сопствените деца.
    Значи и тепихот не е стерилен но еден децки развој неможе да се замисли без лазењето, без расфрлани играчки по земја кои ги става во уста. Ќе им забраниш на лугето да не газат по тепихот? И околу манџите брашното запршката итн. Сето тоа може да го јаде на содветна возраст. А кажими дали ќе го доиш твоет дете година дена? Ако му мислиш добро тогаш ќе треба да го доиш, или ти е страв градите да не ти виснат па тоа правило што не ти одговара ќе го скокнеш?
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    И јас не сум знаела дека толку смета :worried: :sweat:
    Јас имам внука скоро годинка е и во последно време ми ја оставаат да ја чувам неколку часа .
    Уште на врата кога ќе ме види прета со раце и нозе и се смее :inlove:
    Сама се пружа да ме гушне и да ме гали за коса , како да не ја бакнам :?:
    Нормално не ја лигавам ама по главче често знам да ја бакнам .
     
  6. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Strumka22 Те разбирам што сакаш да кажеш. Навистина.
    Знам колку е важен физички контакт за бебињата и немам намера да го ограничувам.
    И нема да им забранувам на луѓето да ми газат по дома:lol: Уште сега имам определено место во средина на дневната каде што ќе ја оставам да лежи од сам старт. Немам проблеми со бактериите.
    Навистина не планирам да се замарам со тоа.
    Бацувањето е тоа што ми пречи како бацување е тоа што ми пречи, не бактериите.
    Мислам дека ме сваќаш што сакам да ти кажам.
    Иначе, не сум била во ситуација мајка да ми рече да не го бацувам бебето, затоа што никогаш не сум бацувала, сакам да ги држам, да ги гушкам, ама појдувајки од самата себе, знаејки дека мене ми пречи, не бацувам. А ми има една мајка изреагирано затоа што му дадов на детето да пие вода од мојата чаша. Вистина, детето бараше, ама јас требаше да размислам. Мајката ми рече дека ние имаме бактерии во устата кои децата ги немаат и не сака да пие од мојата чаша.А за мајка ми, знае, и ќе почитува, знам дека нема да и биде лесно ама или нејзе или мене, на една секако ќе и биде незгодно
     
  7. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    captivating Јас потполно те саќам но на тој начин ќе го лишиш детето утре да ја има таа блискост со лугето, бидејки тоа се учи од мали нозе. Еве пробај да ги анализираш лугето кои добро ги познаваш и ќе сватиш што сакама да кажам. Лугето каде нема таков „ѕид“ каде има гушкање бакнување на блиските без повод и причина, кога тие деца ќе пораснат полесно ја искажуваат љубовта и блискоста кон лугето за разлика од оние кои имаат таков ѕид. Инаку што се однесува до тоа дека ќе му одредиш место каде што ќе седи, тоа малку тешко, изгледа одамна не сте имале дете дома па незнаеш дека они одат спротивно од она што ќе им го одредиш ти.
    Во секој случај изборот е твој.
    ПС примерот што го наведе во скриениот текст е апсур и само хир на родителите.
    Инаку во првиот твој пост кој го коментирав на оваа тема рече: Ова се други времиња, демек децата сега биле поинави. Не, времињата се исти само лугето се сменети.
    Замисли да се роди детето и од х причини мораш да живееш во услови како што бабати ги растела таткоти или мајкати. Детето кога е мало се прилагодува на средината и условите. Додека после седмата година ако му ги смените условите на живот се јавуваат одредени вируси, болести.. Бидејки детето кога е масло доага во контакт со нив, и организмот ствара антитела и отпорнос. Затоа децата кои се во село, кои имаат контакт со животни, немаат ламинат, јадат овошје од дрво или земено од земња, се поздрави и имаат подобра крвна слика за разлика од оние во град кои секое нешто што ќе го изедат родителите по 10 пати им го мијат.
     
    На Избришан профил 156253 и zalosna им се допаѓа ова.
  8. awayfromyou

    awayfromyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    Обожавам да бакнувам бебиња, а кој па не сака?Тоа се најмили и најслатки суштества на кои не може да им се одолее :inlove: :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На Избришан профил 156253 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    како сакате светите ме,ама постари луѓе или некој кој ги знам колкаво им е нивото на хигиена и кај се биле пред да дојдат кај мене НЕМА да дозволам да го бакнуваат бебчето.
    А инаку и јас нема да чекам 40 дена па да го изнесам некаде.
     
  10. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Само да појаснам за тие 40 дена дека не се бабини деветини туку тоа се период во кој имунолошкиот систем на детето е многу слаб и тој период е заради тоа даден да се прилагоди организмот на новата средина. Јас мислам дека треба да се почитува тој период и да се избегнат тие несакани последици, бидејки се работи за организам кој штотуку излегол од една стерилна и идеална средина.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  11. H.e.L.e.N

    H.e.L.e.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    218

    да тоЧно е и бас заради таа приЧиниа не е убаво толку мало бебе да се бакнува на лицето :)
     
  12. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.858
    кога ке се роди моето бебе нема да давам да го бакнуваат бидејќи јас и мм имаме нежно лице и несакам тоа да се нафрли со ситни брунки. Кој сака нека се лути ама јас не давам
     
  13. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Струмка јас и ти се разбираме ама никако да се разбереме :D
    Бацување, значи, само бацување ми пречи. Не викам дека ќе биде така за цел живот туку на почеток, првите месеци, првата година, кој знае. Може подобро да речам дека ми е гад да ме бацуваат мене, а не пак бебето.
    За 40 дена,јас мисалам дека од препорака на докторите луѓето направиле адети и бабини приказни.
    Вистина имунолошкиот систем е слаб. Ама можеш ли да замислиш да бидеш затворена во една просторија цел месец? Јас не можам ни еден ден да издржам, ме фаќа нервоза, затоа планирам да излегувам. Пред зграда, по кеј и тоа би било 10-20 мин.За доброто на бебето, за мое добро и за доброто на мм.
    Сум била сведок на ситуации кога жената му се лути на мажот што излегува надвор пред зграда, а да не ви кажам колку повеќе се лути ако отиде подалеку.Тој и вика, оди надовр нека те фати воздух јас ќе го почувам бебето ама таа не сака. А се лути зошто она со бебето дома да седи и чека да поминат 40 дена, а тој да шета? Епа да седат дома сите тројца 40 дена :x Ќе спобудалеме сите дома
     
    На Girl-Rabbit му/ѝ се допаѓа ова.
  14. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Ни под разно не сум бацила бебе, и нема да го бацува никој моето. Да, тие баби и тетки се крв на ќерка ми, ама не сакам никакво бацување на голо лице, раце кај и да е. Мал милион причини можам да наведам зошто, и не се сметам за безобразна. Не 40 дена, додека не порасне само да гушка и бацува. Мајка ми тоа го правеше за брат ми и мене, нормално ми е и јас за моето дете. Бацување, друг пат. Ова не важи како некои што прочитав свекрва ми, золва ми. Мајка ми и брат ми исто се во таа багра. Зошто побогу воопшто би се пипкало бебешко лице?! Или рачиња кога ги става во уста? :^)
     
  15. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    Jас ги бацував моите по цело тело лице па дури и на газе а и брат ми татко ми мајками сите ги бацуваа и баш ми беше мило така да ги гледам а и за третово пак че биди исто :)
     
  16. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.419
    Допаѓања:
    33.994
    Пол:
    Женски
    Абе и јас ко вас викам мое дете нема никој да го шлапа и бацува.... ама оди разбери се со стариве
    Значи не сум против да го бацуваат во лице од тоа колку ми пречи што ја научија да ја бацуваат во уста...
    Последно цела уста и беше со афти неможеше со денови да јаде и опадна имунитетот и сл . со Т .. :^) абе ке полудев
    И сеа изигравам полицаец , не смее бацување во Уста

    Друго додека малава беше ептен бебе Се ставаше во уста , буквално Се ...и бабата на мм и пикаше прст и малава го грицкаше со непцата . Ми се згади ејјј ...Глупо или не и реков последно да е ставање прсти во уста на детето .
     
  17. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    бакнување како мало новороденче се уште не би сакала а потоа она нежно бакнување може :) зборувам за најблиските,нежно и малце а не да се лигават на него :^)
    знам вака грубо испајгаме ние али за добро на нашите мали :)
     
  18. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    :) не се ваљда сидосани бабите и дедовците или брајчата сестрите :^) и сигурно нема да ги шлапат дивјачки бебината него че ги бацат нежно и со цела милост на главче.мене да ми речи некој од роднините немој да ми го бацуваш детето нема повејче да го пуштам дома да ми цапни :@
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  19. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    во право си мила,ама како новороденче и како што ко бакнуват постарите и немора постарите со лигавење и слично :^) искрено не ми се допајга баш...
    сепак тоа нежно и тоа тазе на овој свет дојдено :^)

    на мојата сестра сите и го бакнува девојчето и секогаш на лице стоише црвено како мали сипаници па и лекар и забрани да го бакнуват :) оти се нежни тие душиња :D
     
  20. Beautiful-Princess

    Beautiful-Princess Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    372
    Пол:
    Женски
    Мислам дека сами треба да бидат луѓето свесни дека тие се нежни и дека секоја промена им смета, а не пак плунка. Не дека се сидосани или не знам што, ама пак јас да си го гледам детето цело црвено затоа што некој ми го бацил не го гледам. Кој колку сака нека се лути, има време кога ќе го бацуваат, а додека ми е мало, нема теорија. Јас нема да си го бацувам од страв, а не пак да дозволам некој друг да ми го шлапа.
     
    На girl-miri му/ѝ се допаѓа ова.