1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бакнување бебиња

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    451
    Пол:
    Женски
    Мислењево важи за сите освен за родителите: Разбирам да се бакни бебчето, ама па шлапање цело време, па ми се гади кога гледам.
     
    На Arien, Pcelka94, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.119
    Допаѓања:
    2.710
    Пол:
    Женски
    Абе неразбирам ни да се бакне ни еднаш. Бакнување на бебе во раче и толку. За мајки неважи!!:inlove:
     
    На elimkd и mariz им се допаѓа ова.
  3. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.217
    Пол:
    Женски
    Јас баш на раче не сакам бакнеж, рачињата им одат во уста... ама јас па таква сум си ќутам, многу пати се имаше случено да се шетаме низ населба и кој и да го видеше одма за рачињата мали да го фати со раце, па да го баци, од кај да знам што како фаќал тој човек, ништо не им викав ама одма дома му ги миев :)
     
    На stevemila, ChristmassTree, crimson и 2 други им се допаѓа ова.
  4. wings

    wings Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    2.889
    Скроз се согласувам, а едни старудии роднини очигледно ненормални што дојдоа на гости, на малово евра му тутнаа у раче и му ги држеа така да не му паднат пошто нормално не знае да држи, рачињата лигави и пари стуткани :devil: А јас ко малоумна некоја преќутев, после на мм му се дерев пошто негови роднини беа:D
    Уште го чекам деновиве бактерија да ми појави, бљак
     
    На stevemila и mariz им се допаѓа ова.
  5. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.217
    Пол:
    Женски
    Лелеее, таков случај немав.. се кај нозете му ги ставаа парите хахаха
    Не треба да ќутиме, но моментот брзо поминува и додека си речеш во глава дали да карам или не веќе поминало... Кај мене кога доаѓаа на гости, сите скоро раце одма во веце си миеја... :) Среќа од друштво по 4,5 души доаѓаа па ке му текнеше на еден и после нормално сите мијат раце :D
     
  6. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.588
    Допаѓања:
    39.592
    Пол:
    Женски
    На раце и образи не сакам да ми го бакнуваат детето и тоа дури вчера има го кажав на фамилијарните. На што личе тоа бакнување на двемесечно дете. Лицето со пудра и шминка го допираат на нејзиното и тие се лепат на нејзината кожа. Ако можам јас како мајка да тргам пудра кога сум со неа или едноставно да не ја доближувам до моето лице може секој друг. На главче дозволувам, на образи и раце не може.
     
    На stevemila, Mia.milicka и KAZANOVA27 им се допаѓа ова.
  7. KAZANOVA27

    KAZANOVA27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2016
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    367
    Пол:
    Машки
    Број еден противник сум за тоа да се бакне дете мало цел ден пуши две кутии цигари се бакнува со дечкото/девојката и ке дојде да бакне дете кое толку нежно и убаво нема шанси кој сака нека се љути нема бакнување :)8);)
     
  8. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.201
    Допаѓања:
    111.840
    Пол:
    Женски
    Сaмo нa глaвчетo јa бaкнувaaт сите, a јaс му се слaдaм и си јa бaкнувaм :inlove:
     
  9. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.778
    Пол:
    Женски
    Мое бебе само јас бакнувам. Мајка ми ја бакнува на грпчето позади кога ја држи, свеки некогаш на стапалца. Мм ретко ја бакнува заради брадата инаку дозволено му е :)
    Инаку јас немам срам, ако некој проба да ја бакне, ја тргам. Една тетка моја рече само рачето и одма и вратив рачето одма во уста оди, не може! Ептен се нервирам што секој што ќе ја види одма за раце ја фаќа|( За пари да и даде ми е бљак, немислење левел 100....
     
    На CurlyBlossomGirl, didisi и stevemila им се допаѓа ова.
  10. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.824
    Допаѓања:
    13.391
    Мајки, како реагирате кога ви ги бакнуваат бебињата во лице? Јас вријам, а ми го шлапаат некои бебето, а не можам да им речам зашто баш тие се роднини на мм. :@
     
  11. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Јас би им кажала
     
  12. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.824
    Допаѓања:
    13.391
    Абе да, ама јас сум таква што ете не можам и после дома на мм му се развикувам, а не треба. Инаку ај да се бакне така нежно, ок, ама има едни што апла ми го шлапаат детето. Ми идат страшно на нерви. Па и со кармин замисли. Сељачана.
     
  13. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.588
    Допаѓања:
    39.592
    Пол:
    Женски
    Кажи му на мт он нека им каже.
     
    На Black girl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mia.milicka

    Mia.milicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    205
    Договорете се заедно што да кажете во таков случај. Ние се договоривме да им речеме дека докторката ни рекла бакнување само на главче и на ноџе дека се нафрлува многу на лицето, а рачињата ги пика во уста. И на секој што ќе проба, им го кажувам тоа што е и вистина. Како бе не размислуваат, па бебче е...
     
    На CurlyBlossomGirl, kukla21 и Black girl им се допаѓа ова.
  15. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Многу ми е одвратно кога ќе видам како им се навртуваат на малите да ги гњават и лигават. Осет да се не немало... Кога подобро ќе размислам, мразам и онака на поздравување што се научиле сите со сите да се шлапаат и го избегнувам тоа секогаш кога е можно. За мое дете ќе важат мои правила и не би ми било воопшто срам да им речам на сите, било тоа да се мои или роднини од страна на таткото. Ако некој замери поради тоа нека не доаѓа слободно.
     
    На stevemila и kukla21 им се допаѓа ова.
  16. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.824
    Допаѓања:
    13.391
    А оние старкине кога ќе се зашлапаат во уста,особено на некои прослави. Одвратно :puke:
     
    На Zaljubena26 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. alisijad

    alisijad Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    6.763
    Пол:
    Женски
    Јас многу се нервирав што една од сестрите во систина цело време го бацуваше синко :envy: истата таа ми дојде и дома ко патронажна и цело време во лице го шлапкаше и уште вика јас сите бебиња си ги бацувам и гњавам (facepalm) вриев тогаш, бебе од неколку дена она го шлапка а ни ние уште го немавме бакнато:@

    Освен јас и мм и сега кога е поголем други не го бакнуваат, моите на грбче, на ноџињата ке го бакнат, ама во лице или на раце никако.

    Инаку многу пати ми се случувало на улица да го фатат за раце или некои лудаци да му стават пари во рака, со брзина на светлината летав дома да му мијам раце , прост народ без никаков осет :@
     
  18. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.588
    Допаѓања:
    39.592
    Пол:
    Женски
    Преска што се случи една ситуација од такт ме извади. Стојам со малата во раце, чекаме за преглед кај ортопед, а до нас една ромка. Малата ги испружи рацете и оваа ромката ја фати за рака и ја бакна. Се се случи во секундата и не знаев како да реагирам само и ја повлеков раката. Не ми е за тоа дека е ромка, туку дека јас не сакам да ја бакнувам на раце оти ги става во уста, а не па некој друг. Се изнервирав ептен.:@
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  19. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.683
    Jas si kazuvam nema baknuvanje so poostar ton i posle toa ne sledi prasanje zosto ili slicno moe bebe jas go cuvam jas se grizam za se... pa i ne veruvam deka nekoj od tie tolku sakaat da go bacat ...
     
    На CurlyBlossomGirl и ❤️Sneze❤️ им се допаѓа ова.
  20. дојде мојата комшивка... (млада девојка како мене,пријателка)
    *Инаку имаме 2 и пол недели само со бебчето..

    но ете, со нив сме скроз врата спроти врата, живееме
    и од ќеф, мерак, љубов, сакаше да помине. Ама ме праша дали да го поддржи, што ми беше глупо да ја одбијам. Но потоа му ги бакнуваше рачињата, и додека го носев кафето , го бакна и на обрафчиња. Многу ми е шубе...

    пошто сум загулена да речам не, или некако поинаку да се снајдам (за до душа до сега друг никој го нема ни бакнато ни земено од блиските освен јас и сопругот) дали можам да го мијам на рачињата и обрафчињата со купката што го капеме кога вака некогаш ќе ми се случи нешто

    Несакам да сум ситничар и параноична, ама ептен ми е шубе, а за снаодлива да кажам НЕ па ич не сум ..