Бакнување на деца во уста!

Дискусија во 'Дете' започната од lunicka, 25 јули 2014.

  1. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    80.350
    Пол:
    Женски
    Деновиве читав на нетов, а и пред некое време на форумов имаше пост на оваа тема.Што мислите вие за родителското бакнување на децата во уста?Дали е нормално да се бакнуваат децата во уста од бебиња до некаде 7-8 годишна возраст,зашто и ова го имам видено.И познатите не се срамат да си ја покажуваат оваа своја љубов дури и пред фотографите.Чинам едни од јавните личност кои кружеа со оваа тема на нетов беа Наташа Беквалац и Северина.Бидејки ја отварам темава ќе си го кажам мојот став.Јас не сум за вакво покажување на љубов спрема децата.Од една страна ми е некако безврска и нехигиенски.Постојат милион делови од телото на децава кога беа мали,а кои ги опсипував со бакнежи.Од ножните прстиња до главчето.Денес кога се гушкаме бакнеж само во образ,а син ми е веќе ни тоа не ми го дозволува.Но бакнежи во уста,тоа ми е некако непристојно.Се разбира секој со своето мислење и свој став.
     
    На blessed2, tessie, senza.parole и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.011
    Пол:
    Женски
    Јас сум против ова. Мене мајка ми кога бев мала ме бакнуваше некогаш во уста и знам дека ми беше доста непријатно и тоа мала бев и тоа девојче. И до поголемка имаше навика ама јас почнав директно да си одбегнувам. Мислам дека ова не е соодветен начин за изразување на родителската љубов. А поготово и што сум против многу лигавење на детето. На детето му е потребно покажување на љубов и нежност, но и цврста фигура покрај себе која ќе се наруши ако постојано се лигавите. И јас како и lunicka, мислам дека има многу други делови од телото за бакнување на детето, а веќе кога ќе потпорасне (10+ години) ако самото не чувствува потреба сметам дека не треба да се форсира со бакнување и гушкање. Може има врска а може не, ама мајка ми кога била мала баба ми воопшто не ја бакнувала и гушкала и сега е дифтар. :D Сакам да кажам не сака да се лигави многу, додека пак јас сум право лигле, само сакам да се гушкам. :wasntme: Може е и до карактер, не знам. Како и да е, сума сумарум, бакнување дете во уста не. Се знае кого се бакнува во уста.
     
    На senza.parole и lunicka им се допаѓа ова.
  3. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.051
    Допаѓања:
    11.535
    Пол:
    Женски
    Јас имам бебе и ќе излажам ако речам дека до сега, за овие десет месеци, не ми се случило да го бакнам во уста. Од една страна, сфаќам дека се работи за малку егоистичен чин од моја страна, бидејќи во моментот не можам да го контролирам нагонот на искажување на мојата претерана љубов и милост кон него и тоа ми доаѓа сосема несвесно во дел од секунда. Свесна сум дека бебешкото усте ги нема тие бактерии што ние ги носиме во нашата уста, а кои предизвикуват заболување на непцата или на забчињата доколку детето ги има, како и пренесување на бактерии од типот Streptococcus mutans, меѓутоа во нашите уста се наоѓа и ензимот лизозим, кој всушност е природен антисептик. Е сега, бебето е бебе, слатко и неодоливо, исто како и ти Луничка, така и јас го бакнувам од прстињата на нозете се до челцето, но признавам дека сум го бакнала и во затворена уста, што сметам дека не е некој голем грев. Мене лично, многу по не хигиенски и погадно ми е кога ќе видам дека кога на бебето ќе му падне цуцето на земја, мајката го крева и автоматски го пика во нејзината уста со цел да го „дезинфицира“, погадно и понехигиенски ми е кога ќе видам како мајката изиграва „блендер“ и ја џвака храната во нејзината уста и потоа ја става во устата на бебето или пак, на бебето му дава од иста лажица или вилушка со која претходно или истовремено таа јаде. Ако поткопаме малку подлабоко во темава, тогаш и бакнувањето на бебињата во раче е еднакво нехигиенски колку и бакнувањето во уста, бидејќи трагата од нашата плунка останува на местото каде што сме го бакнале, заедно со се бактериите што ги содржи, а потоа бебето ги пика рачињата во уста и ефектот е скоро ист.
    Е сега, имам и 7 годишна ќерка, која од милост ја бакнувам во образ, во главчето, но никако во уста, бидејќи веќе тоа малку се коси со моите морални и „нормални“ сфаќања и ми е некако невкусно. Сметам дека е голема за такво изјавување на нежност, така што љубовта што ја чувствувам кон неа можам и со зборови да и ја раскажам, а таа ќе ја доживее исто како да сум ја опсипала со бакнежи од глава до пети.
     
    На trouble, thelittle17, bittersweet и 3 други им се допаѓа ова.
  4. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.666
    Допаѓања:
    7.602
    Пол:
    Женски
    Според мене малку е невкусно. Сум сретнала вакви примери но мене поубаво и послатко ми е кога мало детелце ќе го бакнам на лицето, на носето или на челото. Во уста никако. Не дека се гадам од мало дете ама сепак невкусно ми е.
     
    На senza.parole и lunicka им се допаѓа ова.
  5. Srckata28

    Srckata28 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    2.137
    Допаѓања:
    8.036
    Пол:
    Женски
    Кога сум била помала,мама ме е бакнувала во усните,ама многу,многу ретко,не се ни сеќавам дури.Тоа е било од брзање,набрзинка,не дека целила во усните да ме бакне.Кога е во прашање мојот став,штознам,не е некоја голема работа,ама пак нема да речам „да,треба така“,ниту пак ке речам дека треба со закон да се забрани.
    Инаку,кога сме воопшто за бакнување,јас сеуште си се мазам со мајка ми,who cares,си ја сакам и си се гушкам со неа,си ја бакнувам во образите,ја гушкам,како бебе и скокам во прегратка,па што,мајка ми е. :D
     
    На SV1911, lunicka и Gea им се допаѓа ова.
  6. MalaMedena

    MalaMedena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    175
    Кога бев помала бабите ме бакнуваа во уста и многу ме нервираше.Постепено како растев почнав да ги избегнувам,сега во образ ме бакнуваат :) Имам слика и со мајка ми кога сум била бебе како ме бакнува во уста :^) Мислам дека тоа порано беше нормално во уста да се бакнуваат децата.Дури и возрасните се бакнуваа при поздрав :D
     
  7. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    4.270
    Допаѓања:
    149.868
    Не,ниту едното,ниту другото не се бакнати од мене во уста.Се знае чии усни треба јас да бакнувам,а здравје Боже и децата мои кога ќе си пораснат ќе си имаат некој/некоја од кои ќе добиваат бакнеж во уста.
    Синот,чекам да заспие за да го бакнам во чело/образ бидејќи ми има кажано при обид да го бакнам „мамо ма, не ме лигави“,а ќерката редовно добива бакнежи во образ,коса,раче.
    Мене повеќе ми значи кога силно ќе ги гушнам на градите,а нивните раце ќе ги почувствувам околу себе.
     
    На senza.parole, lunicka и Lovely93 им се допаѓа ова.
  8. GirlRose

    GirlRose Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    3.069
    Допаѓања:
    15.955
    Дедо ми сваќите му на свадбата на мајка ми и татко ми ги бакнувал во уста :rofl:
     
  9. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.011
    Пол:
    Женски
    Аииии опасен дедо нема штоо :rofl: си ја знаел тој работата :lol:
     
    На GirlRose му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    2.959
    Допаѓања:
    54.702
    Не се сеќавам дека го имам бакнато син ми во уста, ама па од друга страна имам видено мајки што ги бакнуваат малите ќерките во уста и никогаш не ми изгледаше невкусно, дури ми беше симпатично.

    Јас па попрво ќе забранам да можам за сите и познати и непознати, кои што ќе ги сретнеш во парк, во лифт, во продавница, каде и да е, што кога ќе видат бебе или мало дете, па го штипат за образите со рацете кој-знае-колку-чисти, или па во рацете ги бакнуваат, а малите бебиња не ги вадат рачиња од уста.
    Па подобро јас во уста да го бакнувам неголи да лиже плунки од сите други непознати. :puke:
    А на секое се обидував да им кажам: не го фаќај за лице, ама па на крај се откажав, на секој метар да повторувам истото и пак на крај не можат да разберат, се навредат, па ајде си кажав нека си развива имунитет :D Што да правам кога народ не можам да го изменам, таков менталитет е, само јас се нервирам на крај и на се јас сум дрска и чудна :^)

    И да додадам, јас моето дете многу го гњавам, премногу, не можам да се воздржам. Сега веќе ме избегнува, и се воздржувам, ама кога и да можам или поминам покрај него јас го погалам, или бакнам или гушнам, или се заедно :D И искрено, мене ми многу фалеше таква нежност од моите, од мајка ми, јас не се сеќавам дека мајка ми изразувала нежност и љубов на физички начин, а тоа е многу битно и е потребно за еден здрав раст и развој... отидов јас во друга тема :$
     
    На trouble, bittersweet, lunicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. GirlRose

    GirlRose Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    3.069
    Допаѓања:
    15.955
    [​IMG]
    ваков тип на бакнеж одсекогаш ми бил невкусен
     
    На senza.parole и lunicka им се допаѓа ова.
  12. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    80.350
    Пол:
    Женски
    Значи да додадам темата е за родителско бакнување во уста,а не за бакнување од страна на непознати.И не за било кој друг вид на бакнување.
     
  13. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    5.359
    Допаѓања:
    69.448
    Пол:
    Женски
    Луничка можеби ќе ми се налути ама морам мал вовед во мислењево :wasntme: Од кај татко ми сум кумановка, ама од оние кумановци кои сакаат да се шљакаат по 3 пати, по можност третиот пат сочно во уста. (Имам трауми, а богами и мајка ми :rofl: )
    Кога бевме мали од страната на татко ми се лутеа што мајка ми стави ограничување на тие бакнежи кога стануваше збор за нас.

    Мајка ми многу ретко ама многу ретко знаела да не бакне во уста. Тоа било во оние моменти кога ќе се видиме после недела, две, некогаш се случувало и повеќе време кога ќе не оставела да седиме во село кај баба.
    Најчесто не бакнува на рака, сеуште го прави тоа :lol: Ќе не гушне ама бакнеж строго на рака освен ако ние не ја прилепиме до нас па да ја бакнеме во образ.

    Мене не ми се допаѓа тоа бакнување во уста иако се обидувам да ги сфатам мајките кои го прават тоа. сеуште не сум мајка, но верувам дека тоа е огромна љубов која веќе не знаат на каков начин да ја покажат :lol: Не велам дека јас тоа утре ден можеби нема да го направам, но не ми е симпатично.
     
    На lunicka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    22.061
    Пол:
    Женски
    Моите деца си ги бакнувам во уста , ги бакнувам секаде де ... мили ми се , Мои се :D
    Ги гмечам од гушкање , таква сум си ... посебно ова малово , мекано ко мече , кога го бацнувам по обравче се гази од смеење душата ми ја топли , ова големово исто ....сега не дава толку да ја гњавам ..

    Друг не дозволувам да ги бакнува во уста , во обравче може ама и тоа со усул да е ...
    мене ми пречеше и сега пак од по ново што бабата на мажми им пика прсти во уста на маливе , ова бебе теленце се става во уста ...ама еднаш кажав да не се повтори веќе :|
     
    На do-re-mi, girl-miri, Peppermint и 4 други им се допаѓа ова.
  15. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    4.647
    Допаѓања:
    31.378
    Пол:
    Женски
    Јас сум против бакнување на децата во уста.Оваа постапка е контра моите морални и нормални сфаќања
    за блискоста меѓу родителот и детето. Бакнежот на усни има поинакво значење и изразува друг тип на емоции.Родителската љубов може да се изрази преку бакнеж на образи,чело,глава,раце и една силна прегратка која ќе му овозможи на детето да се почувствува сакано и заштитено.
    Лично,немам навика да бакнувам деца,освен мојата внука.Тоа се случува кога сакам да и се заблагодарам за некој гест или при поздрав.Ја бакнувам само во челото.
     
    На Nausicaa, Bescheiden, Daydream и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    2.959
    Допаѓања:
    54.702
    Интересно ми дојде, бидејќи форумот ми беше отворен на оваа тема и маж ми во поминување го виде насловот и прокоментира: бакнување дете во уста ?- бљак :D
    Го прашав зошто така мисли, тој ми го даде истиот одговор ко цитираново.:)
    Што знам, никогаш не размислував овака, може има смисла.
    Мене пример таа слика како погоре поставена ми е симпатична, како две другарки, можеби бидејќи јас со своите блиски другарки во младоста секогаш се поздравувавме со таков бакнеж во уста, па затоа не ми изгледа невкусно. Мада својот син не го бакнувам во уста.
     
  17. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.500
    Пол:
    Женски
    ау бљак ! :puke:
    кога го прочитав ова ми текна на .... како бе бакнување деца у уста мислам хелоу ! разбирам у образ али у уста .... одвратноо !
     
    На Saricko му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    115.774
    Пол:
    Женски
    Мојата мајка, до мои 4-5-6 годинки можеби, за секоја добра ноќ, откако ќе ме сместеше во кревет ми крадеше таков брз-лигавfree-добраноќ-полнљубов бакнеж. :) Не сметам дека тоа е невкусно или ненормално. Напротив, тоа ми е скроз симпатично.
    Без разлика за кој дел е наметет бакнежот, ист бакнеж кај различни луѓе изразува различен тип емоција, чисто ради различната причина која ги врзува тие луѓе заедно.
    И обичниот бакнеж на рачето, образот, челото, на своето бебуле буди различна емоција од оној бакнеж на истите места, наменет за својот сопруг/сопруга.
    Шо знам.. мое мислење. :)
     
    На Hipica, bittersweet и Bridget им се допаѓа ова.
  19. QweenSM

    QweenSM Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    2.149
    Допаѓања:
    13.809
    Пол:
    Женски
    Мене мајка ми кога бев малечка, секогаш ме бакнуваше во уста. Оваа јас од неа го превземав и сега со сестра ми така си се бакнуваме.
    Штознам.. јас не го гледам ова толку некултурно и негативно.
    Тие се моја крв, нема што да ми е некултурно.
    Да, признавам. Пред тоа ова ми беше невкусно, но со текот на времето ми стана океј. :)

    п.с - И се восхитувам на сестра ми како ми дозволува толку да а гњавам. Душата и а вадам. :D
     
    На cresa-jagoda и Bridget им се допаѓа ова.
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    6.289
    Допаѓања:
    98.996
    Се бакнуваме и во уста, и тоа обично го правиме со напрчени усни како дак фејс. Сопругот исто. Не сме ни помислиле дали можеби не треба, нас ни е најнормално. Кога ќе порасне не знам како ќе биде, но ако се прашувам јас не би ми било воопшто непријатно. Имаме блиски кои имаат веќе големи деца и сеуште ги бакнуваат како мали деца, не гледам ништо непримерно напротив, баш ми е симпатично. За мене тоа е како израз на една вистинска блискост, не го гледам на перверзен начин.
    Јас со моите родители не паметам, ниту пак сега можам да се замслам, но пак ќе кажам, не дека го поврзувам со нешто што не треба туку затоа што немаме близина. Со нив и бакнеж во чело би ми бил непријатен.
     
    На vickyy90, Serafima, Hipica и 3 други им се допаѓа ова.