1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бакнување на деца во уста!

Дискусија во 'Дете' започната од lunicka, 25 јули 2014.

  1. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Вие што сметате дека бакнувањето во уста е настрано, истото мислење го имате и за доењето?
    Ме интересира бидејќи нели дојката во уста му ја ставаме на едно мало бебенце! :!: Дојката замислете??? :^)
    Бакнеж во уста е настрана работа, а дојка во устата на детето што е? Крај на светот? Злочин? Што е?
    Разбирам да не ви е сфатливо и прифатливо поради хигиенски причини како што се изјаснија некои мајки и девојки, но таквиот чин да го сметате за настран ме тера да помислам дека ви е потребна психијатриска помош бидејќи очигледно имате крајно изопачен и перверзен ум!
     
    На Kaetana и natemila им се допаѓа ова.
  2. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Настрано - во никој случај.
    Нехигиенски - во одредена мера да.
    Непотребно - за кого како. Ако јас не си ги избацкам децата наутро не ми почнува денот.
    Пренастрано - Како може ставање полов орган во уста да не е настрано а ова да е?
     
    На mal.ecka и Nezna28 им се допаѓа ова.
  3. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.208
    Допаѓања:
    13.034
    Пол:
    Женски

    Зависи за какви бакнежи се зборува. Мислам, мајка страстно го бакнува синот, како мажот што си го бакнува (под ова страстно не подразбирам "мва", туку претерано лигавење демек детето и е љубовник), тоа за вас е нормално? Тогаш вам ви е потребна психијатарска помош.
    И плус, доењето е сосем друг чин, кадешто мајката го храни детето. И, доењето престанува по година-две, а бекнежите не.
     
  4. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Па кој зборува тука за таков начин на бакнување?
    Која нормална мајка на тој начин го бакнува своето чедо? Јас не сум слушнала, ниту пак видела такво нешто.
    Никој тука не разговара за бакнување со кое се разменува плункова содржина, туку за сув бакнеж со усните.
    Очигледна и јасна е поентата на темата!
    Не е важно колку трае доењето, поентата ми беше дека е природна и нормална работа исто како што природно и нормално е да си го бакнеш чедото во уста.
     
    На natemila и Bah им се допаѓа ова.
  5. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.208
    Допаѓања:
    13.034
    Пол:
    Женски
    Се извинувам ако те навредив, но навистина има и мајки кои на таков начин ги бакнуваат децата. Ахам, па дури и на фејсбук ставаат фотографии. Тоа е тотално недолично. Да го бакнеш четодо во уста еднаш, или неколку пати додека е сеуште бебе е едно, а да го бакнуваш додека има 3, 5 или повеќе години, тоа е гадно. Ако веќе толку сте заљубени во вашите деца, бакнете ги во образ, раче, но усни? Немам зборови...
     
  6. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Сега ти праќам едно смајли што се крсти и едно вакво :fubar: со милион прашалници кои означуваат „Боже златен, зошто си создал вакви настрани личности кои и она што не е настрано го сметаат за перверзно“
    Зборуваме за бацка, а не за лапање
    Син ми има 5 годинки и кога ме бакнува ќе ме бацне во уста и ми вика „Мамичке моја мила многу те сакам“. Ептен настрано и перверзно дете од 5 години имам
     
    На mal.ecka, leona83 и Bah им се допаѓа ова.
  7. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.187
    Јас нема да ја коментирам Мадам, само се надевам дека е младо девојче инаку во спротивно многу би бил разочаран, со ваквото нејзино размислување. Само ова ќе и го кажам. Бакнеж со дете во уста не значи размена на течности, значи не лапање, туку обичен бакнеж. Претпоставувам ме разбра.
    Мој совет за Анина, драга немој никогаш да имаш резерва дали е исправно да му искажеш љубов на твоето дете, слободно бацувај го и гушкај го, затоа што тоа дете кои од мало почувствувало неизмерна љубов во домот неможе да биде лош човек. Никогаш не тргнувај од тоа дека правиш нешто лошо и дека ќе му наштетиш, љубовта никому неможе да му наштети.
    Претпоставувам голем дел не ни живееле со бебиња за да видат како тие функционираат. Дали знаете дека децата кога им растат запчињата и воопшто кога се мали кога ќе ги земе мајката постојано устата им е на нивното рамо, и се лигават целите ја касаат затоа што ги чешаат запчињата, а рамото секогаш ли е чисто и да не наведувам уште милион работи. Сте се научиле само во секоја тема не е хигиенски и као сте кажале нешто паметно па цицката секогаш ли ја миете пред доење или ја чувате во стерилна просторија?
    Жалосно е што се отугуваме и од сопствените деца и велиме не е хигиенски мајката да го бакне детето, кое излегло од нејзината утроба.
     
    На Kaetana, Gea, natemila и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Bah никој овде не рече дека децата не треба воопшто да се бакнуваат.

    Премногу мешате работи кои навистина се непотребни само за да излезете во право. Темава ќе стане иста како темата "Доење во јавност". И таму темата беше едно, а се збореше сосема нешто десетто и крајот не ви се наоѓаше. Фрчеа навреди од сите страни. Како што гледам и овде сте почнале. И сето тоа е зашто темиве директно ги допира мајките па се пристрасни. И тука сте почнале да мешате секс и доење, а никој не ни спомна такво нешто. Зошто ова го споредувате со "пикање на полов орган во уста"? И кој спомна дека доењето е гадно? И како според некои коментари сфативте дека штом некој не го оправдува ова дека автоматски и доењето го смета за гадно? Сите теми ги направивте каша попара.

    И Bah ако некој кога бил мал не го бацувале во уста не значи дека ќе стане лош човек. Љубовта може да се покаже и на милион други начини. И аман научете се веќе еднаш засекогаш да прифаќате туѓо мислење колку и да ве засега лично. Штом некој има спротивно мислење од вашето веднаш се вадите на тоа дека некој е дете, недораснат, па леле како тоа за тебе е настрано, па чудење, припаѓување во несвест, па одма со анализите дека кога била мала не и' покажувале доволно љубов, па затоа сега ова го смета за настрано, па гледам и психијатриски болници сте почнале да спомнувате. Мизерија сте да ви кажам, најискрено.

    И јас го сметам за нешто што не е нормално. За мало бебе, ок, разбирам. Мало е и мило и не можеш да се контролираш. Тоа воопшто не ми изгледа настрано. Ама дете од 10 години, па и повеќе да го бацува мајката или таткото во уста? Гледката ама воопшто не ми е убава. Поготово па кога децата ќе пораснат големи. Љубов може да се покаже и со гушкање, може да се покаже и со бацување во образ, чело, рамо, рака... Ехее има еден милион начини. Уста, не. Не изгледа убаво и крај, освен за бебе, кажав. Си замислувам сега во глава на пример дечко ми да бил навикнат така од мал, мама во уста да ја бацува (зашто тоа си останува и за понатака). И замисли сега оди неа ја бацува во уста, па после доаѓа мене ме бацува... Катастрофа. И што е тука нормално за вас јас стварно не знам.

    За некој е нормално, за некој не и што да правиме сега? Дај да се обесиме ние што го сметаме за настрано зашто очигледно сме лоши луѓе, а штом и децата наши нема да ги бацуваме во уста и тие ќе станат лоши, па не заслужуваме да живееме зашто сме само паразити за општеството.
     
    На tessie, LittlePinky, lunicka и 2 други им се допаѓа ова.
  9. DoReMi

    DoReMi Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    156
    Најнормално е секој да има свое мислење. А има право никој да не го осудува за тоа, уште помалку да го навредува. Да не одам офф топик, да го кажам и моето мислење.
    Јас не го оправдувам ова, мене ми е неубаво кога ќе здогледам како родителите ги бакнуваат децата на таков начин. Едноставно не. :shake:
    Е сега, кажав, секој нека прави како што мисли дека е правилно. :!:
     
  10. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Дечко ти сигурно нема 10-11 години. Значи се зборува за деца а не за воздрасни. Во принцип, со влегување во пубертет, децата на некој начин се одделуваат од родителите. Па нема јас син ми, кога ќе порасне, да го бацнам во уста пред друштвото или девојката :?: Има разлика измеѓу дете и тинејџер. Темата мислам дека е јасна.
    Јас ја направив споредбата со половиот орган бидејќи една феминка пред мене имаше напишано дека тоа била најнастрана работа во споредба со било што.
     
    На Jagoda123, Bah и leona83 им се допаѓа ова.
  11. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Daydream многу поубаво е да се каже не практикувам и не сакам да ги бакнувам своите деца во уста поради тоа, тоа и тоа, отколку да се лепи етикета "перверзен родител" на оној што го прави тоа нели?
    Сопственото мислење секој може да го искаже на многу убав и културен начин, без притоа да се повредат нечии чувства така?
    Ако некој смета дека мојата постапка е перверзна и јас имам потполно право да сметам дека таквото размислување произлегува од личност со крајно изопачен ум на која и е потребна психијатриска помош нели?
    Коректно е некој да те прави перверзен? Не е нели? Не е пријатно да се прочита едно такво мислење, мизерно е!
    Не сум пристрасна бидејќи сум мајка, а мајките се оние кои се засегнати во темава.
    Знам и те како да испочитувам став поразличен од мојот, но имајте осет малку, внимавајте како се изразувате.
    Патем Анина многу убаво објасни во претходниот пост. Сигурно нема да го бакнувам син ми во уста кога ќе биде голем дечко, па дури и да го сакам јас тоа, тој нема да сака.
    Станува збор за бакнување во уста додека се децата мали!
    Толку од мене на темава!
     
    На Bah, joy1, natemila и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.208
    Допаѓања:
    13.034
    Пол:
    Женски
    ^
    А кога се мали пријатно ли им е?
    Не сакам да се карам, само прашувам.
     
  13. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.442
    Пол:
    Женски
    Имам керка 6 годинки, ја бакнувам во образ, во чело, и во уста знаеме да се бациме некогаш. A кога ке си ја избањам и ставам во бањарче си ја бакнувам насекаде.
     
    На Bah му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Штом син ми се смее, не плаче, не се мурти и не се трга кога го бакнувам во уста што мислиш како му е?
     
  15. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.442
    Пол:
    Женски
    Сонцето осеќа само колку мама го сака :)
     
    На girl-miri, Bah и Jagoda123 им се допаѓа ова.
  16. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.208
    Допаѓања:
    13.034
    Пол:
    Женски
    Само прашав. :) Штом на детето му се допаѓа тоа, продолжи. :)
     
    На Jagoda123 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Не ми предизвикува гадење глетката, нити сметам дека е первезно.
    Лично не се сеќавам дека моите ме бакнувале во уста, инаку сме многу блиски така да не се сложувам дека децата кои не се бакнуваат со уста со родителите не им е пружено љубов. Јас и ден денес се гушкам и бакнувам во образ со моите. Не гледам дека љубов ми фалело, не ја претерувајте сеа.

    Инаку ја прашав мајка ми дали не бакнувала некогаш во уста таа рече дека да ама кога сме биле бебиња од милост, радост сеедно.
    И сметам дека е ок додека се бебиња или малечки дечиња.. А веќе поголеми деца лично сметам дека не e ок, мислам дека може и да создаде конфузија кај детето. Оти сепак со бакнежот со уста се изразува друг вид на емоција.

    Искрено шмукање на долна уста на бебе(како што прочитав погоре), што сакате кажете ама безвезе и беспотребно е.
     
    На baby-star и natemila им се допаѓа ова.
  18. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Ја кревам високо, па ја спуштам и баш кога ќе ја бакнам во устето, се смее, гуга и се витка за да биде поблиску до мама. Мислев дека сите го доживуваат тоа со своите деца, ама за жал се разочарав затоа што некој никогаш нема да го доживее тоа чувство, бидејќи мисли дека е перверзно.
    А од каде знам дали и е пријатно? Ја земам комшиката за да ја бацне и ако плачи значи со мене и е пријатно :fubar: :x Оди и бакни бебе 5 месечно од на улица да видиш како ќе реагира. Да може очите ти ги вади.
    Патем, син ми на 5 години, кога ќе му речам да го бацнам, го трти устето сосема свесно.

    Одам јас да си легнам, за да се одморам за да имам утре сили да си ја продолжам својата перверзија
    :* :* :* :* :*
     
    На Bah и joy1 им се допаѓа ова.
  19. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.208
    Допаѓања:
    13.034
    Пол:
    Женски
    ^
    Јас не реков дека е перверзно, само прашав. Мене никогаш мајка ми ме нема бакнато, па сметав дека е одвратно. Потоа прашав како дечињата реагираат на вашите бакнежи. Но, штом на вашите дечиња тоа им се допаѓа, нема зошто да велам дека е нешто непристојно или неубаво. Сепак, за нив е ова дебатирање.
    Имај пријатна ноќ. :* :)
    Уште еднаш, извинете ако сум навредила некого. :)
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  20. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Ај ќе заспијам на компјутеров ама морам :!:
    Јас не ја лигавам, само така си играм од што ми е мило. И многу други работи се беспотребни ама јас ги правам како бакнување носе, увце, ноженце, стапало, газе...
    Во овие кои ги набројав, некои покажуваат друга врста на љубов која моите деца се уште не ја знаат
    Не можам бре да одолеам на децата. Колку и да звучи беспотребно и безвезе, мене тоа ме храни.
     
    На Bah и nevermet18 им се допаѓа ова.