Бакнување на деца во уста!

Дискусија во 'Дете' започната од lunicka, 25 јули 2014.

  1. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Навиката е многу лоша работа. А и јас не зборам од памет, прочитав постови во првите страни каде убаво си напишале неколку феминки дека и ден, денеска си се бацуваат со родителите, сестрите во уста. Така што мојот пример си е на место и си држи вода. А и во живо имам видено личности кои имаат можеби над 25 години и се' уште се бацуваат по дома во уста. Не секое дете се оддалечува од родителите во пубертет, тоа си е индивидуално.

    Јас колку што прочитав во првите страни ти си таа што прва го напиша зборот "перверзно" и воопшто го поврза со темава. После тебе се провлекува низ постовите, а сами си го напишавте. Никој претходно не видов да напише дека сте перверзни. Поправи ме ако грешам.

    За истово се налутивте и во темата "Доење во јавност". Некој и таму напиша дека му е гадно и одма испоскокавте. Како и овде. Не знам зошто толку тоа вас ве навредува и засега? Ако ти сметаш дека е во ред, продолжи да го правиш и готово. Секој има право како сака да се чувствува. Некој рекол "бљак" и сега ајде да го каменуваме. Како можело да му биде гадно. Што се чудите јас не знам. Епа гадно му е, и сега што да правиме? Не секој има ист желудник и ист речник. Ајде сега на сите да ни биде најубаво на цел свет само зашто на вас ви е тоа во ред.

    Пристрасни сте, еве и самата си кажуваш зашто велиш дека вие сте засегнати од темава. Не, не сте вие засегнати туку така се чувствувате. Темата не е за вас конкретно, туку е општа. Може некој напишал "бљак" за бакнеж во уста помеѓу сестри, а вие одма си ја свртевте работата дека е за вас лично. Името е "Бакнување на деца во уста", а не "Бакнување на деца во уста од страна на мајката". Општа си е.

    Кажав дека за бебиња ми на некој начин во ред. Јас ни тоа не би го практикувала ама кога ќе видам да некој друг го прави тоа не ми е одбивна слика. Додека бацување на веќе големки деца ми е крајно невкусно за гледање. За другото кажав погоре.

    Јас многу добро знам како се изразувам и внимавам. Така што тој дел од твојот пост со преупредувачки тон нема да сметам дека е за мене.
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Бидејќки денешно време се ненормално и неморално е НОРМАЛНО, секако дека и бакнувањето в уста ќе стане нормална појава. :!:

    Мене едноставно од бакнување деца в уста ми се :puke: .

    Бакнувањето е ИНТИМЕН чин, се прави меѓу маж и жена. Детето ви е дадено за да го порасните, да го воспитате, а не да го бакнувате ВО УСТА !!!

    И какво дете ќе израснете бакнувано од мама ? Па, и папочната врвца не мора да ја сечете.
    БУКБАЛНО ги унаказувате децата за во понатамошниот нивни развој.
    И потоа имаме мамини синови, разгалени ќеркички.

    **

    Јас како дете видов кога еден татко ја бакна ќерка си во уста и ми се згади. Траума ми стана. Ми беше толку педофилски. Толку неприродно.
    А, бев дете (кое не се разбира многу, туку е природно, дете како дете).

    **

    Прочитајте малку психологија, никаде не се оправдува бакнување деца в уста. Почитувајте ја интимноста на детето. Ако сте го родиле немате право да му правите се и сешто.
    Ама, како што кажав, денес се ненормално е нормално, а луѓево имаат многу изветоперени умови.

    Доењето е хранење на бебето. Природата ти го дала тоа.
    А, устата и јазикот во неа ти се дадени освен за основните функции, за бакнување и уживање со маж ти, не со деца !!!

    Мислам, ако е нормално бакнувањето, стави му и јазик внатре, утре нешто друго ќе ви текне. Абе секоја година за година, луѓево стануваат се поненормални и ојдени во умовите.
    Еден ден и голи ќе се шетаме и нормално ќе е. :x
     
    На senza.parole, cresa-jagoda, LittlePinky и 2 други им се допаѓа ова.
  3. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Ако ти како дете си проценила што е педофилски - тогаш нешто не било во ред со тебе. Мене како дете кога ќе видев дека мајката/таткото си го бакнува детето ми изгледало најнормално Се обложувам дека детето мое уште не знае дека бакнувањето во уста е чин, само, измеѓу маж и жена(според некои).
    Патем јас кога си изграме сите тројца на спалната им ги грицкам стапалцата. Дали и од тоа ви се :puke: бидејќи можеби е нечив фетиш????
    И почнете да разликувате лапање од бацка.
    Крај краева кога веќе читаш психологија, прочитај кога се одделуваат децата од родителите и кога не сакаат да ги гледаат голи или да ги бакнуваат и сл. Тогаш кога работаат хормоните т.е. во пубертетот.
    Јас го капам син ми и на секое капење го отвораме курето кое е прилично залепено па мора да се активирам јас. Дали и од тоа на некому му се :puke: и му изгледа на др***е ич не ме интересира. Вие или сте или ќе бидете ужасни родители.
    Толку од мене на темава пошо мене почна да ми се :puke: од глупостиве кои ги изначитав

    Ај да редактирам за да ти кажам дека мајката природа устата ја создала само за јадење и зборување. Бакнежот настанал многу подоцна. Не ни е устата создадена за бакнување па дури ни со маж.
     
    На Jagoda123, bittersweet и Gea им се допаѓа ова.
  4. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Ќе ти одговорам иако повеќе не сакам да се објаснувам на темава!
    Зошто се фати за зборот "перверзно" и "настрано" ? Јас само отворено го кажав она кое некои членки меѓу редови се обидоа да го кажат. Ќе цитирам неколку мислења чисто да ти докажам дека грешиш.
    Сите сфативме дека едни вакви размислувања укажуваат на тоа дека самиот чин е перверзен, не знам што не е јасно тука.
    Не реков јас дека темава мене и останатите мајки не засега, тоа го рече ти во својот претходен пост!
    Мене јасно како ден ми е дека секоја тема е општа и секој има право да го искаже своето мислење.
    Тој дел од мојот пост не е воопшто со предупредувачки тон, тоа е моја констатција која впрочем е многу очигледна.
    Се е во ред со твојот начин на изразување освен овој дел од твојот претходен пост, во кој јас лично се почувствував навредена, бидејќи покрај останатите членови, тоа се однесуваше и за мене, поправиме ако грешам?

    Устата и јазикот многу добро знам за што служат, па токму за тоа и ги користам! :)

    Нема поента да го губам повеќе времето на темава!
    Се ежам од сето тоа што го прочитав тука!
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  5. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Значи секакви глупости се изначитав во последниве неколку страници. :x

    За мене лично оние кои користат изрази како педофилија, настрано, ненормално итн за родителот што си го бакнува детето во уста, повеќе зборува за нивната настраност отколку за родителот што си го бакнува детето. :?:

    И мене ми е гадно кога ќе видам сопственици на мачки, кучиња кога им дозволуваат да им го лижаат лицето, а гадно ми е со обзир на тоа каде се не си ги пикаат животните јазиците ама ниту еднаш не ми поминала низ главата ниту една мисла која би го поврзало тоа во сексуална конотација. :fubar:
    Така размислуваат нормални луѓе, ненормални би размислувале дека сигурно тие сопственици сакаат или имаат секс со домашните миленици. :fubar:

    Ама што знам јас, јас сум од тие настраните, первезни, педофилки |( која што си ги бакнува децата во уста и која ќе си ги направи синовите мамини синови и сигурно утре кога ќе бидат пораснат ќе им љубоморам на снаите. :D

    Тоа дека е нехигиенски ми е смешно до немајкаде, бактерии има ВО устата а не на усните, јас не се лапам со децата :swear: им правам ЦМОК и толку а и кога се тркалам со сопругот во постела ни него не го бакнувам со устава а не пак децата, за тоа постои четката за заби, пастата и листерин за дезинфекција. ;)

    Инаку лично не мислам дека родители кои не си ги бакнуваат децата не ги сакаат или пак јас што ги бакнувам повеќе ги сакам моите деца, кој како си е воспитан, мене ми е нормално затоа што сум израстена во таков дом каде што тоа било нормално.
     
    На Bridget, Bah, anina и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Се фатив за тој збор зашто ти рече дека баш тоа најмногу те навредило, а всушност никој не го кажа, туку ти самата си го напиша. Се читаш ли воопшто? И, меѓу редови и директно кажано не е исто. Така? Јас можам меѓу редови сега да си сфатам дека ти за чоколадо збориш ама тоа само јас можам да си го помислам зашто може сега ми се јаде чоколадо, а тоа што ти си го напишала е сосема нешто друго. Значи никој не ви рече на вас дека тоа е перверзно. Тие делови од постови што погоре си ги цитирала немаат апсолутно ништо лошо напишано. Нормална и културна реченица со која некој си го искажува својот став без намера да навреди некого. Ти си го кажа тој збор па после само тоа зборевте и се лутевте. Од каде ти во тие реченици сфати дека некој смета дека ова е перверзно? Воопшто тој збор го нема. Значи мене тоа ме изритира. Се фативте за еден збор, и само тоа па тоа, а сами си го кажавте.

    Да, јас кажав дека сте пристрасни. Не се кријам зад моите зборови. Зашто сте пристрасни. Зошто инаку бурно реагирате, се лутите, навредувате, не дозволувате некој да каже поинаку, еве гледам и сега под постот на Silver.E одма е вратено со навредлив тон и се спомнуваат секакви зборови. Сфатете дека тоа е нечив став и крај. Зошто одма етикета дека некој е или ќе биде лош родител само зашто нема да го бакнува своето дете во уста? И уште еден куп вакви работи прочитав претходно.

    А за последното доколку се почувствува навредена се извинувам. Иако не треба да сфаќаш ништо лично на форум. Ама твое право. :)
     
    На Nausicaa и tessie им се допаѓа ова.
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.769
    Допаѓања:
    23.766
    Пол:
    Женски
    Daydream, зар не ти стана јасно дека во темите за невести и мајки треба повнимателно да се изразуваме? :D Со чест на исклучителни членки-сопруги и мајки со кои со мерак се дискутира. Тоа што сме го сфатиле меѓу редови е наш субјективен проблем, а не на тој што тоа го рекол. Дека никој не рече „перверзно“ сега, не рече. Тоа што овој бакнеж им симболизира друг вид на искажување на емоции НИМ не значи дека вас ве навредуваат или нешто слично. Секој различно си гледа на темава, не значи дека со тоа другиов го осудува.

    Секој различно. Еве има членки на коишто не им се допаѓало тоа како помали и не го правеле со своите деца. Во мое семејство немало такви бакнежи меѓу родител и дете, барем колку што сум видела јас. Имам пријателка која така си го бакнува детето, не ја сметам за настрана или не знам каква (Бог да чува ни на крај памет не ми паѓаат такви работи за неа), но ете, мене ни како дете не верувам дека би ми бил пријатен таков бакнеж, ниту пак така би бакнала дете.
     
    На Nausicaa, nevermet18, makedonkamak и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.007
    Бидејќи мислењево е напишано по моето, ќе го цитирам и одговорам.
    Еве јас не го делам мислењето за доењето (сум пишала и во таа тема). Тоа се сосем различни работи и не знам зошто во една дискусија мешате други сосем несоодветни и нерелевантни на првата.
    Така што, аргументите ти одат во вода..

    Коментирај ме, зошто да не, сакам да бидам коментирана ;) . Не сум толку младо девојче, но тоа впрочем и нема врска со мојот став.
    Знам дека не се мисли на лапање, но тоа пак не го менува моето мислење. Може тоа и да е најмило мене ми изгледа како несоодветно и крај. Сметам дека има доволно други места за бацување, па не мора љубовта да се изразува со бакнежи на уста.
    И не гледам зошто би се убедувале за нешто што мене ми е невкусно за очи...
     
    На Nausicaa и makedonkamak им се допаѓа ова.
  9. sara3

    sara3 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    384
    ^^ јас имам внуче 11 месеци е , на бρатучеда ми доκтоρот му κажал деκа детето не смее да се баκнува во устата и ρацете затоа што пρеκу устата и ρацете децата добиваат се и сешто, нехигиенсκи е.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  10. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.002
    Пол:
    Женски
    Од мене едно големо НЕ на темава. Од едноставна и јасна причина-хигиена. Не ми е во ред, не да е до емоции, не да е релација мајка-дете, едноставно не е хигиенски и не ми е убаво за гледање.
    Знам дека нема ништо помило и послатко од мало бебенеце или детенце, но сепак неееее е во ред.
    Има обравче, раче, ноже и цело тело од детето каде можеш да го бакнеш и штипнеш. Сфаќам дека тоа е неизмерна љубов и неизмерни емоции, но секако можат и на друг начин да се искажат. Сигурно не е едниствен начин да го бакнеш детето во уста.
     
    На lunicka, Silver.E и Nausicaa им се допаѓа ова.
  11. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.206
    Пол:
    Женски
    Ако вашата љубов ја изразувате преку прегратки наместо бакнежи би било пријатно за сите.
    И, можете да делите прегратки со децата дури и кога ќе бидат и тие поголеми, и вие постари.

    Нема потреба од драма. Само изразувам мислење, тоа не треба да е забрането за никој.
    Не треба мајките да се земаат сѐ при срце, никој не сака да ве навреди ако ги бакнувате вашите деца. Ниту останатите членки не е убаво за коментираат со навредливи зборови.
    Ако некому не му се допаѓа нечиј избор, кажува што му пречи, но вие се обидувате да влијаете врз нечии одлуки. Или ќе ги бакнувате децата, или нема. Од каде потребата за драма?
     
    На Bridget му/ѝ се допаѓа ова.
  12. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    На последниве два поста нема да коментирам бидејќи девојките убаво си напишале дали се за или против бакнувањето во уста. Си навеле и причина за мислењето. Ама кога некој мене ме прави неморална, настран или лош родител, враќам со иста мера. Кога некој става смајлиња од типот :^) :?: :puke: :x :fubar: и на тоа ќе вратам со иста мера. А ако некој каже дека тоа што го правам е најодвратно на цел свет, тогаш треба да молчам????????
    Не е ова пристрасна мајка туку пристрастен, дискутабилен член на форумов. А пристрасна мајка не сакате ни да видите, верувајте.
    Почитувам сечиво мислење кое е напишано во границите на културата, во однос на моето мислење.
    Инаку ова не е драма туку високобуџетен Холивудски филм :rofl:
     
    На nevermet18, joy1, Sky-butterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.189
    Искрено мислев дека живееме во општество каде релативно сме добро информирани и правиме разлика помегу бакнување и лапање, и прегрнување со партнер, и прегрнување со блиски роднини, или сопствени деца.
    Не навлегувајки и не судејки за ничии став, сакам само да изразам остра осуда на они кои се дрзнуваат ова да го споредуваат со перверзи од типот на педофилијата.
    Сите сме имале различно детство и сме живееле во различни услови и мене повеќе од јасно ми е дека луге кои не доживеале такво нешто во своето детсто сигурно неможат да го преснесат на своите деца.

    Ве молам уште еднаш, колку и да сте млади обидетесе да направите разлика помегу бакнување со партнер во кој има еротска содржина таканаречено лапање, и бакнеж со своето малецко, таканаречен цмок.
    Исто така направете разлика помегу бебе што цицање и еротска игра помегу маж и жена кое е речиси идентично.
    Направете разлика помегу гушкање со партнер и гушкање со родител или со сопственото дете.
    Оставете ги важите еротски фантазии на што тоа ве асоцира.
    Мојот болен ум и лижењето на сладолед или јадењето на банана може да го перципира како нешто перверзно, но тоа е само мој проблем кој ќе треба да си го средам со мојот психијатар.
    Претпоставувам ме разбравте што сакам да кажам и се надевам дека разбирате што значи метафора и дека ова последново околу психијатарот нема да го сватите буквално туку во преносно значење.

    Уште нешто што ми остави впечаток е што голем дел од вас велат, јас не се сеќавам моите да ме бакнувале во уста.
    Веројатно доколку се сеќававте што се случува со вас на 1,2,3,5 години ќе бевте феномени и ќе заработевтедобри пари од тоа.
    Сакам да кажам, никој нема таква способност да се сеќава на такви вообичаени работи на толку мала возраст, па дури докажано е дека дури лошите работи кои им се случуваат на децата во тој период не оставаат трајни последици односно сеќавања.
    Многу подоцна мозокот развива ајде така да се изразам фајлови во кои ги собира личните доживвања и работите кои му се пренесени од друг односно кажани. Па затоа дете од една годинка ако 1,2 години не го види својот родител ќе го заборави целосно и ќе го смета за странец, додека во подоцнежниот период на пример на 10 години многу подолго ќе се сеќава и ќе може да го препознае. Исто така мозокот не памети буквално се, туку регистрира само по битни работи кои предизвикале позитивни или негативни емоции, па така можете да го паметите гушкањето на родителите по долго отсуство од дома, но неможете да го паметите и секои вообичаено секојдневно гушкање, затоа и во љубовна смисла се памети првиот однос и односите кои предизвикале одредени емоцции, но не и буквално секој однос......

    Е, сега постојат луге кај кои доага до мешање на фајловите за лични сеќавања и пренесени работи па така од она што им било кажувано од родителите тие подоцна го претставуваат како лично сеќавање.

    Исто така ми пречи кога велат дека бебето е нежно, дека може да се зарази од мајката, мајката имала бактерии во устата..... и така небулози до бесвест. Луге, верувајте ми колку и да е нечиста мајката таа е мајка и верувајте ми не само што не е опасна за своето дете, туку дете израснато без мајка дури и во идеално стерилни услови има помал имунитет отколку дете израснато на примерот на anina, натемила.....
    Прочитав исто така нешто што ме запрепасти. Децата ни биле дадени да ги израснеме, воспитаме и готово. Драга моја, животот не е воена академија, туку е уживање со своите деца секој миг, исполнет со многу љубов и среќа. Дури и во хранителските семејства каде ги одгледуваат децата за пари има многу љубов и емоции. Жалам што и овој пат одредени особи не ги спомнав во мојот пост тоа не значи дека не го почитувам нивниот став, туку мислам дека не го заслужуваат моето внимане.
     
    На kikin, Kaetana, bittersweet и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.972
    Не читав баш внимателно, така набрзина ве прелистав, и не знам дали се рече перверзно но имаше настрано, ненормални родители кои следно може да биде јазик да им пуштат на децата и сл. Проста работа, ако веќе сакате така да збориме.
    Разбирам да некои родители не сакаат така, разбирам девојки кои не можат да замислат сега така да се бакнат така со своите, а големи се шансите да сменат мислење кога ќе дојде време но добро, сега се со таков став. Ама овие неколку или една беше што многу читала и е загрижена за емоционалниот раст на децата па е згрозена од ово чин, што да кажам, секогаш ќе се јави некој таков заради кој ќе се засрамиш што сте со слични ставови.
     
    На bittersweet, joy1, Sky-butterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  15. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    100% се согласувам.
     
    На Gea, anina и Bah им се допаѓа ова.
  16. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.189
    Претпоставувам дека истиот тој доктор му рекол дека детето нетреба и играчките да ги става во уста, дека кога ќе почне да лази каде тато, мама, баба, дедо, газат со нозе, после тоа треба веднаш со сапун да ги измие рацете, и да не ги става во уста, претпоставувам дека ќе треба да им ставиме на децата корпа на уста за да не го прават сево ова, бидејки секој што видел бебе знае дека се ставаат веднаш во уста.
    Дали играчките се идеално чисти и со кое средство треба да ги чистиме за да бидат безбедни, или нетреба да им даваме на децата да играат.
    Дали тепихот каде што газиме со нозе е почист од мајчината уста?
     
    На bittersweet, anina, joy1 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    90% од играчките во Македонија се 100% кинеска канцерогена пластика :hai:
     
    На leona83 и Bah им се допаѓа ова.
  18. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    Дека ја вакнувам ммммм секаде мојата миличка душичка :lol: си се бакнуваме ние па и со усните лелее а таа колку се смее кога мама ја бакнува :D радосна е, за добро утро бакнежи со сати си ја бакнувам де на обравче,ноџиња,рачиња,мешко исто и уснето на мама а потоа почнува денот.
    Мајка да не го бакнела чедото :^) ма немој.
    Си ја бакнувам а она се смее на глас,се додека е мала ке ја бакнува мама во уста али нели тоа не и пренесувам плунки туку со внимание го правам.
    Ах душичка на мама убаво,си ја љубушкам бре и неможам да одолеам да не ја бакнам :D
     
    На SimonaTino, anina, Bah и 2 други им се допаѓа ова.
  19. macy28102012

    macy28102012 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2012
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Јас синоќа се враќам доцна од работа, кога ме виде одма во прегратки ме гушка силно, среќна пресреќна што е со мене и одеднаш си ја трга главата од моето рамо и ме бакна во уста, срцето да ти се стопи од среќа. :D
     
    На SimonaTino, leona83, Jagoda123 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.085
    Мене лично бакнежот во уста, пред се, ме асоцира на интима, романтика, страст, секс и е преубаво нешто што се прави со партнерот. Бакнеш во уста со дете ми е несоодветен и најискрено-непријатен за гледање.

    Исто така, не можам да се согласам со тоа дека бактерии и вируси не можат да се пренесат преку бакнеж. Кога бевме мали не џабе не учеа да не пиеме од иста чаша, да не јадеме од ист тањир и да не користиме ист прибор за јадење со другите. Секогаш постои ризик да пренесеме или да прифатиме нешто. Периодов имав другарка хоспитализирана поради Хепатит, сега цело друштво сме на штрек токму поради тоа `Еј сака некој да проба? Сака некој да го допие пивово? Сака некој да ја допуши цигарава?`. Јас може да се чувствувам најдобро на свет но во себе може да носам некоја инфективна болест и после?
     
    На tessie, senza.parole, lunicka и 4 други им се допаѓа ова.