1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бакнување на деца во уста!

Дискусија во 'Дете' започната од lunicka, 25 јули 2014.

  1. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Да не одиме толку далеку со инфективни болести. Прост пример - кариесот може да се пренесе преку плунка.. Така да преку бакнежот, џвакање на храна за детето( лично ова не можам да го разберам а сум го видела) кариесот може да се пренесе. А зошто ?
    Јасно е дека детето е мило сакаш да го бакнеш, милуваш ама не мора да доаѓа до контакт со плунката од мајката. И возрасните имаат во устата многу бактерии кои не се штетни за нив ама за мало бебенце може да бидат штетни.

    Прости вака ама тоа е себичност, тебе те хранело ама дали е потреба за бебето? Бебето сака да биде милувано, гушкано, смирено е кога лежи на мајчините гради ама не е убаво да се среќава со плунката на мајката. А дека ти е убаво знам дека ти е убаво. Па и туѓи деца што ќе си поиграм со нив ми се како анти - стрес терапија, не па мал бебуш твоја крв и месо, ама јас лично се сомневам дека придонесуваш многу за развојот на детето ако му ја шмукаш усната.

    И да се разбереме нема ништо страшно во некој бакнеж на устето тука и таму кога се заборавиш играјќи се со бебушот, ама лично сметам дека треба да се внимава да не се изложува на непотребни бактерии.

    Ако не мајката или таткото, еве читам во постовите таа практика на бакнување во уста се проширува и на другите членови на семејството, со дада, чичко, батко бидејќи детето е научено да изразува на тој начин емоции. Па така таа навика може да биде и опасна, менигококната бактерија се пренесува преку плунка и може да биде во нечие грло без преносителот да знае.

    А веќе поголеми деца кои се бакнуваат во уста со родителите ми е стварно чудно.Не од аспект на бактерии ами од морално - општествен аспект. Ама еве прочитав дека тоа било обичај и меѓу возрасните во Јужна Америка. :drunk:

    Јас мајка ми кога и да ја видам ја гушкам, бакнувам а ако сме нешто радосни и по 100 пати ќе се избациме и изгушкаме ама нема шанси да ја шлапнам во уста. :D
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Кога жената нема да е задоволна со мажот, секако дека ќе се сврти кон детето. И преку него ќе
    побарува емоции, љубов, се она што не може преку мажот.
    Па, и в уста ќе го лигави !
    Не, не може никој да ме разубеди спротивно. Едноставно, пркоси на сите теми за Психологија, Етика, Морал, Социологија.

    Бакнувањето во уста е интимен чин кој се прави меѓу двајца партнери. За другите видови односи и релации постојат други видови бакнежи.

    А, поготово погрозно нешто ми нема да видам 30-40 годишен маж, кој ќерката си ја бакнува во уста.
    За среќа, маживе се поразбрани во оваа темаи повеќе умот им работи од жениве...!!!

    **

    Бај д веј, мајки кои сакаат да пијат секој ден кафе, мајки кои сакаат секој викенд да одат во ноќен живот, мајки кои сакаат вештачки нокти, мајки кои сакаат на раат да си пушат пред децата, мајки кои ги бакнуваат децата в уста....итн.
    Абе не раѓајте ако не сте спремни !

    И разберете дека некому бакнувањето во уста му е настрана, перверзно, педофилско. :puke:

    Некоја напиша, настран ум има некоја што мисли дека бакнувањето е педофилско. Па да ме извиниш, ама ај прочитај се уште еднаш. Со сила ќе прифатиме нешто што е изнад сите норми за пристојно однесување ?

    Абе денес се е ојдено. И веќе ништо не ме чуди. Затоа човек не вреди ни да коментира на вакви глупави теми.

    **

    Еве неколку слики. Ако некому му се допаѓаат, во ред. Мене ми се одбивни.

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    **

    И само едно прашање имам. Кога ќе престаните да ги бакнувате децата ? Кога ќе фати синот девојка, или и пред неа ќе го бакнувате ?
    Како ќе им речете и објаснете ?
    Најверојатно ќе е вака: мамичка, ти веќе си големо, не може повеќе во уста, срамота е.
    Иначе како би објаснале ? Зошто мора да има крај, не може синот да го жените и да го бакнувате.
    Абе болна работа, во секој случај. :x
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  3. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Силвер можам да раберам дека тебе не ти е ок бакнување на деца во уста и во ред, ама дека тоа го правиме оти не сме задоволни од мажите ти е тешка глупост.....не коментирам повеќе.
     
    На Bah, anina, girl-miri и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804

    Прв болд: Сериозна си? :o :o :o Препрочитав неколку пати и не ми се верува дека некој воопшто може да смисли таква глупост. |(
    Ти изгледа имаш помешано неколку поими поврзани со љубовта, меѓу нив и сексуалното задоволство. Или може јас погрешно сум разбрала. :^)

    Втор болд: Зарем мајките се откажуваат од секаков социјален живот? И која е поврзаноста со вештачките нокти? Да не треба случано и долгата коса, секоја мајка да ја скрти- евентуално да не и пречи додека си го расте детето? :^)
    Пушење цигари? За време на бременост и доење е една тема, ама откако детето ке се храни со друга храна? :tmi:


    Да се осврнам на темата. Ниту една мајка не кажа дека го бакнува своето првооделенче во уста, или евентуално пубертетлија.
    Муабетот е за малечки бебиња кои всушност нема ни да се сеќаваат на тие бакнежи.
    Уверена сум дека ниту една мајка не го шлапа своето дете, и нема намера да пренесе било каква бактерија.
     
    На anina, Jagoda123, Bah и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.187
    Глупост е мал збор. Ако мајка почувствува сексуално задоволство додека го бакнува своето дете е за на плоштат веднаш под хитно, а богами и оние болни умови кои бакнувањето на децата го поврзуваат со сексуално незадоволство и слично.
    Каков ли ум треба да имаш за да напишеш таква глупост.
    Силвер праша како ќе им се кажело на децата дека треба да престанат со бакнување во уста.
    Нетреба да им се каже, тоа доага спонтано само од себе како што детето проодува или како што почнува да зборува.... Ти не му викаш на детето ајде оди и готово, туку тоа си доага сосема спонтано.
    Не ми се верува како може овие работи да не ги знае девојка која напишала дека има 25-26 гопдини?
    Не спорам со тоа да има некој свој став па дури и спротивен од мојот, туку спорам со тоа што некој се обидува да ги оцрни со разни нај страшни етиќети оние кои имаат поинаква перцепсија на тоа како треба да се одгледуваат децата.
     
    На candy.cane, Kaetana, sweet-star и 6 други им се допаѓа ова.
  6. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.373
    Допаѓања:
    317.583
    Пол:
    Женски
    1000 пати ми е понастрано кога некоја 15-16 годишна по дома се шета распуштена пред татко и со шорц кој едвај пола гз и покрива и раштракани гради на сите страни отколку кога мајка ке си цмокне БЕБЕТО во уста.
    И нема да пишувам ништо др на темава пошто дефинитивно нема простор за дискусија.На се се гледа или црно или бело.
     
    На Kaetana, anina и WORRIED.BT им се допаѓа ова.
  7. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    :D смење :D мајка бакнува бебе во уста и тоа било-гадно,блак,одвратно и незадоволена од партнерот па сега бара емоци кај бебето оти била незадоволна од партнерот сексуално :tmi:
    мајка го сака своето чедо како мајка,мајчинскаа љубов која е најголема на свет,срце.
    жена го сака својот маж како жена,привлечност,љубов мегу маж и жена, е тука може да се пише зборот сексуално


    Стварно мајката си го знае тоа а додека други можат и обичниот бакнеж да го претворат во сексуално.
    Можеби изгледа непријатно да си го шмукаш синпт кој има 15+ години ама своето бебе :D смешно звучи тоа да се помисли дека било нешто повеке од мајчинска љубов,за бакнеж на милото :* цмок
     
    На ddevojce, anina и WORRIED.BT им се допаѓа ова.
  8. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски

    Аууу пак се нафрливте на бујните тинејџерки исто како и во темата за доење. Што ви згрешија кутрите моми па и повикани и неповикани ги спомнувате. :sweat: :D

    НЗС не можам да ти најдам на муабетот. Зар тој татко што пред некоја година ја бакнувал во уста (оти нели е ок тоа ) сеа ќе ја гледа ќерката како сексуален објект. Шала настрана, цело време се збори како не е ок да се поврзува родителска љубов во сексуална конотација( за што се сложувам) сеа одеднаш бам на друга воденица водата ја вртите.
    Абе ај не сте оделе со татко на одмор ? Тој така ве гледа ? Јас и ден денес си одам со моите на мини одмор во септември, па си шетам по купачи, пред татко ми замисли. :o

    Е сеа кој е настран ? :D

    Да резимирам, не би го бакнувала детето за негово здравје. И не би сакала да му наметнувам навика да изразува емоции со бакнеж во уста. Па после наоколу цела родбина да ја шлака. :D

    А инаку Силвер ако мајкине се задоволни од мажите дали тоа значи дека нема да си ги погледнуваат децата? :wasntme: Претеруваш сакајки да доловиш поента.
     
  9. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.373
    Допаѓања:
    317.583
    Пол:
    Женски
    Епааа зар и таа мајка што си го бакнала детето во уста го прави тоа оти била сексуално исфрустрирана од маж и :О
    Значи едното е настрано другото не е
    Како што за таткото е сосема нормално да си ја гледа керката разголена и за мајката си е нормално да си го гушка бебето.Незнам што не ти е јасно?
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Па нормално дека не , не разбирате шала . Само направив компарација како сте спремни истите аргументи што ги користите , сега да ги користите опишувајки настраност.

    Мене не ми изгледа настрано, знам дека е од милост, можеби малку егоистично од страна на родителите.

    Спомнав веќе според мене не е ок ваква навика да ми се ствара на дете. И не е точно дека сите деца сами се одвикнуваат. Ќе има и муртење и чудење оти сеа моите не ме бакнуваат како порано.
     
  11. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.237
    Пол:
    Женски
    Silver Тоа што го напиша е толку вулгарно, глупаво, неморално, идиопатско, трагично, комично, настрано, перверзно, надвор од било кое социјално сфаќање, толку ниско, подло, некултурно, антипатично... толку крајно што ми е срам да го прочитам по втор пат, ни под разно да го цитирам, во никој случај подетално да го коментирам и болно да го помислам.
    Го прашувам пред еден час син ми:
    - Каде сакаш мама да те љупка? Овде (во обравчето), овде (во рачето) или овде (во устето)?
    - Ај пак да видам :)
    И пак мама истото и го добив најискрениот одговор во светот.
    - Во устето затоа што и двајцата можеме истовремено да се бацниме.
     
    На ddevojce, SimonaTino, Peppermint и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Силвер праша што кога женска ќе донесел, пак ќе си го бакнам во уста ако тоа ни е нормален поздрав и тогаш, и ако разберам дека е некоја како тебе ќе сторам се да ја избркаме подалеку. Сега ги разбирам свекрвите за некои работи, не е секоја да ти влезе в куќи :D Бркале после, море со летви ќе мавам :D
     
    На Kaetana, Peppermint, imelda и 7 други им се допаѓа ова.
  13. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.237
    Пол:
    Женски
    Се препознав во црната во моментов. Некој да ми каже дека од сексуални причини си го бакнувам детето во усте... Жива кокошка можам да изедам :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
  14. malinkasladoled

    malinkasladoled Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    Бакнеж во уста- бљак! Непријатно, непристојно и недолично! Се знае кој каде се бакнува, се си има место!
     
  15. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.552
    Допаѓања:
    21.650
    Пол:
    Женски
    Силвер,боже,зошто мислиш дека мајката кога го бакнува чедото во усните чувствува исто што и кога го бакнува мажот си?
    Не ми е одвратно бакнувањето во уста родител-ќерка,туку твојот пост ми е одвратен.
    Најискрено,најискрено подобро да имам мајка која цел живот ке ме шлапа во уста,отколку да ми биде мајка жена со размислување како тебе.Зошто?Бидејќи ти детето ке го родиш колку да оставиш потомство,бакнување и мазење -никако,само ладнокрвност.Треба само да го воспиташ и да му го упатиш патот во животот,друго никако,се друго со партерот се прави,така? :clap:

    Еве,како тинејџерка,пред некој ден ми се случи да се бакнам со мајка ми во уста.Не ми беше грозно,туку ми беше баш топло,полно со МАЈЧИНСКА И ЌЕРКИНСКА љубов,а и не ми е првпат.

    Како можете да споредите родителско бакнување со другиот вид бакнување?Прво,не е исто чувството,второ не е иста тактика.
    Мислам,никој не се лапа со своите деца,нели?

    Мене мајка ми,да не ми ја покажала љубовта која ми ја покажала,јас не би опстанала во живот,најозбилно.

    Се согласувам со мислењата на анина,потполно,верувам дека е супер мајка.
    Но,да се разбереме,не оправдувам бакнување во уста она што трае некое време,како да објаснам.
    Всушност,сакам да кажам дека бакнежот во уста со партнерот и бакнежот во уста со детето,не треба да е сосема ист.

    Добро,толку од мене,на Силвер можам само да и препорачам малце подлабоко да ги чита темите низ Психологија.

    Поздрав. :)
     
    На Gea, anina и natemila им се допаѓа ова.
  16. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    OMG добро ти вака се читаш што пишуваш пред да испратиш испрати? :puke:
    Како дојде жити се до таков закључок, направи научна студија?
    Јас сум и задоволна од сопругот во секој сегмент од заедничкиот живот а плус си ги бакнувам децата во уста, така да болниот закључок не ти е точен.
    Обично тие жени што не се задоволни од мажите си го посветуваат животот исклучиво на децата правејќи ги неспособни, зависни а не ги бакнуваат во уста.

    А ти ово како дипломиран психолог, социолог го тврдиш или си лупаш онака од ракав глупости? :?:
    Во моите книги за детска психологија што моентално студирам сеуште немам сретнато дел кој им забранува на родителите да си ги бакнуваат сопствените деца или пак дел каде децата кои се бакнувани во уста од родителите се БУКВАЛНО унаказени во понатамошниот развој, можеби ти си студирала од други книги па оттаму тој твој закључок. |(
    Инаку како дел од програмата одам два пати неделно на пракса кај еден од најдобрите детски психолози во земјата и кога го прашав дали родителите кои ги бакнуваат децата во уста имаат можеби некој потсвесни настрани чусвства, тој ми одговори дека од неговото долгогодишно искуства со деца кои се сексуално злоставувани од родител и да на жалост постојат и такви нелуѓе кажа дека тие никогаш не покажувале никаква нежност кон децата затоа што ги гледале како сексуални објекти а не како сопствени деца на кој им треба нежност и љубов.
    Тој со искуство од 27 години и со докторат на темата детска психологија, со издадени книги вели дека нема ништо лошо или настарано ако си го бакнувам детето во уста, е сега ако мислиш ти дека знаеш повеќе од некој што е докажан на тоа поле, што да кажам браво за тебе. :geek:

    Е замисли јас сите овие наведени работи ги правам минус вештачките нокти затоа што моите се милион пати подобри од вештачки и моментално сум пушач на пауза а сепак сум била спремна и сум родила ете скоро 3 деца за 3 години, да не дојде ти случајно да ми ги гледаш децата.
    И не немам свекрва или мајка на располагање 24/7 ама имам одличен сопруг и не само што пијам кафе секој ден туку и ручек ќе направам и децата ми се најадени, задоволни, дома ми е релативно чисто, излегуваме со сопругот по клубови кога има кој да ни ги гледа децата и плус студирам, не гледам како ти можеш да ме прогласиш за неспремна, како си ти поспремна од мене?

    Тебе всушност тоа и ти е маката како ние вакви, такви според тебе неспремни а имаме сопрузи и деца а ти совршената дремеш дома и немаш ни дечко. :envy:
    Пу, ја`зк.....завидлук :*

    Додека им наоѓаш на сите околу маани и се ставаш над сите мислејќи дека си подобра а не си, на другите животот ќе им врви а твојот ќе си стои во место. ;)

    Отидов да си ги бакнам синчињата во уста зш така ми е ќеиф. :* :lol:
     
    На Bozica1980, tessie, Peppermint и 12 други им се допаѓа ова.
  17. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    По се што напиша Силвер, јас мислам дека ти имаш некои нерасчистени работи со сексуалноста, што најверојатно многу длабоко ги потиснуваш, ама одвреме навреме избиваат на површина. Не е првпат децата да ги доживуваш како сексуален објект, бидејќи иста расправија имавме и во темата „Мода за клинци и клинцези“, каде ти тврдеше дека 6 годишно дете во шорц е облечено провокативно. Ти си таа што ги доживува децата на сексуален начин. Ова фрустрација ти е од детство, недоволно внимание од родителите, семејно насилство, злоставување? Пријатно е кога ги читаш овие редови? Си земав за право да бидам дрска и безобразна како и ти кога трескаш небулози од типот дека жената запоставена од мажот, се задоволува со своето дете. Поголема глупост во живот немам прочитано. Жената запоставена од маж, бара внимание кај други мажи, бара внимание од некого што ќе флертува со неа, што може да и подели комплименти, што ќе и даде страствени прегратки, бакнежи и секс, а не бебе што таа го донела на свет од својата утроба.
    Поврзуваш пиење кафе, не знам излегување навечер, нокти и што ја знам со одгледување на деца |( Значи според тебе, мајките треба да бидат спартански настроени, раскубани, очајни домаќинки, кои под дифолт не смеат да си дозволат никакво внимание на себе и својот изглед, затоа што токму изгледот ги прави подобри мајки? Уште не можам да сфатам, дали е ова некој стереотип, некој критериум по кој се мери мајчинството? Мајката може да биде и без нокти и по цел ден дома да седи, па да дреме на компјутер или да лежи постојано, а децата да и бидат комплет запоставени, а некоја фул скоцкана, што искористила слободно време додека децата спијат да се нашминка, додека децата се кај баба на гости искористила слободно време да испие кафе со другарка или нокти да стави или да се фенира, небитно, може да биде 1000 пати поодговорна мајка - не е до изгледот, туку до карактерот на човекот. Не можам да поверувам што читам... Кога имаш недостиг на аргументи за докажување на својата поента, подобро премолчи, отколку да пишуваш глупости и да ја опседнуваш темата.
     
    На Bozica1980, Taccka, do-re-mi и 10 други им се допаѓа ова.
  18. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.092
    Пол:
    Женски
    Јас имам куче од мало чувано и од милост знам да си го бацам, дури и дечко ми дозволува да му го лижне нему носето, а да не збориме за мајчинска љубов и нејзината посветеност која автоматски создава потреба милион пати да си го изгушка и избаци детето. Кучето има уште повеќе бактерии околу муцката па еве 6 години сум здрава и жива. Знам дека не треба да се споредува куче со дете, меѓутоа поентата ми е дека кога човек сака - навистина сака, а сите знаеме дека безусловна е само љубовта на мајката.

    Мене ми е жал што има размислувања дека тоа е нездраво, ненормално, крајно себично, педофилско итн. И ние со мајка ми сме знаеле како помала да се бациме пред да идам во градинка, бидејќи јас бев од јасли, односно 9 месеци. Подоцна со школските денови се отфрли таа навика што не значи дека не се сеќавам како дремев на оградата од скалите и на секое нејзино симнување и викав „чао мамо“, скала, “чао мамо“, скала.... - досада. :lol:
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Јас за напишаното не зборувам напамет, туку врз основа на целокупна Психологија за семејни, брачни и родителски односи и релации.

    И навистина, ни јас немам што да коментирам повеќе, кога моралот и етиката се на дното.
    Затоа паметни и нормални луѓе во светов се бројат одвај неколку проценти.

    Слободно, продолжете да си ги бакнувате децата во уста.
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  20. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.685
    Допаѓања:
    97.992
    Пол:
    Женски
    Кога би можела би ја заклучила темава.
    Еден од проблемите на форумов е што не се води дискусија без навреди,а на темава што навлегувате во оф.
    Толку ли е тешко некој да си каже ако бакнува зошто бакнува,и ако не бакнува зошто не.И толку ,просто и едноставно.Ама не мора да се навредува,да се спомнуваат психолози и не знам веќе што.Каква сексуална смисла гледате во родителските бакнежи?Јас чисто моите не сум ги бакнувала од хигиенски причини.И едноставно поблиску ми се до срцето ако ги шлапнам во образ или носето.Никогаш не сум помислила или ми текнало да ги шлапнам во уста.Кој знае можеби јас сум случај за посматрање |( .И не мислам дека сум незадоволена од маж ми па избегнувам контакт со децата,како што спомнаа некои.
    Значи тие што не бакнуваат во уста нека си кажат и обратно.Аман немојте да се навредувате.
    Јас овде како модератор настапив |(
     
    На makedonkamak, Nausicaa, Gea и 4 други им се допаѓа ова.