1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бакнување на деца во уста!

Дискусија во 'Дете' започната од lunicka, 25 јули 2014.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    E aлал да ми ти е. :bow: Со тоа што ги заборави омилените, фамозните, непреболените ... срамиарамдаиме ... универзале виновниците во секоја тема ... ladies and gentlemen ... нивното височество ... *fanfare*

    :*:тинејџерки во миничи :*: (пријатно сум изненадена што не се нарекоа доп**њаци на темава) и нивните деколтеа. Пошо сите ние коа бевме тинејџерки одевме исклучиво во широки и долги алишта и со болка во душата го тргавме погледот настрана кога ќе ни` се појавеа тие грешниците. :D

    Со педофилијата, психолозите и настраноста исто ме вџашивте, да се разбереме. Тоа што некому не му е хигиенски или едноставно вообичаено да го прави се поврза со тешки работи.

    А како можат и мажот и децата така? Па, едноставно како што можат и двајцата да ги прегрнуваат, а сепак прегратката да нема исто значење.
     
    На candy.cane и lunicka им се допаѓа ова.
  2. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.237
    Пол:
    Женски
    Да, ама некој да ми каже дека се „лигавам “ со 5 годишно дете бидејќи не сум задоволна од сопругот??????????? :fubar: :fubar: :fubar: :fubar: Не знам кој повеќе навредува!!!!!!!!!!!!!!! На крај тие се навредените.
     
  3. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    4.757
    Допаѓања:
    137.591
    Пол:
    Женски

    и ке продолжам да ти кажам право. :!:
    имам едно меденјаче од 10 месеци и не можам да му одолеам-грешна сум признавам! керка ми веке не се гали како претходно,па ке си го искористам ова малово уште малку.
    нека ме нема во слабиот процент нормални (според тебе)ама ке ме има во мајките што со лјубов,прегратки и бакнежи си ги раснат децата.
    THAT'S IT!!!
     
    На candy.cane, Taccka, girl-miri и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Значи вака...Искрено, не верувам дека ниту еден член овде има инцестуозни намери кон своето дете, ни свесно, па ни потсвесно.
    Ама сепак не негирам дека треба да се земе во обзир психологијата како гранка и насока при воспитувањето на децата.
    Исто така, се согласувам дека можеби, не е исклучена можноста тие бацки да фрлат една поинаква слика врз развојниот тек на животот на детето.
    Бидејќи ипак, сакале вие или не, станува збор за чин на интимност, без оглед на тоа каква е намерата.
    Ако го разгледуваме од сексуален аспект, (што се надевам никако не е случај), треба да е само со партнерот.
    А од аспект мајка - дете не е дека не оправдувам, ама не е и дека се лупам у груди дека е сасвим океј.
    Бидејќи никогаш не знаете во што ќе се претвори таа ,,интимност'' од невини бакнежи кои му ги подарувате на вашето малечко. Поточно, дали еден ден ќе издејствуваат со појава на потајни сексуални апетити кон вас како родител. Знам дека звучи болно и извитоперено но имајте си го на ум! :!:
    Никогаш не знаете колку ќе можете да влијаете со своите добронамерни совети врз вашите деца, односно колку тие ќе одлучат да ве следат, и како ќе ги протолкуваат работите кои им ги сервирате.
    Психата на човека е многу широк поим и затоа треба многу да се внимава, особено при ваквите дејствиа.
    Сепак, јас не се бавам со психологија, стручњаците од оваа област нека дадат мислење. Ама еве, и на Silver аргументите беа фини, без оглед дали студира на таа област или не.

    Имено, да си кажам за себе...
    Јас кога бев дете не се сеќавам дека моите родители или било кој од блиските ме има бакнато во уста. Ма ни бацка. :shake:
    Од секогаш ми велеа дека за тоа служи образот! Мада може ниту тој ја нема таа намена, ама ај. :)
    Впрочем, сум им благодарна што немам таков спомен, мајка ми како ме бакнува во уста, уште полошо татко ми, или било кој друг член од моето потесно семејство.
    Дали и на вашите деца тие бацки така невино ќе им изгледаат како вам понатака, (еден ден ако се сетат), исто така не можам да ви гарантирам...А не можете ниту вие бидејќи не заборавјте дека може да имате само површен увид врз нивната личност, а исто толку и плитка контрола.

    Ах да, за малку ќе заборавев да ве прашам...Дали имате размислувано до која возраст ќе ги бакнувате вашите деца? Ваљда не е после 6-тата година, не? :?: Замислете на детето да му се допадне тоа и да сака да продолжите. Што би му кажале, би ја почитувале ли неговата желба? Не навлагам во инцестуозни води, и ниту најмалку не ве осудувам. Само онака ме интересира. Камо среќа, и јас еден ден ќе станам мајка, може и набрзо па вашите совети и те како ми се добредојдени. :)
     
    На tessie, Silver.E и lunicka им се допаѓа ова.
  5. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Јас лично имам разговарано на оваа тема со многу помлади и повозрасни личности.
    Вака низ муабет сите го осудуваат чинот (кој за среќа не е многу популарен кај нас, еве од моите најблиски ниту еден не го прави ова)., го нарекуваат: болен, ненормален, потсетува на инцест, бљак, перверзно, настрано, итн.
    Значи, кога постојат вакви зборови, има нешто. Каде чади има и оган. :!:

    Овде на темава се собрале неколку мајки, бакнувачки, и очи ќе ни истераат на нас кои оваа работа ја осудуваме. :x

    Јас при чиста памет си кажувам дека за мене бакнувањето деца во уста е глупост и скроз непотребна работа, со која им ја помешувате нивната интима, што повлекува понатамошни последици.

    Среќа што ни јас не сакам да влезам во куќа со свекрва како тебе.
    Да ми го бакнуваш мажот во уста ??? :puke:
    А, овие лајкувачи, и ти исто, престаните да се жалите во темата за свекрва, кога свекрвата ќе направи минорна работа.
    Не можам да поверувам колку дволични личности (дури и на форум, жалосно), од една страна се жалат на свекрвите за глупости, а од друга сакаат како свекрви да ги бакнуваат синовите в уста и невестата ако се противи да ја избркате.
    Мислам ти да ја избркаш ??? Каква болна работа бе ??? Па, со вакво мешање во животот на децата не ме ни чуди да истераш некоја. Ама, да не те истера снаата тебе, па да те видиме тогаш.
    Не коментирам повеќе на ова, за жалење си со коментаров забеган и злобен. :puke:
     
    На senza.parole, sara3, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Еејјј алооо па овде збориме за бакнување на мали слатки суштества а не големи деца од по 14-15 год или мажи со жени и деца |(
    Незнам кој болен мозок може да помисли на инцест и да не набројувам сега све што пишала Силвер зошто ке повратам,срамота!
    Јас си се бакнувам со керка ми во усте баш во некои моменти кога сме си најсреќни и не гледам ништо лошо во тоа.
    Ај да не должам многу зошто сум изнервирана премногу од вакви коментари
     
    На Taccka, bittersweet, SimonaTino и 2 други им се допаѓа ова.
  7. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    ^^Јас и сега не би сакала личност како тебе во близина на децата а не пак кога ќе пораснат да бидат со некоја ваква личност, се надевам само дека доволно добро ќе ги воспитам за да во иднина избегнуваат такви како тебе. :!:

    Добро бре не ви се гади самите од себе кога споменувате секс и мало бебе/дете во иста реченица, кога може такво нешто да ви помине низ умот, не се чувствувате прљави, нечисти???

    И не се собрале мајки бакнувачи кои очи ќе ви истерат ако имате спротивно мислење, туку мајки на кои им се гади од луѓе кои споменуваат секс, первезност, инцест во иста реченица со нивните деца.

    Никоја тука не ја нападна Луничка, си кажа жената дека не ги бакнувала децата во уста и супер за неа, како си чувствува дека треба така си прави ама таа не спомна секс и не ги направи сите мајки кои ги бакнуваат децата первезни, ти го направи тоа и затоа си имаше реакција.

    Само уште ово мајка му на бившиот твој го бакнуваше во уста синот?
    Затоа ли ОНА те избрка од кај нив, па сега си имаш трауми од мајки што си ги бакнуваат децата? :?:
     
    На candy.cane, SimonaTino, Peppermint и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Штом детето се навикне на тоа, кога ќе го одвикнеш, на кои години и како ќе му речеш ?

    Ако е нормално бакнувањето, бакнувај го и штом порасне.. Али, пусти срам е, незгодно е, нели ?
     
  9. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Среќа и јас не да не сакам, туку не ни имам личности како тебе во моја близина, мајки што ги лигават децата.

    За второто, со секс се прави бебе. Како да ни е срам да го употребиме во иста реченица? Глупости.

    Штом детето се навикне на тоа, кога ќе го одвикнеш, на кои години и како ќе му речеш ?

    Ако е нормално бакнувањето, бакнувај го и штом порасне.. Али, пусти срам е, незгодно е, нели ?
     
  10. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    ^Леле стварно децата се правеле со секс :o , јас мислев дека штркот ги носи а сега дека имам голтнато лубеница. :wasntme:

    Бакнеж од родител кој се поврзува со секс е мисла само од крајно пореметени и болни умови......so if the shoe fits. :?:

    Јас пишав дека не сакам личности како тебе околу децата за да им влијаат негативно, да им ја прља нивната детска невиност а за себе па два пати во неделата сум опкружена со секакви болни ликови. :!:

    А за тоа до кога ќе ги бакнуваме децата па гушкањето според тебе е нормален, прифатлив начин да се изрази љубов кон детето па доаѓа време кога тоа нема да сака ни да се гушка со родителот, значи ли и тоа дека е срамно, нели според твоето тврдење, ете до тогаш ќе ги бакнувам, додека ми дозволуваат, додека не се преголеми за да бидат бакнувани и гушкани од родителите.

    Децата си ги бакнувам насекаде не ги лигавам, ти кога ќе имаш деца не ги ни погледнувај за да не се косиш со нечив морален кодекс, јас си живеам за себе и за децата не за околината и за тоа што ќе рече комшијата. :hai:
     
    На vickyy90, Jagoda123, SimonaTino и 6 други им се допаѓа ова.
  11. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Ај да ти одговорам на прашањето...вие што не сте мајки не ни можете да замислите која е и каква е врската помеѓу мајката и детето (знам дека на ова ке следи одговор како тоа и ние сите некогаш сме биле нечиви деца и бла бла муабети,ама пак ке кажам се во свое време,вашата зима е позади).
    Тие бакнежи не се постојани,не се намерни,значи спонтано случајно во преголем излив на љубов кога се гушкаме се смееме едно мало усте најубаво на целиот свет на мајка самото сака да те бакне да почувствува дека е сакано,значи џабе се сите зборови кога тој момент не може да се опише.Или па детето било на гости ден - два кај баба и не сте се виделе и од преголема љубов ке си го бацнете во уста.Не гледам никаква грозна,страшна работа,нечовечна и незнам уште каква и не ја нарековте...

    И за крај секоја навика има одвика,мада неверувам во тоа дека на детето ке му остане како навика...ама нели твојата психологија го докажува тоа па ајде така нека ти биде.
     
    На bittersweet, Taccka и leona83 им се допаѓа ова.
  12. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Не можам да сфатам како некои мајки се либерални кога е во прашање бакнувањето, а не се либерални кога се во прашање различни мислења.
    Сега, модерни сте или не ?
    Сфатете дека има луѓе на кои оваа работа им е гадна, осудувачка, поради многу јасни причини.

    Јас напишав само ЕДЕН пост, а потоа читав 3 страници против мене. Не дај Боже човек мислење да си напиши. Па, не може сите да мислиме исто како вас, затоа и постојат темиве.

    Друга работа е што во сите теми е истово, па на човек реално не му се коментира, една група збрани против неколку кои зеле сила да пишат контра.
    Затоа и инбоксот ми е полн со пораки да не коментирам, ми било џабе, и тоа се случува скоро за сите теми во кои има пожестока дебата. Зошто е тоа така ? Зошто многумина си пишуваат по пораки, а имаат страв да коментираат директно овде ?
    Се знае зошто.

    Повеќе не коментирам на темава, зошто стојам зад тоа: на која и одговара нека го бакнува детето во уста, а за мене тоа е нездрава работа, бидејќи постои цела тематика на Психологија, Религија, Социологија каде е убаво објаснето зошто тоа не е во ред, а причините се повеќе од јасни.
    Чао :)
     
    На Valerin, Nausicaa и tessie им се допаѓа ова.
  13. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.373
    Допаѓања:
    317.589
    Пол:
    Женски
    Пошто ја спомна религијата извади ми цитат од библијата каде е забрането мајката да се гушка и бакнува со бебето?
     
    На candy.cane, bittersweet, SimonaTino и 3 други им се допаѓа ова.
  14. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    И да се надоврзам на Теси во врска со муабетот за миничите и тинејџерките, мајки и немајки е вториот муабет. И толку нема дискусија.

    Јас пример со волците сум растена, појма немам што значи врска меѓу мајка и дете.

    Инаку јас немам некое особено мислење во врска и со ова, освен тоа што на многу ситници им се придава значење. Мене мајка ми ме имала бакнувано во уста како бебе, па еве здрава -права сум и со психата добро стојам фала на прашање.

    Ова си е индивидуален избор и според мене не е толку до детето и како ќе влијае тоа на него, пошто тоа нема да се сеќава ( еве јас пример ја прашав мајка ми за ова, инаку благе везе немав), туку како мајката ја искажува својата љубов спрема детето.

    И како и да ја искажува не е важно се додека ја искажува. Дали ќе го бакне бебето во образ или ќе го цмокне во уста е до карактерот на личноста и не мора да значи дека спротивното е нешто погрешно.

    Доколку мајката си го бакнува детето на образ не значи дека помалку го сака, ниту пак доколку го бакне во уста не значи дека е нешто перверзно или таа е кикни настроена. Од кај во идат муабетиве појма немам. Кога се претерува се претерува в крај. Не е се така црно-бело. Па уште се гадите. Појма немам од што се гадите.

    П.С. Од една страна не мислам дека мајките се психопати ако си ги бакнуваат бебињата во уста, а од друга сметам дека свекрва што ќе си го бакне возрасниот син пред мене не е баш нешто во ред и пред таа мене да ме избрка, кафезите,лепаците,море,промена на име ако треба и ќе си побегнам. Ама тоа во друга тема. Ете така. ;)
     
    На bittersweet, Gea, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.187
    Silver, ги почитувам твоите ставови се додека не почнеш да претеруваш, мислам дека си даваш преголемо значење, и премногу си ласкаш сама на себе. Прво, ти навредуваш и тоа со најниски навреди, несакаш да разбереш дека одвикнувањето доага спонтано, како што доага одвикнувањето од мокрење во гаки, одењето, зборување и сл. и постојано нафрлаш инсинуации дека детето ќе се навикнело, па ќе рзвиело сексуали емоции кон мајката, и уште еден куп небулози, кои не држат вода. Претпоставувам дека си свесна и самата дека грешиш но сакаш себеси да си придадеш поголемо значење од реалното. Дете додека е мало, ниту се сеќава ниту пак во тој период знае што е секс, ниту има сексуални нагони. Дури и да се шета мајката гола пред него нема да предизвика сексуален нагон ниту ќе се сеќава на тоа.
    Да, ја забегавме темата, но те молам немој сега за ова да се фатиш и да почнеш да кажуваш како е одвратно мајка да биде гола пред своето дете.
    Јас не реков дека е ок, само ти дадов драстичен пример дека дури ни таква постапка не би оставила некој траен белег кај детето, ниту би предизвикало некаков сексуален нагон.
    Некои дури одеа до таму што велеа, јас неможам да замислам дечко ми мајка му, да го бакнува пред мене? Ова сериозно го кажувате или колку да напишете нешто? Од каде ви одат вакви глупави мисли во глава па мешате дете од 0 до 3-4 годишна возраст и возрасен маж? Ах тие ефтини порничи како знаат да им го збркаат умот на младиве луге, за да неможат да направат разлика што е филм а што реален живот.
    Претпоставувам дека се разбравме дека тоа не трае вечно, дека не спијат мајките со своите деца до 20 години, не се бакнуваат во уста, по меше, по газе до 20 години..... Значи зборуваме за мали дечиња и ве молам задржете се со своите дискусии за тој период дали е ок или не, за да не се расплинува дискусијата и да се забегува во крајности. Инаку сега некоја да се направи паметна може да каже јас неможам да замислам мајкаму на дечкото да му го бакнува стомакот, газето или курето, пред мене. Нели додека се мали мајките ги бакнуваат секаде, и повторно да банализирате.
    Да се навратам на Silver чии коментар беше повод за овој мој пост. Преголемо внимание си даваш и глумиш жртва а уствари ти ги направи педофили мајките кои имаат спротивно мислење од твоето.
    Исто така си придаваш големо значење кога велиш демек инбоксот ти бил полн со заканувачки пораки.... што лично мислам дека измислуваш и драматизираш до тој степен што човек ќе помисали дека диури и ти треба полииска заштита за пост објавен на форум. Значи, нема потреба од драматизација, ако некој ти пишал таква порака пријави го и готово, нема потреба од драматизација, глумење жртва и водење тема во погрешна насока, особено во приод кога се разви убава и аргументирана дискусија.
     
    На Bozica1980, Peppermint, Yowannty и 8 други им се допаѓа ова.
  16. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.650
    Пол:
    Женски
    Понекогаш поединци од пуста желба да покажат колку се они конзервативни и религиозни и не дозволуваат да бидат понесени од "лудата" денешница не сфакаат всушност какви небулози и празни муабети тропаат. Бакнеж помегу дете и мајка без разлика кај е да се гледа во сексуална конотација е дури ужаснувачко а не глупо. Ако мајката го бакнува синот во уста е незадоволена од мажот , а ако ја бакнува керката тогаш што е ? Можеби геј ?!?

    Лично не би бакнувала ниту бебиња ниту мали дечиња во уста (а и било каде) од субјективна причина.Често ми излегуваат ужасни херпеси на устата и понекогаш ми е страв возрасен да бацам во образ а не па мало дете кое е нежно и голема е веројатноста секундарно да му го пренесам и нему херпесот. Ама тоа е здравствена причина а не од морално-етичка дека ке ме зборат како сум незадоволна од сексуалниот и брачниот живот.

    И мене како дете ме бакнувале (не ме лапале моите да се разбераме како што поединци го замислуваат бакнувањето на мало дете) , се до одреден период кога моите веке сфатиле дека не сум мало човече кое треба да го лигават кога стигнат и каде стигнат.

    Разбирам бурна реакција од здраствена гледна точка бидејки сме носители на вируси и бактерии кои лесно можат да се пренесат на мало дете со нежен имун систем и тоа што во нашиот организам не влијае на него да му влијае посериозно,ама сеуште не можам да се поверувам дека некој може да каже дека бакнежот мегу родителот и детето е перверзен.
     
    На Peppermint, mimiiiii, do-re-mi и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Мене само еднаш ме имаше бакнато мајка ми во уста кога бев мала, но јас се тргнав и отогаш ме нема бакнато(ич нејќев да бацуваат и гушкаат :D ).За разлика от тоа, мојата сестра е помала и мајка ми ја има бакнато повеке пати во уста. Мислам дека нема ништо чудно во тоа, тоа е сепак обичен бакнеж, начин на искажување љубов, на некој му се допаѓа, на некој не (на пример мене).Сега сестра ми е 10 и веќе не ја бакнува мама во уста, но имам една другарка, и таа сеуште се бакнува со мајка и и брат и во уста. :D
     
  18. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Хахаха темава стана смешна,како онаа :"дали сум бремена"
    За момент си поставив прашање :дали сум педофил што го бакнувам моето дете (1год и 3мес ) во уста?
    Ми падна смешно многу
    Не се секирај сине (не сум педофил)о,и ти кога ќе имаш неполни 4 год ( како бато) нема повеќе да ме бакнуваш во уста,само ќе се гушкаме
    Немам настрани мисли према вас,туку сте ми мили и премногу ве сакам
    Секој ден децата се оддалечуваат од нас
    Ќе тргнат во градинка,школо,екскурзии,спорт
    Времето за галење и мазење изминува
    И секако дека нема да ги бакнувам во уста кога ќе ги испракам во основно,средно па и на факултет
    А уште помалку за на раб,кога ќе имаат девојки и жени...тоа е настрано :fubar:
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  19. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    И во недостаток на било каков аргумент, ете го фамозното сите се против мене! |(



    Во психологијата си постои термин за твоето однесување а тоа е пасивно агресивно, значи прво ќе ги изнавреѓаш сите а после ќе плачеш како ти си оштетената и нели сите се против тебе, been there done that. |-)

    Мене пак инбоксот ми бил полн само со честитки кога сум се породила, за нова година итн, или онака кај си, како си, како децата, ниту еднаш ниедна форумџика не ми има пишано кога сме дискутирале по "жестоко" на некоја тема, затоа што дискусијата сме си ја водиле таму каде што треба а не позади грб.
    Изгледа јас не им оставам впечаток на форумџиките дека ќе олајавам личности кои не ги ни познавам како да сме на селска чешма.
    И вие сериозно ви е страв да си пишете тука на темава што и како си мислете и не олајувате другите по пп, тоа многу повеќе збори за вас како личности а не за некој си страв, од што страв, да не дојдам од Мелбурн па да ве барам по Мк за да се пресметаме. |( ]:)

    Секогаш кога се нема аргумент кој е издржан се вади картата религија, каде во библијата стои дека не е во ред родител да си го бакнува детето?
    А и да стои (а не стои) иако сум верник не голтам религиозни догми, Господ ми дал слободна воља за да размислувам за себе, не мора се што ми сервира црквата да прифаќам со амин, не дозволувам црквата да ми го формира мислењето, доволно сум паметна за сама со својот мозок да размислувам и никој не може да ме убеди дека правам нешто погрешно затоа што си ги бакнувам сопствените деца.

    И за оние што се соблазнуваат демек леле некоја ќе го бакнува мојот дечко, мојот сопруг, што е крајно посесивно однесување и размислување затоа што сопругот (што е променлива констата) секогаш бил и ќе остане син на своите родители, што е непроменлива константа, така да јас не би паднала во несвест ако мојот сопруг ја бакне мајка му.
     

    Прикачени фајлови:

    На vickyy90, Gea, sweet-star и 3 други им се допаѓа ова.
  20. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.832
    Јас пак не знам зошто се разврзала толкава дискусија по ова прашање!?
    Лесно и едноставно е,некому ова му е правилно и како избор го почитува,останатите на кои им изгледа неправилно и несвојствено не мора да го следат или прифатат тој избор.
    Лично јас сум против бакнување на бебиња и мали деца во уста,практично од здравствен аспект.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.