1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бакнување на деца во уста!

Дискусија во 'Дете' започната од lunicka, 25 јули 2014.

  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.985
    Допаѓања:
    166.656
    Пол:
    Женски
    Најголемото недоразбирање тука, а и општо, тргнува од фактот што тешко сфатливо кај е некои е тоа шо сите луѓе не можат да размишљаат исто како нив. И потоа следи докажување на обратното во дијалог во навредливи форми и тоа скроз безпотребно.

    Само затоа што двете поделени страни не размишљаат исто, не мора по дефиниција да значи дека едното од мислењата е погрешно. Тоа е само индивидуално гледиште на работите.

    Искрено сметам дека тоа шо јас лично сум растена со тие бакнежи во уста, тоа денеска ми е скроз нормално и ми е останато како едно скроз симпатично сеќавање. Што во никој случај не значи, дека, сите останати шо тоа го немале, немаат симпатични сеќавања или недај боже им фалело љубов. Родителската љубов, а посебно мајчинската е неспоредлива со ниедна друга љубов на светот, и секој родител ја изразува на начин на кој смета дека е најдобар. Тука нема грешка.

    Исто сметам дека, кога на едно бебче од најмала возраст ќе му се всади одредена навика, тоа за него понатаму ќе е нормално. На сите Вас шо бакнежот во уста ви предизвикал непријатност тоа е поради што кога сте го добиле веќе сте биле доволно големки за да се тргнете. Верувајте, да сте го добивале на дневна база и од најрана возраст ќе Ви било нормално и таа постапка на мама немало воопшто да ви изглеа недолична или непријатна, со оглед на фактот шо мама е првиот идол на секое дете и се шо мама праи е најпаметно, најдобро, најнормално... :) Едно бебче не знае да резонира, не се трга, на него се му е интересно и бара уште. :) Можеби и ја да сум ги немала тие бакнежи, сеа ќе сум го немала и овој став, кој знае...
    Еден ден, здравје и ние шо уште неаме деца, ќе имаме, па ништо не се знае, може ќе смениме став, може ќе останеме на истиот. :)

    И да, не памтам како престанаа тие бакнежи. Веројатно било спонтано, ги имало се поретко...се додека престанало да ги има воопшто. Нема тука некоја тешка филозофија. :)
     
    На Taccka, De-lovely, vickyy90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.394
    Би ве замолила да ја продолжиме дискусијата без навреди, етикетирања и психоанализи. Офтопиците се обидов да ги тргнам, а навредите за жал мислам дека се' уште се тука. Ако почнам да бришам, ќе треба да избришам повеќе од половина мислења. Сепак, ако некој смета дека нешто треба да се избрише, ве молам пријавете.

    ****************

    Јас никогаш не сум ги бакнала децата во уста, ниту пак мене моите ме бакнале. Многу ги гушкам и ги бакнувам во чело и обравчиња, ама мислам дека тоа е доволно.

    Така ме воспитале, така воспитувам и јас. За мене тоа е прашање на избор.
     
    На Candid, Silver.E, tessie и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Би сакала да додадам уште еднаш свое мислење на темава, бидејќи имам чувство дека не бев доволно разбрана првиот пат. Во надеж дека нема да бидам нападната и погрешно сфатена од некои мајки овде.
    Значи, ќе бидам кратка...
    Децата ги капите затоа што морате, односно бидејќи тие се малечки и неспособни да го прават тоа. Тоа е дејствие со намера, односно нешто кое мора да се стори, а впрочем секој родители до некаде има задолжение, за здравјето на своето малечко. Оттука се сомневам дека може да произлезат некакви сексуални алузии, иако децата својата сексуалност започнуваат да ја истражуваат од своите најрани години. Но, со оглед на тоа дека се случува исклучиво до петтата година (во ретки случаи се прекорачува оваа граница), не треба дотолку да биде загрижувачки.
    Да ги бакнувате децата на усни, НЕ е морално, и тоа не го прават сите. Туку тоа е така бидејќи лично вие сте одлучиле на тој начин да му ја искажете љубовта на детето. Ај до петта шеста година може да се замижи, ама тоа доколку се случува и понатака не можам да ви гарантирам дека детето нема да го протолкува малку поинаку, без оглед колку имате добри намери.
    Колку е погрешно или не, оставам на вас да си одлучите, јас повеќе не ви навлегувам, а уште помалку осудувам.

    На крај краева не сум ниту мајка, а ниту психолог, туку само го изнесувам моето лично гледиште околу проблемов.
     
    На Candid, crimson, Silver.E и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.187
    Претпоставувам дека не беше задоволна од реакцијата на претходниот пост со тоа што доживеа целосна игноранција од останатите па сега се обидуваш со малку по хард кор варијанта на истото да предизвикаш некоја реакција за да си го потхраниш егото. Но како да немаш храброст да заземеш поостар став туку постојано балансираш може вака а може и онака и повторно ја враќаш тезата околу годините иако се договоривме дека се работи за мали деца додека се слатки мали суштества а не за тинејџери.

    Бањањто беше уфрлено само како еден сегмент кој покажува дека не секоја работа која кај возрасните асоцира на секс е секогаш така. Искрено се надевам дека си многу млада, и дека несвесно велиш дека децата треба да се бањаат само до 5 годишна возраст. Претпоставувам дека додека бидеш мајка ќе сватиш дека дете на таа возраст само под туш може да биде опасна варијанта.

    Мислам дека околу 9-10 години е границата кога детето само, ќе си побара приватност.
    Секако за ова колку што видов има посебна тема, и не би дискутирал овде но паралелата е дека не сите работи во светот на возрасните исто се толкуваат и кај децатат, кои патем речено да повторам уште еднаш сексуалноста не е развиена. Значи едно значење има ако некој те бакнал на стомачето кога си имала 2-3 години а друго значење има сега. Сакам да кажам нема мораш немораш, па бањањето било морално затоа што мораш а ова било неморално.
    И искажувањето на љубовта и нежноста е морала категорија и нешто без кое одредена личност нема да биде потполна. Секако дека и како возрасни сите ние имаме различе однос во семејството па дури и помегу брат и сестра. Кај некои има блискост гушкање бакнување без повод и причина додека други се бакнуваат и гушкаат само кога нешто си честтаат и тоа официјално како и со секој друг странес што се поздравуваат.
    Значи сите ние носиме одредени ставови тргнувајки како не воспитувале. Јас имам пример каде братучедите се чуделе како мајка ми, и татко ми, се гушкаат чисто онака секојдневно бидејки нивните родители тоа не го правеле и секако дека утре и они ќе имаат таков став.
    Секако тоа не е спорно, туку спорно е што мешате баби и жаби и тврдите дека тоа може да има поинакви последици подоцна.
    Еве јас јавно да ги запрашам оние кои во темата одговориле дека мајките ги бањале до 9-10 години, дали тоа оставило на нив било какви последици, т.е дали поради тоа станале лезејки?
    Чисто да ја разрешиме таа дилема и глупост дека може да има последици ако го бакнувала мајката или ако го бањала......
     
    На vickyy90, SimonaTino, katalina и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271

    Останав незадоволна бидејќи мојот пост доживеал целосна игнорација велиш, а?
    Како ме провали бе бураз, браос! :D
    Еве, признавам ептен се потресов :wasntme: , дури вечерта не можев да имам мирен сон и само мислев како ќе станам наутро, ќе напишам нов пост и ќе чекам да ми реплицирате.

    Иначе од она што можам да забележам, ти си оној што меша баби и жаби бидејќи правиш генерализации. Споредуваш различен тип на семејства, што не беше случај и кај мене, иако ти му ги виде роговите и го протолкува како хардкор верзија.
    Патем, не знам каде виде јас да не се согласувам со тоа, ама ај нема врска. :^)
    Мене ниту ми беше намерата да кажам дека сите девојки еден ден после третманот ''бацка'' ќе станат лезбејки, не ги ставив сите во ист кош. Бидејќи сите водиме различен начин на живот.
    Башка не ми е хигиенски, али исто не би навлагала понатака.
    Ова околу неразвиената сексуалност си важи, но забораваш дека е во потенција и порано или подоцна ќе се активираат можеби одредени чувства и емоции, кои не мора да имаат манифест буквално врз понатамошната сексуална ориентација.
    Иначе, кога спомнав за бањањето меѓу редови, сериозна бев!
    Ако тебе твоите те бањале до 10-та година, моите и некои други родители најдоцна своите деца ги капеле до претшколска возраст, може година - две подоцна највише, па еве ги за среќа здрави прави и неповредени. И не гледам причина за опасност. Колку имаме шанси ние да клизнеме, толку имаат и тие. Мада не знам кој се повредил од капење после 7-ма година. Некоја када со крокодили сигурно била, шо знам. |(
    Ова со искажувањето љубов од страна на родителот не е морално, сакал ти или не си важи, туку си доаѓа природно и спонтано, додека постои и таков тип на луѓе кај кои никогаш не ни доаѓа.
    Не можеш да ме убедиш дека и бакнувањето во уста е исто толку природно и спонтано колку ова претходново.
    Заборавив уште нешто да кажам..Границата на приватност ја определува самото дете, како и се останато впрочем. Некои ја бараат после шестата, други после тринаесеттата, прашање на индивидуалност е.
    Ама и јас сум будала бе, што ви се замарам. Саде стручњаци од областа психологија, само ние со спротивно мислење од вашето сме црните точки на темава.
    Ама ако, продолжете да си ги бакнувате децата, уствари правете им што сакате на крај краева ич не ви се замарам. Се додека читате меѓу редови, навредувате, нема да има дискусија туку расправии. А јас не мислам да ги продолжам бидејќи не чувствувам ни потреба за тоа.
    Ќе си фурам како што моите дома ме воспитале, вие правете го истото. Дали подоцна ќе мора да ги сносите консеквенциите или не, пак ќе кажам - исто така ваш проблем.
    Не би било лошо само да ѕирнете психологија, but meh, што е за вас тоа, еден куп бљувотини. :hai:
     
    На Silver.E и tessie им се допаѓа ова.
  6. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Понекогаш свесно, понекогаш несвесно со одреден наш став правиме некој да биде повреден. Иако суштината на дискусијата е’ и претставува едно, а моменталниот статус на истата покажува сосем нешто друго. Факт е дека секој си има изградено свое мислење кон кое ќе се стреми во животот и кон кое еден ден ќе го воспитува и гради своето семејство, но не и тоа мислење универзално, па за сите да го прифатат и да го следат тоа :!: .
    Тоа всушност се случи и овде. Од една обична дискусија дојдовме до најчувствителното и дозволивме едни на други да лепиме етикети од типот: педофилија, вулгарно, настрано, сексуалност, па дека некои треба да одат да се лечат итн. Значи и колку да дискутираме и полемизираме секој на крај си останува со својот став, само што тоа можело да тече по еден убав тек на мирна дискусија и без никој да не биде повреден.

    Моето скромно поимање...
    Бакнежот за мене е еден спој, една најчувствителна средба на две личности кои исконски и од срце се сакаат. Но таа љубов не секогаш означува страствена и похотлива љубов на две возрасни единки, туку тука станува збор и за една уште почиста исконска љубов, како љубовта на родителите кон децата.
    Конкретно јас, како мајка која сега го воспитува своето чедо не гледам ништо толку „лошо’’ во еден бакнеж. Додека некои тоа не го практикуваат од хигиенски или други Х причини, јас го користам секој миг за овие неколку години додека самиот не започне да бега и осознава. Бидејќи тогаш јас ќе го барам за еден бакнеж на лице, што можеби и нема да го добијам.
    Додека другиот, ако мисли дека на тој начин ќе го унакази своето дете, во смисла што би побудило некои други чувства кај него или себе, така нека го воспитува своето дете. Нека не го бакнува воопшто на уста, ама и нека ги остави и оние што се со спротивен став. Бидејќи (како што споменав на почетокот) со само еден збор или реченица од своето мислење повредуваме некој друг. А што добиваме со тоа? Ништо. Освен лошиот збор кој многу потешко се заборава и брише од мислите.
    Затоа секој нека си прави што си сака и што мисли дека е најисправно, но без етикетирања и генерализација.

    п.с. Јас ќе си го искористам времето додека е малечок да го опсипам со љубов, галење и бакнежи. За другите не знам :hai: .
     
    На jovanovska94, Kaetana, НаталиЛили и 11 други им се допаѓа ова.
  7. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Немав пишано во темава од причина што не бев целосно сигурна кој е мојот став за бакнувањето на деца во уста се до вчера.

    Спиев кај мои драги личности кои имаат мало девојченце кое има полни пет години и кое многу ми се радува секогаш кога ќе ме види и кое ме сака и го сакам како да е мое.

    Си лежев и дојде милата и си легна до мене, ме гушкаше и си дремуцкавме двете.
    Додека така си лежев цело време ме гушкаше, ме бакнуваше на образ,на врвот од носот, јас ги отварав очите и се насмевнував и и возраќав на бакнежите и прегратките и одеднаш така спонтано ме бакна во уста, и тоа се случи 2-3 пати. Се насмевнав и ми текна на темата, кои полемики се водеа, кои дискусии, а всушност навистина тоа е само една чиста и нерасипана љубов, еден момент на милост кога душата се смирува на некој посебен начин. И се насмевнав и си продолживме да си спиеме и само си помислив како е можно од еден таков момент на размена на љубовта помеѓу детето кое е толку невино нешто, и некој што премногу го сака, да се дојде до теми како злоставување, педофилија, и сексуални фантазии.
     
    На edna_malecka, candy.cane, Taccka и 16 други им се допаѓа ова.
  8. jelena.rozga

    jelena.rozga Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    205
  9. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Јас моетого бацувам во уста и не гледам ништо лошо во тоа
     
    На joy1 и macy28102012 им се допаѓа ова.
  10. sweet.woman

    sweet.woman Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.225
    Допаѓања:
    744
    не јас ами самиот тој бидејќи има веќе 3 годинки и ќе ме бакне на челона образ на носе на уста и е задоволен ми вика секаде те бакнав
     
    На girl-miri му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mommy

    Mommy Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Подобро детенцето свое да си го бакнувам на устето :* отколку како некои што бакнуваат куче :puke:
     
    На edna_malecka, mimi****, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Sawyer

    Sawyer Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.031
    Пол:
    Машки
    :D :D :D
     
    На ubavka1, Adina, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  13. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    4.755
    Допаѓања:
    137.554
    Пол:
    Женски
    ova mu e momentalna preokupacija na sin mi-15,5 meseci
     
    На Sawyer му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.194
    Допаѓања:
    25.599
    Пол:
    Женски
    Ќе пробам да изигнорирам и заборавам на секоја глупост што ја прочитав низ темава,искрено незнам колку е тоа возможно Оти навистина од некои мислења ми дојде дури и да :puke:.стварно има многу болни умови :x
    Јас и ММ ја бакнуваме керка ми на муце и често и самата таа не бакнува нас во уста,мене тоа ептен ми е нормално и симпатично.јас на мои 33 години се уште со моите родители брат и сестра се бакнуваме на уста,верувајте не е ништо страшно и перверзно.
     
    На macy28102012 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.314
    Jas si go baknuvam vo uste zasto sto koga ke kazam dojdi mama da te bakne samo si go mesti usteto. Se dodeka smetam deka na dvajcata ni e ubavo ke go právam toa. Drug nikoj ne mi go baknuva vo usta samo vo lice i vratce
     
    На joy1 и WORRIED.BT им се допаѓа ова.
  16. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.547
    Celata si ja opsipuvam so baknezi. Od glava do peti i nazad. Isto i na usteto se baknuvame. Znae i taa da me bakne. Koga ke kazam ajde cuni mama pravo se cunkamee (koga e na kejf)
     
  17. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.353
    Пол:
    Женски
    Темава отишла во скроз погрешен правец.

    Лично јас не сум против, и си ги бакнувам двајцата.
    Поголемиот кога беше годинка- две ќе ме фатеше со рачињата за лице, да не му бегам и ке ме бакнеше. Сега е веќе голем, 5.5 и ретко кога ме бакнува во уста. Повеќе во лице.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    2.881
    Јас не ја бакнувам во уста ниту татко и, досега немав некој став околу тоа, не ми пречи кога мајките си ги бакнуваат децата во уста но мене не ме бакнувале така па немам потреба така да ја искажувам мојата љубов кон неа. Инаку сега скоро се случи една ситација, кога дедо и (мојот свекор) ја бакна во уста , искрено јас се згрозив во тој момент, ми идеше да си ја земам веднаш од кај него но ај да не реагирам веднаш , си реков може е случајно, и сега на наредната средба со нив, да се бакнат за чао таа го бакнува во образ тој не не така во уста требало. Тоа беше вчера, не знам дали маж ми примети, но денес планирам да му кажам дека тоа не сакам да се повтори и тој да го предупреди со време бидејќи уште еднаш нема да го дозволам тоа. Не знам лута сум на себе што веднаш не реагирав, ми се грози од таа слика!
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.145
    Допаѓања:
    76.557
    Пол:
    Женски
    Мене ова ми е нешто ужасно. Не би го правела тоа.
     
  20. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Син ми деновиве ми вика дај да се бациме во уста. Го прашав што ти текна, ми рече видел дека надвор сите се бацуваат во уста. Еден саат се препотив да му објаснам дека не мора да се бацуваме во уста, образот е за тоа, а он имаше милион прашања зошто другите се бацуваат во уста па тргна муабетот за дечко/ девојка ( не дека ме разбра де) и на крај ми вика ако не можам со тебе да се бацам во уста ќе ги прашам другите. Кои други? Пааа кога ќе дојде некој, надвор...аууу и на крај некако се договоривме дека обравчето е за бацување.
    Лично не мислам дека е страшно ако некогаш се бациме во уста, ама он сакаше со сите!!!! Па се објаснивме
     
    На Kitten, cresa-jagoda, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.