И ова е една од причините зошто ја бакнувам малата. Секако сакам да ја бакнувам, ама сите бактерии кои се дел од нормалната флора на мојата кожа или во устата се првите бактерии кои ја населуваат нејзината кожа и внатре во цревцата како и да е. И да не ги бакнуваш пак од мајката ги добиваат тие бактерии кои понатаму стануваат дел од нивната нормална флора. Така и треба. Секако ако сум настината, кашлам и кивам, ова не важи. Ама јас лично не сум се разболела со години и затоа не се грижам.
Не ја бакнувам во уста, лично мене не ми е природно. АМА, ја сфаќам потребата на родител да го прави тоа. И мене ми иде не само да ја бацувам кај стигнам, туку и да ја гушкам и гњавам цел ден зашто ја сакам највеќе од се’ на светот, како и секој родител своето дете. Но јас ете вртам глава некогаш кога случајно ќе се доближиме, зошто бакнежот во уста го поврзувам со мм и со таква љубов, не со однос мајка-дете. Не е заради бактерии, ни заради нешто друго, туку ете баш затоа што ме асоцира на друг вид на љубов и не сакам утре и малата да има забуни околу ова. А навистина ја разбирам потребата, иако не ја применувам. Совршено ја разбирам.
Ух темава. Кога бев помал најголема траума ми беше кога треба да одам на свадва и ќе се поредат баби и дедовци да ме бацуваат у уста Така да претпоставувате дека сум ПРОТИВ!!
Ама па ти за баби и тетки зборуваш, муабетот е мајки и деца. Да се случува да ги бацам во уста, малово знае често само да ме фати за глава и да ме баци, не ми е неприродно додека се мали. Големиов веќе едвај успевам да го гушнам не па да го бацам, сами си се дистанцираат кога ќе им дојде време.
Големо НЕ за бацуваее во уста, некогаш ми иди да ги бацам ама се сепнувам и ги гушкам најсилно што можам. А не сакам ни да ги бацуваат по лице и обравчињата, ниту по раце, зашто малиот пречесто ги става во уста.
Јас си ја споделив маката само Можеби и некое друго дете има фобија од бацување у уста ко мене шо ми беше, независно дали е родител или баба у случајот.
Јас сум против бакнеж во уста . Исто како членката погоре , таа љубов ја поврзувам со мм , и не ми доаѓа од внатре да ги бакнувам децата во уста . Плус пушач сум , и донекаде и тоа влијае во мојата одлука . Секако , секој си има право што сака да прави со своите деца , и не се згрозувам ако некој го бакнува своето дете во уста пред мене . Меѓутоа , за мојте сум против , а гледам и поголем дел од фамилијата на маж ми и мојата , го имаат истото мислење .
Јас не се сеќавам дека ко мала кога ме бацувале во уста, ама од тоа што се сеќавам се има случено и подоцна да се бацнеме. Никогаш не сум помислила дека е ретардиранп ниту пак дома дошло до инцест. Сестра ми баш пред некој ден ја бацив во уста (не како што го бацувам дечко ми, долго и лигаво туку кратко и милно) затоа што беше тажна а јас сакам да и покажам милост и љубов. И братучед ми мал кога беше го бацував насекаде па и на уста. Порасна сега, 7 години има и нема тоа некое лошо влијание врз него. Читав мислења од пред неколку години каде што ова се нарекува перверзно и се поврзува со секс и не знам ти што друго.. грозно. Па уште и се спомнува разголеност на тинејџерки пред татко. А син ако е по боксерки пред мајката, ќе се напали таа или? Татко ми што ме бањал додека имало потреба да ме бањаат, што ме пресоблекувал и се останато, нема да изреагира никако ако јас дома се шетам ко на плажа. Татко ми е, не некоја роднина таму што нема никаква директна поврзаност со мене.
Oh boy. Нема да го бацувам во уста сум пишала, пред пет години. Супер што не сум пишала нешто полошо. Се бацуваме во уста. Ме грабнува за глава и право во уста. Фала богу не е како што мислев, дека ќе бидам и јас така ладна (да не ме разберете погрешно, не за бацувањето во уста, за секакво бацување и гушкање). Не сметам дека има нешто лошо во ова, ниту дека пак ќе влијае не знам како поинаку, ќе се изретчи со тек на време и после нема да го има повеќе. Шмрц.
)) И јас си мислев многу работи и имав одредени ставови пред да имам деца, и ако нешто научив е дека многу е лесно да се градат тие ставови на база на претпоставки. Ама кога ќе дојде реалноста да те чукне по глава.. дел од ставовите ти се "прилагодуваат".. ) Бацувам деца во уста (само мои деца), ама и учам дека не треба да бацуваат кој ќе стигнат. Не гледам непријатности. Ако видам дека на детето не му е веќе комотно, веднаш би престанала. Мислам дека тоа ќе избледи со тек на време. Така беше со моите. Побрзо избледи со татко ми.. после и со мајка ми.. и ниту еднаш не ми беше непријатно или чудно..
Понепријатно нешто од ова не постои. Ама изгледа се е навика, па така ако детето уште од мало родителите го бакнувале во уста, тогаш тоа е навикнато веќе и за него тоа е нормално. Па, најверојатно и тоа кога ќе стане родител децата ќе си ги бакнува во уста. Ама сепак јас не можам никако да го сфатам тој чин.
Ја бакнувам, и јас и мм. Бабите и дедовците ги бакнува во образ, нас директно во уста ни налетува Мене моите ни во уста ни во образ ме бацувале, ни сме се гушкале, од ладно- поладно.. Јас обратно правам, и не гледам грешка во ова.