мамички ајде малку да споделиме искуства на оваа област ако темава е несоодветно напишана или на несоодветно место слободно поправете ме...имам бебе кое има 10 месеци и правевме брис од носе и грло и покажа бактерија во носето streptococca pneumoniae па ме интересира како може да се излечи и колку опасна може да биде
бактерии кај деца од 0-1 година За секоја бактерија е потребно употреба на антибиотик, сигурно си пишува на антибиограмот која бактерија е изолирана и нејзина резистентност. И мојот син често ја фаќаше во градинка, но со употреба на антибиотик одма оздравуваше. За мали бебиња кои и претежно се дома, бактериите им ги носиме ние однадвор, затоа понекогаш иако изгледаме здрави може да сме носители на истите (не се разболуваме од нив) и треба и ние да си правиме брис паралелно кога им правиме на бебињата. Секоја бактерија која ја поминува границата од нормалата (бидејќи некои се составен дел од нашиот организам) е токсична т.е испушта отрови и може да биде многу опасна по здравјето посебно на малите бебиња, кои имаат слаб имунитет. Не се секирај, испијте го антибиотикот онолку колку ви е препишано, направете си брис после 2 недели по завршувањето на терапијата и доколку останатите членови од семејството ја немаат, пребриши си ги далечинските уреди, рачките од вратите, прекидачите и сл. со чист алкохол, а на бепчето играчките измиј ги со врела вода, па со ладна и убаво исуши ги. Сето тоа направи го по завршувањето на терапијата. Поздрав и се надевам дека бргу ќе оздравите.
бактерии кај деца од 0-1 година да меѓутоа мене не ми е јасно зошто да пие антибиотик кога во грлото ја нема само во носето нели тоа треба да се третира со соодветнои капки? пред еден месец правевме брис за во градинка и беше негативен ...а на листата пишува дека е сензитивен само на хлорамфеникол ваљда е таа маста што е за очи? мн ми е страв да не се спушти во грло или останува само во носето? стварно веќе се утепавме од пиење антибиотици и имунитетот му е мн ослабен
бактерии кај деца од 0-1 година Бактерија во нос не се лечи со капки, исклучиво антибиотик во форма на суспензија или таблети, кај вас сируп бидејќи сте мали. Е сега доколку е сензитивен на хлорамфеникол, тогаш треба да си земеш некој поквалитетен сируп и да си прима терапија колку што треба, да не се прекинува. За да се излечи малиот мора да го изолирате привремено од градинка или др. места или лица кои ја имаат таа бактерија. А за тоа пред еден месец беше чист, ти е исто како за ланскиот снег да правиш муабет. Од искуство ти кажувам дека денес може да брисот да е негативен и наредниот ден да брцне со прстето во нос и отиде.
бактерии кај деца од 0-1 година Нема врска ние изолиравме стафилокока и бидејќи неможеше да пие амоксиклав јалечевме со капки во 2 наврати бидејќи првиот пат нени успеа и тоа со гентамицин растворени во физиолошки и такаи капнував во носето сеа чекаме една недела да правиме пак брис амамислам ќе енегативен зашто нема ич мрсулчиња за разлика од претходно барем се надевам дека ќе биде негативен
бактерии кај деца од 0-1 година се надевам дека ке нема потреба од антибиотик а на резултатите му пишува и дека е сензитивна и на амоксиклав така да ништо чудно да пие ама јас ке си прашам за секој случај дали ке поминеме без антибиотик
бактерии кај деца од 0-1 година дај боже да нетреба да пиете антибиотик ама јас немам слушнато за бектерија што си врви сама од себе
бактерии кај деца од 0-1 година не мислев на тоа да воопшто да не ја лечиме туку да можеме да ја изолираме само од носето со соодветни раствори како што има мн примери за тоа зошто стварно ми е доста веќе од антибиотици имунитетот ни е 0...
бактерии кај деца од 0-1 година Обично бактерија во носот се лечи локално, со антибиотик, ама во вид на капки или маст, а не сирупи или таблети. Значи, директно во носот се става антибиотикот, ако се капки се капнува соодветна доза, а ако е маст, се мачка со стапче за уши. Би требало да е ефикасно така.
кај нас на самиот антибиограм пишуваше дека е сензитивна на хлорамфениколот маста и еве веќе 3 дена го мачкам и нема мрсулчиња и не му тече носето и денес го однесов кај матичната и она ми го потврди истото дека нема потреба од антибиотик зошто ја нема во грло да ја потрошиме маста па потоа на повторен брис...дај боже да ја излечиме
Немам 9 годишно дете меѓутоа бактеријата треба да се лекува и по 7 дена откако ќе заврши антибиотикот обавезно контролен брис
па да еве 3 ден пиеме антибиотик треба 7 дена да се пие и ке испитаме после пак контролен брис и аст и црп во крвта инаку имаме и 3 крајник веројатно ке се извади со операција само чекаме да оздрави па да ја видием реалната ситуација и на крајникот
Пиете 7 дена па пауза 7 дена па брис иако може ќе ви речат може и по 3 дена јас би почекала уште 7 да си дојде на место нормална флора па потоа би праела контролен брис
еве и ние сме подобри веќе 4 дена се мачкаме од хлорамфениколот и немаме веќе мрсули поминавме без антибиотик сега ке продолжам усте 3 дена па една недела пауза па пак на брис...се надевам негативно ќе е...
Да ние имавме стафилокока ипред 40 дена јас ставав капки гентамицин и еднаш не ни успеа па сируп амоксиклав ми даде пролив и го прекинавме и потоа пак капки гентамицин ама мене ме советуваа 5 дена јас давав 10 и ни помина добивме негативен брис во меѓувреме имаше страшни огромни колку прст на возрасен мрсули во носот но не спушти.Капките сама сиги праев од ампули
Мајки уште од кога се роди малата имаше секрет во носето, на моја иницијатива атичната и зеде брис излезе некоја бактерија, и ми преписа капки цитерал, проблемот е што на капките пишува за уво и око имате ли некое искуство??? дали да барам друг доктор ??
Na moevo mu otkrija bakterija vo noseto pseudomonas aeruginosa citav na net a i pedijatarot mi rece deka se raboti za seriozna klinicka bakterija sto veruvam ja ima zakaceno od intenzivna vo sk dodeka bese vo inkubatorce na izvestajot pisuvase deka reagira na hloramenikkol kremata ke ve molam ako nekoja od vas ima sl.iskustvo da spodeli vo panika sum
Мајки не можам да најдам друга тема поблиска за вируси и бактерии па ќе пишам тука. Се работи за 2 годишно детенце, имаше повраќање, дијареа и температура, направена му е крвна слика и пишело дека има бактерија (бактериска настинка)...незнам за каква бактерија се работи ама докторката му препиша антибиотик алмацин, после три-четири дена пиење антибиотик детенцето немаше подобрување, дехидрира, не стануваше од кревет и го однесоа кај друга која рече под итно да се прекини антибиотикот бидејќи му правел уште поголем проблем со цревцата, му даде само прашак ентросил...детенцето е подобро но столицата сеуште е течна....ќе ве молам некое слично искуство??? Дали треба да се зема антибиотикот за да се уништи бактеријата???Фала однапред