1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бактерии кај бебиња

Дискусија во 'Бебе' започната од mama.23, 19 јануари 2013.

  1. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Крвната слика покажува дека има бактериска инфекција, но не покажува од која бактерија е настинката. Така да лекарите препишуваат антибиотици кои се со широк спектар на дејство, се многу јаки и не значи дека ќе ја уништат бактеријата со сигурност. Подобро однеси го да му земат брис од грло и нос (ќе напомнеш дека е под терапија) и ќе се види која бактерија му прави проблем, за да се препише соодветен антибиотик. Инаку терапијата со антибиотик (кога е вистинскиот антибиотик) не се прекинува со прекинување на симптомите. Трае 7-10 дена во зависност од тежината на инфекцијата. Столицата му е таква од дејството на антибиотикот - прочитај во нуспојави. Атибиотикот ги уништува и добрите бактерии во желудникот и општо. Пожелно е секогаш да се зема пробиотик едно 2-3 часа пред пиење на антибиотикот за нормализирање на цревната флора. И друг пат кога ти повраќа дете за да спречиш дехидрирање стави му чеп Емесан-К, прочитај упатство претходно или консултирај се со лекар.
    Поздрав и бргу да оздрави синко.
     
  2. love make up

    love make up Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2016
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Мамички ве молам за помош...
    Синко е 5 месеци, правевме крвна слика и брис од грло и нос, крвн слика супер а во носето ни најдоа бактерии и тоа не една туку две, стрептокока пнеумоние и мораксела катаралис... Премногу е мал за антибиотици, Ве молам дали некој имал искуство со бактетииве
     
  3. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.339
    Пол:
    Женски
    моракселата ја пројдовме само со маст во носе ама стрептокока мислам ќе морате и орален антибиотик. ќе ти кажат на лекар најубаво
     
    На love make up му/ѝ се допаѓа ова.
  4. love make up

    love make up Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2016
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    А со која маст ја излечивте мораксела?
     
  5. Lattina

    Lattina Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2014
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    44
    Какви проблеми му прават бактериите? Не сум доктор, но како тоа антибиотик на 5 месеци, како тоа малечко ќе гради имунитет?!
     
    На love make up му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.339
    Пол:
    Женски
    Што ќе се стави одлучува матичниот доктор бидејќи има табела на листот на кој ти ги пишува бактериите. на некои лекови е сензибилен на некои не, затоа мора по тоа да се види што ќе ти даде.
    @Lattina стректокока пнеумоне самото име треба да ти кажува каков проблем може да ти направи. Моракселата иако е полесна верзија сепак и таа може да отиде накај плуќа. А дали ќе се даде антибиотик или не докторот ќе каже. Затоа реков МИСЛАМ ќе морате. А не ќе морате.
     
  7. love make up

    love make up Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2016
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Да и јас од тие антибиотици многу се плашев... Утре сме кај докторката, ама по сите изгледи ке мора терапија...
     
  8. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.644
    Пол:
    Женски
    па некои бебиња примаат антибиотик одма после раѓање кога за тоа има потреба.Баш дека нема имунитет и дека е премало за било што на природна база антибиотикот некогаш може да биде спас за да не дојде до фатални последици кај малото.Од бактерии новороденчиња умираат
     
    На didisi, victoria и ilyan им се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.284
    Пол:
    Женски
    Ако нема симптоматологија и двете бактерии ќе се третираат локално, со антибиотска маст или капки. Без грижи.
     
  10. Lattina

    Lattina Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2014
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    44
    Затоа прашав какви проблеми му прават... Ако нема значајни симптоми туку само е утврдено присуство не треба да се третираат туку да се остави организмот сам да се справи.. - ова според др Сајковски од Здружение на педијатри
     
  11. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.248
    Допаѓања:
    13.889
    Пол:
    Женски
    ЈАс сум за бактеријата да се третира со антибиотик - соодветен за истата. Што има врска дали е 5 10 15 месеци, бактерија го нападнала организмот и истата се искоренува со соодветен антибиотик.
     
    На didisi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lattina

    Lattina Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2014
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    44
    Затоа што го чекаат уште многу години во кои ќе биде изложен и нападнат од бактерии, честото земање антибиотици може да го направи организмот резистентен на нив. Треба да изгради имунитет, што не се прави со постојано земање лекови при најмал проблем уште од мали нозе...Значи не велам не за антибиотици, туку да се процени дали е навистина неопходно пред да се земат
     
    На Annath, Lolipop23 и emkaemka им се допаѓа ова.
  13. love make up

    love make up Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2016
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Да токму така не советуваше докторката... Се надевам ке успееме...
     
  14. Вил

    Вил Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Здраво дали некој може да сподели искуство со МРСА во носе кај 7 месеци бебе ?
     
  15. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.892
    Допаѓања:
    7.626
    Пол:
    Женски
    Стафилокока во грло според брисот. Нема тт, нема црвено грло, само на моменти зарипнат глас и ретко кашлање. Докторката препиша антибиотик ама некако се двоумеше. Искуство? Не знам дали да давам. 6+ е а трет пат ќе му биде антибиотик да прима.
     
  16. momomo

    momomo Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    41
    Дали ја излечивте и што терапија примавте? И синко мој 3 месеци сме, ја имаше во носето ни препишаа сируп антибиотик и сега чекам 3-4 дена па повторно да направам брис, дај боже да ја нема .
     
    На k0401sofija му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.248
    Допаѓања:
    13.889
    Пол:
    Женски
    A
    Какви симптоми ви имаат децата? Тт?
     
  18. momomo

    momomo Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    41
    Nema tt, samo zatnato nose i kako krcenje vo noseto inace si napreduva ,
     
  19. фина96

    фина96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2016
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    121
    Пол:
    Женски
    Бебево мое имаше горелки во едното око и од нова година навака ставав Тобрекс капки едно три недели по препорака од педијатар. Таман помислив дека и помина кога и се зацрвени окцето и малку отече. Тогаш и открија Staphylococcus aureus во окото и педијатарот ни препиша Хлорамфеникол маст да ставаме 7 дена. Еве веке 8 ден како ставаме и има мааалку подобрување но сепак окцето и лачи зелено жолт секрет. Некоја со слично искуство и препорака?
     
  20. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Мојата имаше Стрептокока во очите, со 4 дена хлорамфеникол маст(3 пати на ден, наутре, на пладне кога спие и навечер пред спиење) и помина и пу пу пу од тогаш окцето не и се направи пак со гурелки.
    Види во резултатот од брис дали одговара Хлорамфениколот за таа бактерија.

    Ја ставав Тобрекс без брис, но не помагаше, затоа и направив брис од очите.
    Си стоеше дека е резистентна на Тобрекс, затоа и не помагал.