Ај кажувајте сега за Moraxella (Branhamella) catarrhalis Малава цел месец ја фаќаа напади некои на кашлање и малку мрсули, сама си направив брис и излезе оваа бактерија во носето... Ај боже не сум го отворила цел резултат... и стрептокока пнеумониа има. Две бактерии...
Se sho znam e deka mozi da e pricina za pojava na bronchitis, pneumonia, sinusitis, vospalenie na centralniot nerven sistem I sl.
Истата бактерија ја има и мојата. Ваљда од градинка закачена... Истите симптоми како твоето дете. Во Систина ми рекоа нема потреба од лекување се додека не крене температура. Сама од себе се повлекувала бактеријата
Поткашлува веројатно од секретот кој и се слева низ грло. Ама како што ви кажале во Систина, штом не ствара инфекција бактеријата истата не се третира зашто или организмот сам ќе се избори со неа или станува збор за клицоносителство.
Вакцинирана е со Превенар? Иначе се средуваат, не се секирај. Моракселата генерално не се лекува ако нема изразени симптоми, ама стрептокока пнеумоние веројатно ќе мора да се третира. Покрај неа и моракселата ќе се среди.
Да Нема страшни симптоми ама па цел месец си подкашлува (пред 1 нед, може 3 нед имаше некои напади на кашлица без престан 1ч, а знаеше да не кашла и по 8,9ч). Сега исто ке се искашла 2 пати во ден, носе малку тече. @TheSecret и @Lady*Bug да кажат како ја лечеле. Мене матичната ми рече не треба антибиотик ако нема темп, ако не кашла ептен. Ама како да пуштам дете со две бактерии во нос во градинка? Како и да е неделава нема да одат и двајцата, ке седат домче дека род имаме во петок па да ги чувам здрави. Од наредна нед ке почнат. Ке и ставам спреј диво оригано сега за сега.
Прво физиолошки, после диво оригано, ќе се исчисти. Те прашав дали ја има примено Превенар, оти таа вакцина е за стрептокока пнеумоние.
Да знам дека е за таа. Најверојатно ја штити полесно да ја помине, без тт и сл. Ке ставам и физиолошки па после диво оригано.
Веројатно е така, и има логика, далеку повеќе од некои тврдења, дека ако детето е вакцинирано со Превенар, немало да фати стр.пнеумоние никогаш.
мојот фати moraxella catharralis во нос. симптомите беа затнат нос ама убаво затнат до степен да не може да дише и спие, поткашлување и зелени мрсули. матичната ни даде спреј оперил во комбинација со антибиотик кој во аптека ни го растворија во капките ама точно не знам кој. и еве подобар е ама пак поткашлува. ама и јас кашлам ептен можда и префаќаме не знам. инаку ставам ацидосалус, оригано и физиолошки.
И мојата има мораксела Нас ни дадоа спреј Моралис во комбинација со Цитерал капки во него, да прскаме трипати на ден. Прво рече др да прскам обичен спреј физиолошки (Синомарин користам јас), па да исчистам убаво носе, па потоа од спрејов со антибиотик. Вака три пати дневно. Втор ден денес како го правиме ова, синоќа подобро спиеше и не хрчеше (инаку ептен беше затната, до степен да не може да дише и не спиеше по цели ноќи, плус густи мрсули имаше. Џабе прскав и Септаназал и Оперил, ништо не ја одзатнуваше. Поткашлуваше многу малку, ама затоа во неколку наврати се исповрати шлајмови ). Докторката рече не е опасна бактерија и греота е да пие антибиотик да се уништува цревна флора. Локално подобро било да се третира, па ќе видиме. Според мене има подобрување вака
Мојава ни локално рече не Цитерал капки можам без рецепт да земам? Мојава малку има мрсули ама па ја фаќаат кашлици некои чудни.. еве сега заспа и ја слушам кашла...
Капките не ми ги дадоа без рецепт, не ги давале на приватно ради мала залиха, така ми рече аптекарката. Ама ми дадоа ампула Цитерал, таа оди без рецепт. Секако само 2 мл се става во спрејот, па ми послужи супер ампулата, немав потреба од цели капки. Извадив со шприц и вметнав во спрејот. Исто ми рече матичнава дека ако не прави проблеми, односно нема симптоми, не се третира воопшто моракселата, ама кај мојава ептен направи проблем. 3 недели се мачиме со ужасно затнат нос, полна мрсули, а не излегуваат со пумпица, плус повраќаше шлајмови два три пати.
Ако ти прават раствор, една ампула ќе ти заврши работа. А за Цитерал на рецепт зависи каква залиха има аптеката. Ако имаат приватно ќе ти ги дадат. Секси подобро шлајмот да го повраќа отколку да се слева , да спушти и да прави опструкции. Мојот секогаш кога е со растечен нос, ги повраќа. И да не го подречам , иако носот сега често тече од градинка, нема спуштено. Така да радувај се што ги повраќа, т.е знае да ги вади, а да не одат каде што не треба.
Да, знам @duffi , и матичната истото го рече. Носот беше најголем проблем, ама еве како да оди на подобро со спрејов
Да, секако ќе се среди за 3-5 дена. И јас сум ставала рствор во вакви ситуации, само со Дексаметазон. И ни помогна.