Нас докторката ни даде да пие 1 месец оспен по еднаш на ден, па после тоа да направиме брисеви пак, да видиме дали се исчистила. Ама симптоми никакви нема моево, пред некој ден качи еднаш температура 38,5 и толку беше,дали беше бактеријата или некое вирусче кој знае. Ви посакувам побрзо оздравување
Смее ли капкитр од диво лригано што се за пиење да се стават во физиолошки и да се инхалираат? Малава обожава да се инхалира ама со капките е борба и смрт ми е више да ја малтретирам 2 пати на ден.
Да, јас ја имам така инхалирано малава моја, 2мл физиолошки и по 3-4 капки внатре оригано. По еднаш на ден...
Мајки, имам бактерија во нос, на санитарен ми ја открија. Ми треба чист брис. Имам мислам стефилокока аеурис. Шо користете како најефикасно.
Имам едно прашање ,синчето имаше стрептокока пиогенес во нос и грло ,поткашлуваше ,нос му течеше ,температура крена едно сабајле која помина со далерон и попладнето веќе не качи ,утредента го однесов на лекар добар беше немаше ништо,направивме крвна слика се беше во ред ,и на мое барање направив брисеви излзезе стрептококата ,после тоа ни дадоа амоксиклав пиеше 10 дена ,после 10 дена правев контролни брисеви .Денес излегоа резултатите брис од грло чист ,брис од нос хемофилус инфлуенце .Да напоменам дете изолирано дома е не оди во градинка и уште од почетокот на антибиотикот нема никакви симптоми до ден денес значи нит нос му тече нит кашла .Посекако после ќе одам кај матичен да се консултирам ,ама некој да сподели искуство или совет за ваква ситуација .
Ќерка ми исто има хемофилус во нос (а и пола деца во група во градинка) Симптоми имаше само затнат нос, ништо друго. Пие антибиотик. И вие ќе пиете најверојатно оти може да е резистентна на пеницилин. Кај нас беше резистентна, па ни дадоа Зинат. Некоја епидемија има периодов изгледа со хемофилус, секое второ дете што го знам ја има
Баш гледам дека на антибиограмов дека е сензитивна на амоксиклав ,а ние баш пред 10 дена го завршивме ,плус моево нит затнат нос нит па му тече носот .Мене ми е дали е возможно вака едно по друго две различни бактерии ,искрено мислам да проверам брисеви во друга лабараторија за секој случај .
Ako pravis vo Avicena vozmozno e i pet bak da ti najdat. Proveri i na drugo mesto ama edna nedela posle ispien antibiotik. Inaku od kaj sea bakterijava se pojavila neli se vakcinirame za hemofilis influenca ili dr e toa
Во авицена се правени брисевите да и тоа 10 дена после испиен антибиотик,направив нов во систина сега .Иначе да вакциниран е до сега три дози и тоа за хемофилус инфлуенце .
Немој повеќе да правиш во авицена брисеви Од Биотек како сте задоволни? Последен пат таму ги однесов децата ради паркинг, оти Синлаб е катастрофа со тој паркинг
Презадоволна. Имаат во кисела вода ептен ми е блиску позади зграда и редовно одам таму. Многу се фини имаат некои пакети за крвна слика, малку поефтино е од другите приватни.
Мене многу ми се допадна и пристапот кон ќерка ми кога ја боцкаат. За анализите, сум направила споредба и со државна лабораторија (од козле) и биле ок.
Јас правев брисеви во Авицена, ама веќе 2-3 пати правам во Пролече.. Со упат ми е поевтино (пошо во градинка а им затече нос одма потенцираат). Сеа и од око им правев (им солзеле очите шо ја знам и одма брис). Задоволна сум, башка до 18ч работат.
Јас во Авицена никогаш не сум имала проблем. Кога имаше бактерија, покажа, со антибиотик од листата се среди. Кога немаше симптоми, беа чисти брисеви. Ако ми покаже мене некоја бактерија, а да нема симптом би повторила брисеви на друго место.