Малата со носот никако да се оправи. Се започна од септември кога и почна во градинка. Пред три недели закачи бактериска инфекција, пиеше Цефалексин, но еве од носот жолт секрет и се закашлува, вчера дури и поврати шлајм. Правевме брисеви пред два месеца ( и тогаш имаше секрет), но негативни беа, се сомневам дека не и беше добро земен брисот од носот бидејќи многу вриштеше. Совет што да правам оти се нервирам многу.
Цело време ќе биде така Синко до вчера стрептокока , од денес мораксела! Да не биде монотоно де. Цефалексин и диво оригано доби,инахалации со физиолошки. Како кашла , како стар дедо Неможам да го слушам кога ќе се закашла.
И мојот месец и пол откако ја закачи моракселата катастрофа остана да диши на уста детето. Не одеше в градинка месец и пол некни го пуштив три дена и еве го пак дува и кашла. Ова веќе не е хумано. Инаку и мојот од септември тргна и глава не кренавме од тогаш. Мислам дека ќе го паузирам малку неподносливо е ова. Од ординација не сме излезени.
Девојки, ќерка ми (4) има стрептокока пнеумонае во нос. Мрсули зелени најмногу што можете да замислите, кашлаше, на преглед дури почнала да спушта малку. Испи цел сируп амоксиклав, 2 сирупа мукоплант, мрсулите и кашлањето 85% поминаа ама уште има и знае да се закашла. Од вчера и окото и се уцрви и наутро имаше зеленкаст слуз, педијатарот ми даде торбекс и хлорамфеникол за окото но за носот ништо. Кажувајте локално со што да третирам, до сега пиела само амоксиклав и секогаш солза чиста станувала. Сега и правам лаважа на нос со шприц и физиолошки од што е затната низ уста искача растворот не низ ноздрва. Ужас. Башка со бебенце 2 месечно сум дома страв ми е за него. Сум чула за декса капки во нос, хлорамфеникол... кажете од свое искуство што помогнало.
Да, да. Држи ја цврсто главата на детето кога ставаш, може незгодно да мрдне инстинктивно и да го повредиш носето.
Син ми од градинка закачи haemophilus influenzae.. Во нос.. Ни препишаа антибиотик. Кашла и нос течњ, сега се подснамали кашлицата
Здраво мајки,ај ве молам кажете како е можно да покаже стрептокока на брис од грло а брисот е земен додека пие оспен и тоа месец дена ,ако е толку многу присутна како е можно асо-то да биде 0 ,не ми е јасно ?
Еве не и нас со мораксела. И тоа плус хиб - хемофилис инфлуенца мислам беше. Пред 10 дена беше болен, ни дадоа да прдкаме оперил со левурон капки, 3-4 дена без подобрување, па ни дадоа 10 дена амоксиклав. 8 дена откако помина последниот ден од амоксиклавот, дигна 39 и ни дадоа лекоклар и ацидосалус. Ќе се мрднам веќе, крај има ли? Како поминавте вие со бактериите?
И јас да пријавам дете со иста бактерија. Само во нос ја имаше. Доза амоксиклав испи и продолжија зелени мрсули, повторив брис пак ја имам. Матичната вели локално цитерал капки, ги немаше, замена левуно. Тоа беше вторник. Во петок се жали на уше. Правец на ушно, едното воспалено. Даде лекоклар и трицеф. Го пие трицефот и мислам дека се смирува. На уше не се жали. Плус почна температура да качува, па правевме крвна слика од вена, укажува на вирус. Утре резултати од брис да видиме дали има уште некоја бактерија, и јас и маж правевме брис да не сме ја закачиле. Кај не сака да оди во градинка, се намачи со чистење нос, температура, боцкање за крв. После ова го паузирам до после одмор, почеток на јуни одиме и во мај со ваков имунитет може да закачи нешто. Прв пат пие антибиотик и јако почна.
Мајки после колку време од испиен антибиотик проверувате за бактерија,ја има Мораксела и моментално пие Трицеф.
Синко од четвртокот почна со температури, првите неколку дена до 38.2 навечер обавезно и потоа почна повремено нејчесто до 37.6 или 37.8, а голем дел и без. Вчера еднаш 37.6 а брзо после тоа 37.3 и често се случуваше таква да има, 37.3. Покрај тоа и затнат нос. Крвната слика му беше ок освен црп 12 (рф до 6) и еве на брис од нос испадна Моксарела (веројатно таа е, по тел ми кажа докторката). Работата е што ми вика сензитивна е на амоксиклав, види како е и ти одлучи дали ќе даваш (денес нема тт). Скоро имавме проблем кај што од хемофилус инфлуенца направи компликации па венски терапии, и на крај уши лечевме цел месес. Не сакам да го трујам пак со лекови ама не сум ни да оставам ако треба да примам. Ме шокираше со изјавата "Вие одлучете"
Ако бактеријата ја има само во носот, мислам дека оваа бактерија може да се третира само локално. Во некои случаеви доколку нема изразени симптоми и не се третира. Најдобро консултирајте се пак со матичната.