Утредента после мојот пост ни дадоа амоксиклав. Дишеше тешко, многу брзо и плитко вдишување, 70 и нешто вдишувања во минута... Отидовме кај матичната, му ставија инекција урбазон, одма почнавме и со амоксиклав и за неколку саати беше како ново дете. Не е скроз оправен, ама е значително подобар.
Мајки ве молам за совет. Откако почна малиот во градинка, во рок од 4 месеци има испиено 1 панцеф и 4 амоксиклави. Во носот последните три пати на брис има хемофилус, па пак хемофилус и третиот пат хемофилус + мораксела. Како да го излечам без антибиотик? Ниту локален, ниту системски. Секој пат правиме инхалација со кортико или кортико+вентолин, чекаме 2-3 дена, бактериите генерираат ненормално многу секрет (знам по мене), малиот не знае да издува нос (16 месеци е), сиот тој шлајм му се спушта на плуќа и на крај завршуваме со антибиотик пошто тоа делува како единствен начин да се спречи создавање на секрет во нос. И се така во круг... Му давам сируп за имунитет, му прскам бејби оригано во нос, се трудам да се храни здраво итн итн, и не знам како поинаку да превенирам, затоа прашувам како да третирам.
Мајка пробај со крем од Бугарија мупироназал,ние до сега сме го користеле само овој крем и ни поминува сме имале различни бактерии
Леле исто како јас да сум го напишала ова Детево мое е 2 и пол години и од октомври наваму сме цело време со бактерии во носот: инфлуенца па лезевме на болница па панцев, па пак инфлуенца па пак инекции па зинат ...а цело време средното уво му е полно од носот...месец дена дома три дена градинка и еве го сега има мораксела цел е затнат ... Живи избудалени сме се мислиме да го носиме на имунолог веќе памет немаме што да правиме
ви се придружувам и ја. истото, пред да тргне во градинка не знаевме шо е нос течење, ама откако тргна цело време се вртиме во круг и ние со мораксела и инфлуенса , инхалации стандарт, во еден месец испи трицеф, амлацин и панцеф, таман ја опраив ја пуштив за три дена пак спушти бронхит, веќе џабе ја носам на секаде, последно во систина ја носев, таму ми реакоа иако има бактерии да не третираме со антибиотик дека тие бактерии не се страшни, еве ја стварно се оправи и без антибиотик, само малце поспоро, единствениот лек е неидење во градинка , сега е дома и е каде каде подобра, поткашлува уште, ама дома си е дома, редовно чистиме нос, два пати на ден и прскам ацидосалус уште праиме инхалации два пати на ден, ја вадам кога е чисто надвор обавезно на воздух и искрено веќе ми е страв да ја пуштам, пишував и во друга тема, последен совет беше да седи уште еден месец дома и инхалации со пулмикорт 4 месеци до јуни како заштита, затоа што брзо спушта на плуќа
Да и мојов дома кога седи не се разболува жена го чуваше една година воопшѕо не се разболе на сред зима сладоледи јадеше лани гајле нема, али во градинка три дена и четвртиот ден е затнат со мрсули.... И Да не треба антибиотик нпнстоп ама еве кај вас спушта кај нас на средно уво и фактички следната состојба после мрсулите е болница...јас незнам за вас ама ние сме веќе при крај со нервите по дома само се бркаме де со физиолошки де со спрејови само чистиме дуваме....ако набројам што све мудавам за имунитет треба до утре да пишувам јас незнам какодругиве деца се здрави само нашиве вака....
Испадна моиве имаат бактерии. Малиот има стрептокока во грло и хемофилус инфлуенце во нос, а малава само стрептокока во грло. Од јануари кога прележаа и двајцата сипаници цело време се болни. Ептен им падна имунитет. Многу касно им испитав брис, сигурно од тогаш ги имаат бактерииве. Веќе нз колку антибиотици имам купено, де за едното, де за другото. Со лекоклар нон стоп ги лечеше матичнава. Е сега искуства кажете за овие бактерии... Страшни се мн? Зедовме капки рифампицин 3×1 и со тоа ги лечам. 10 дена терапија. Тешко било со ова градинкава, повеќе дома седат одколку што одат.
Вакцинирани се со превенар? Инаку лекокларот е ужас од антибиотик, на толку нови лекови, лекоклар даваат докториве... Јас би дала панцеф да се исчитат.
Кај син ми инфлуенца од нос, лечена со доза цефалексин (правилно испиен ама не бил доволно јак), премина во уво. Запаление на уво имаше, орл даде лекоклар и трицеф. Плус локално левуно. Од панцеф доби уртикариа.
Лекоклар им даде пред да им испитам брис, заради покачени леукоцити. Два дена се здрави, една недела болни и само се вртиме во круг. А за бактерииве само капки ми рече. Патем и капкиве ги има само во една аптека во Прилеп, се прават по порачка. Колку се ефикасни нз, ќе видиме по 10 дена. Исто и јас имам хемофилус инфлуенце и нон стоп сум болна покрај нив. Не се издржува ова веќе.
Пред скоро 2 месеци малата, 20месеци возраст, имаше стрептокока во нос, од симптоми само жолт секрет. Третирав со хлорамфеникол. После 1 месец имаше висока температура, излезе хемофилус инфлуенце. Ради високо црп и температура пиеше панцеф. Се стабилизира кс, но еве деновиве пак има прво прозирен секрет а еве денес и жолт. Дали е пак некоја бактерија? Бидејќи пиеше панцеф тогаш ја прашав матичната дали треба и локален антибиотик рече не, доволно е сирупот. Е сега имам дилема дали пак треба да проверам брис или капки/маст?
После антибиотици едни бактерии умираат други се размножуваат. Јас би одела со Ацидосалус, Диво оригано и Тобрадекс капки ако нема други симптоми.