Бактериска инфекција рекоа на Козле. Барав капки наместо сируп рекоа само ќе сме замаскирале. Сериозно дали на некој му поминала бактерија со капки само? Да знам за друг пат. Многу поделени мислења имаат педијатриве, човек не знае кого да слуша па уште грижа на совест ми набија.
Се надевам дека не згрешив што го дадов. Остснува да видиме дали ќе делува сирупот. Фала на убавото објаснување. Мене логично ми беше локално да де проба но тие беа упорни на став дека бактерија во нос не сњ третира никако, па од стрептокока премина на деуга бактерија и воопшто не изгледаше дека ќе помине само од себе
Ние прв пат правевме брисеви откако тргна во градинка. Ги правиме кога после недела дена не поминува или се влошува. До сега на сите 4 брисеви од нос имала бактерии, не се случило да излезе чист брис, а во грло немала никогаш. И никогаш не сме третирале бактеријата во нос со антибиотик и ја снемувало без терапија, само со спрејчиња, крвната слика секогаш ни укажувала на вирусна инфекција. Е сега има бактерија во нос, има секрет и многу кашла, крвната слика и е добра ама сиптомиве не верувам дека и се од хемофилусот. Правевме пнеумослајд излезе некоја друга што не се фаќа на брис и си почнавме антибиотик. Така да, не знам што да кажам за педијатрите, ако дете се мачи со секрети или кашлици долго време и нека е со уредни резултати има да испитуваш и да пробуваш дур не го излечиш. Јас сум многу разочарана, добивам чувство дека не не третираат индивидуално, па дури не знам дали е ова по протокол, те гледа само во моментот, воопшто не ја зема целата клиничка слика во обзир.
Ја имаа таа турската замена, помага. Јас искрено за густ зелен секрет во нос, не прашувам доктор, одма ставам локално цитерал за 3 дена проаѓа
Еднаш кога стававме му помина ама оди во градинка веќе трета година и стално си има некоја бактерија. А ако има негативен брис од грло не значи дека е чисто, не се фаќа секоја бактерија на брис затоа и многу искусни доктори не прават крвни слики туку може да препознаат бактериска од око. Се почнува веднаш со антибиотик ако нема време за чекање, па кога ќе стигнат резултатите се менува ако има потреба. Не е едноставно, си треба индивидуален пристап, секоја состојба е различна.
@KuklickaSk @Skyler фала ви многу на споделени искуста и совети. Против сум користење на лекарства на своја рака но очигледно здравството ни е отидено. Имам чувство дека згрешив што го почнав антибиотигот но згрешив и што послушав педијатар. Требаше да пробам со капки прво. Бидна веќе памет за друг пат.
Флоксимед @Nala37 различно е секогаш и не е секоја бактерија иста. Конкретно за бактерија во нос никогаш не пиел сируп, ама за бактериска инфекција на грло со наслаги со све пиел повеќе шишиња.
Сега веќе сте почнале и терај, побрзо нека поминува. Инаку и нашата матична за бактерија во нос не дава ништо. Но доколку има симптоми од типот упорна продолжена кашлица или многу секрет од нос само локално, флоксимед (цитерал) најчесто ни дава или хлорамфеникол маст. Сега веќе и сама проценувам, ако нема други симптоми, а густ досаден секрет и јас пуштам сама флоксимед 5 дена. Ама ова за поголемото. Флоксимед и јас користам откако го снема цитералот. Ок е помага кај мојов.
Големата ми немала бактерија во нос никогаш и немам искуство. Сето ова ми е ново. Памет за друг пат. Фала мама.
Мајка нека не ти е криво. Нас ни ја лечеа стрептококата само со капки за да не даваме антибиотик за на крај да ми спушти бронхит па отидовме на најјак антибиотик. Слушај доктори Мојата од стрептокока во нос качи ТТ 40ка. Едит- И јас сум против давање антибиотик нонстоп ама некогаш е подобро отколку после да си тепаш глава.
Ќерка ми имаше само мрсули зелени густи друг симптом не. Треторав локално со флоксимед капки бидејќи цитерал немаше дефицит се. И диво оригано прскав. За една недела направив контролен брис. Бактеријата веќе ја немаше.
Пиеше антибиотик и од ден на ден се смируваше кашлицата. На контрола веќе не ни кашлаше. За контролен слајд ни рекоа подобро е да помине повеќе време но ако е добра нема потреба и не направивме. Лето беше, ние пред одмор и по завршување на терапија коментарот беше слободно одете на море супер ќе и дојде.
Lele isto so toj Paskalov, nisto ne mu e i na kraj zavrsivme dva meseci vo bolnica. Sega posledno pak nisto ne mu e i od tamu pravec na orl, koga vide orl so endoskop se zaprepasti kako deteto sme go ostavile bez terapija. I jas odam samo kaj Viktor se javuvavam prvo da prasam koja smena e pa odam. Ama nekako mi se cini vo posledno vreme i on zabeguva so nisto ne e... Oci nekam da mu vidam na Paskalov
Веќе те прашале, кај кој ОРЛ одите и за кои симптоми? Јас Виктор никако не можам да го добијам еве два дена...
Некој нека ми објасни како се манифестира бактерија во нос/грло? И натаму ми оди памет веќе. Ноември месец 2 пати беше со температура, првиот пат имаше црвено грло, вториот не. Дадено беше првиот пат Амоксиклав, вториот сумамед. Декември болен два пати пак со висока температура, помина без антибиотик. Второто разболување од декември помина дури и без антиипиретик.. до 38 качуваше и сам си спушташе без сируп. Сега пред 2 дена имаше растечен нос и 37 тт. Помина, па денес качува до 39, на 6 саати.
А како на толку често разболување брис не сте направиле? А крвна слика? Високо црп и леукоцити значат бактерија. Во принцип и без овие работи гледа доктор ако грлото или ушите се воспалени за антибиотик. А во нос, зелени мрсули би рекла се индикатор. Мада моево дете никогаш немал мрсули да му течат, назад му се слеваат. А и бактерија во нос не мора секогаш да значи акутна инфекција, мојот има редовно во нос на брис без симптоми. Како и да е, доктор треба овие работи да ви ги укаже, мада и ние покрај малишаниве доста научивме..
Прегледуван беше. Еднаш имаше воспалено грло само. А крвна слика редовно на секое разболување. И првиот пат леукоцити 16 со ЦРП 42. Дадоа антибиотик. После леукоцити 6, ЦРП 16, без антибиотик. Следното не беше алармантно, не креваше толку тт, па не правевме крвна слика. Помина без лекови. Вчера на крвна слика леукоцити 4, црп 6. Пак не било за терапија, а до 39 качуваше. Сеа не качува. И да секогаш докторот кажува колку часа да помине од температурата па да се оди на крвна слика за да има веродостоен резултат. Мрсули најчесто безбојни водени, ретко зеленикави. Прашав затоа што многу некако збиени разболувањава. Си помислив да не се активира некоја бактерија која не сме ја долечиле, врска немам. Инаку брисеви не сме правеле одамна. Обично докторот и за тоа кажува ако смета дека треба. Еднаш на брис има излезено стрептокока во грло, ама ја излечивме. Од тогаш немаме земано, многу се чека за резултати.