Па ниски леукоцити обично се показател за вирус. Инаку јас брис обавезно правам, препорачал доктор или не, зошто ни се случи лани да испие цела доза антибиотик без брис, одма пак се разболе и на брисот после излезе дека бактеријата била резистентна на антибиотикот. Од тогаш, ако процени доктор и кс покаже дека е за антибиотик, почнувам, па кога ќе стигнат резултати од брис потврдувам дали е ок антибиотикот. Последно црп 129 имаше, нормално дека одма почнав антибиотик и не ми дадоа брис, ама направив и излезе стрептокока пиогенес. За оваа бактерија сметам дека секој родител треба да знае дека детето му ја има(ло), зошто не е играчка. Супер што сте подобри
Благодарам. Преку глава ми е од разболувања. Колкаво дете имаш? Нека каже некој дали после одредена возраст поретко се болни... Со докторот кога зборев, рече нормално е на 2-3-4 години да има 10-11 разболувања годишно. Лани така беше, а сеа демек поголем уште повеќе.. се нервирам што од него вируси фаќаме сите дома. Лудило човече. Памет ќе изгубам..
4 направи сега. Можам да кажам дека оваа година од 3-4, поретко качуваше температури и пократко го држеа. Уствари воопшто не се разболе од февруари до октомври. Не рачнувам ситни вирози нормално. Пиеше антибиотици од октомври до сега 3 пати, ама имаше мака со ушите, без посебно високи температури 2 пати на орл ни даваа атб бидејќи имаше болки и воспаление, а еднаш саглам се разболе со стрептококата во декември мислам. Ама полесно поминува како растат. Во градинка оди? Мојот големи крајници има и зимно време е ризичен ради тоа, во поглед на антибиотици нема многу разлика од лани..
Јас и ситни вирози рачунам. Секогаш е со висока тт. И премногу е стресно. И мојот е 4 год. Ќе скренам. Антибиотик само ако даде доктор, еднаш под притисок од свекрва и сопруг дадовме пред време и непотребно, и од тогаш не слушам никој освен доктор. Затоа што стварно докторов е душа од човек. Повозрасен е, има искуство и многу посветен е. Значи се има случувано да ни се јави да не одиме во ординација да дремеме поради гужва, па после работа он да ни дојде дома за преглед. Годинава 3 пати антибиотик од кои еднаш без потреба.
Odevme kaj Demiri vo Sistina, no ne bev nesto zadovolna. Sega sme kaj Marinela Malinova ima ordinacija sproti Zebra, super e zasega, ke vidime ponatamu.
Дали некое дете што ја имало хемофилис инфлуенца во нос и во око, било преосетливо на светлина? Не можам да го изнесам надвор, носи и очила за сонце и пак бега од светлина... Или можеби има и некој друг проблем? И дали сте ја лечеле само со капки? Тешко дека ќе успеам да му ги ставам, а докторката рече прво да пробаме со капки. Бактеријата не е резистентна само на ципрофлоксацин, на се друго е отпорна
Како лекувате haemophilus infuenca во нос кај деца? Ние сме две години денеска на брисеви ни ја покажа бактеријата. Педијатар бели не е страшно препиша само капки во нос левуно и хлорамфеникол локално и ацц за ислашлување. Имаше тт три дена од вчера веќе нема но кашла поврати шлајм еднаш вчера и носето е затнато. Читам на нет преплашена сум од бактеријава. Искуства молам
Ние ја имавме сега на последните брисеви, почна со затнато носе па со мрсули и на крај кашлање и спушти на гради па завршивме со антибиотик. Докторката во Козле ни рече дека баш таа бактерија морало да се третира со антибиотик иако е во носе. Тоа е нашето искуство.
На нет читаш за тип Б , твоето има тип А. Тип Б е страшно и за неа има вакцина HIB. Тип А не се ни лечи освен локално ако има сиптоми како твоето, ништо посебно.
Да беше Б ќе ве пријавеа во Центар за јавно здравје и би пишувало дека е тип Б и немаше да поминете така само со локална терапија. Тип А не пишува. Секое второ дете ја има.
Еве баш денес завршуваме со анибиотик. Пишував баш над тебе. Ние имавме и антибиограм и таа во нос и таа во око ги лечевме со капки-антибиотик Флоксимед, замена за Цитерал. Докторката рече најдобро е кога се става локално антибиотикот, така најсигурно има ефект.
Почнавме и ние вчера со локална терапија. Дали маста ја ставате со чепкалча подлабоко во носето или само однадвор мачкате ?
Јас користам спреј од Диво Оригано и за детето и за мене. Во зима знам да прскам и поредовно ако има многу бактерии во школо сега, а порано во градинка. Најчесто прскам ако видам дека му е затнат носот при вирус. Јас лично мислам дека му помага донекаде, ама ако почне цела група деца во градинка да се разболува или сега цело одделение едноставно чекам кога и тој ќе се разболе.
Ми препорача матичната пред и по градинка дека може да ставам. Ќе може ли слика да ми пратиш од спрејот?