Колку често го користите и колку долго, дали треба паузи да правам? И јас го користам за син ми пред да оди во градинка и кога ќе си дојде.. година и 8 месеци е.
Го користам од некои си 2-3 години на детето. Сега има 8 и пол. Ама не го користам секој ден. Во зима скоро секој ден прскам крај на пролер/лето правам пауза.
Здраво мајки Од вчера син ми е со температура висока и затнат нос со зелен секрет. Го носев кај матичната вика нема ништо вака добар е парацетамол. Јас на своја рака си направив брисеви и ккс и црп. Се беше мирно и во ред но денес се јавив во лабораторијата да прашам дали е покажано нешто зашто сме со 40 температура и ми рекоа се сомневаат на moraxella во нос. Јас резултатите тек понеделник ќе ги имам а до тогаш не можам да чекам. Матичната како и нормално викенди не крева на телефон за да прашам за антибиотик. Што антибиотик давате и капки ? Прв пат ја имаме оваа бактерија. 2 години има синко.
Ќе чекаш резултати за да си сигурна што е и дали треба воопшто антибиотик. Може да е вирусно и џабе антибиотик ќе даваш. Давај алгофрен наместо парацетамол тој е и за воспаление и за температура. И во понеделник ќе знаеш што е точно
Алгофрен е одличен сируп, само што кај нас го нема, само во Грција сум го земала, на одмор земам по неколку пакувања, само тој им спуштал висока температура, еден од подобрите сирупи.
Добар е, да. Многу пати не спасил нас и тоа од една доза само, за неколку работи, за болка во грло, за црвено уво, за главоболка е закон (тоа за мене, има и таблети исто за возрасни)
Да, има од 200, 400 и 600мг, јас земам од 600 мг, и за менструални болки исто се добри и не се скапи до 2 евра се некаде може и поефтини, да си знаеш. (Ама ги изрекламиравме, како бонбони да се )
Здраво мајки. Дали сте имале искуство со витусен осип ? Целиот е исфрлан не го чеса му правев к слика мирна црп исто а дете е цело исфрлано. Ми рекоа само по себе ќе исчезне за 7 дена. Дали вие сте давале нешто или сте мачкале за да се смири осипот
За поточни рез треба 10 дена после атб. Сум земала и после 7 дена, ама не ми покажа точно. Негативен беше резултатот на 7миот ден, а позитивен на 11ти ден. Незнаев дека треба да се почека па земав за сигурно пак